Native Instruments FM7


FM7 софтверскиот синтисајзер од Native Instruments не само што е потполно ист и оригинален FM синтисајзер, туку зачудувачки е тоа како звучат толку исто.

Па нели после инсталацијата нешто прво што правиме е пробување на однапред програмираните звуци и одеднаш што да кажам сосема исто звучи како и хардверот. Звукот е богат, звучи аналогно или warm и што е најважно е некако подлабок, за разлика од повеќето инструменти кои звучат баш "дигитално". Доколку имате некои синтисајзерите на Yamaha како DX7 или подоцнежните TG77 и TX7, видете во директориумот каде што ви е инсталиран инструментот има банки од споменатите хардверски инструменти па вчитајте ги и во случај да ги имате пробајте да видите само колку звучат исто. Ова ви го кажувам зошто сум слушнал некои луѓе кои ги спомнуваат овие синтисајзери, па дури и ги продаваат. Исто така доколку поседувате некоја хардверска верзија можете да вчитувате банки од неа во софтверската верзија.

ФМ синтетизирањето не е исто како аналогното синтетизирање. На пример аналогното синтетизирање најчесто започнува со некоја богата хармонија, па потоа со филтер да ги исфрлите звуците кои не ви се допаѓаат за да дојдете до саканиот звук. За разлика од тоа FM синтетизирањето е чисто дигитално. Таму не се употребуваат семплувани форми туку хармонијата се прави со помош на 6 оператори со што повеќе структури се обединуваат во една.

Принцип на работа на FM7
Прво на операторот му одредувате форма. Базичната е sine wave, но не е само таа туку има уште 31 други форми со различни храмонии. Потоа почнувате да обработувате другите оператори и нивните врски со другите. Потоа за крај се разбира се оставаат envelopes, velocity response, lfo, effects и real time контролите (во ред можеби звучам збунувачки но во иднина планирам да го опфатам скоро цел дел како се креира некој инструмент, односно како идат сите поврзувања но за тоа другпат). Следно нешто што би требало да го отворите е Easyedit прозорецот кој, кој дава полесна контрола врз звукот, како додавање аналогно чувство на звукот па до ADSR параметрите, lfo и др. Всушност целата работа е да експериментирате малку зошто кај FM синтисајзерите многу полесно се доаѓа до некој интересен звук. Доколку не знаете што да мрдате тогаш можете да одите на Lib прозорецот и таму и Randomize копче кое откако ќе му зададете вредност ја променува формата. Навистина добро но внимавајте не ви препорачувам да давате многу големи вредности или пак на сите параметри да додавате вредност зошто најчесто има тенденција да се добие некој лош звук.

Програмирање
Но сепак да се вратиме зошто е всушност FM7 толку добар. Кај envelope-от делот одлично е тоа што имате однапред дефинирани форми како пулсирачки лупови па до долги форми за креирање на амбиентални звуци. Следно нешто што Native Instruments го направиле одлично е модулационен матрикс односно секој оператор може да се поврзе со секој и плус да делувате со екстра контроли помеѓу нив. Па тука всушност доаѓа делот во случај да сте сакале да видите или можеби да видите како изгледа тоа хардкор. Но сепак Native Instruments се сетиле па направиле неколку упатства (од кои јас имам две) кои ви помагаат полесно да ги совладате овие техники на програмирање. Всушност сакам да кажам да не очекувате нешто како да одите на одмор туку ова е навистина тежок и сериозен инструмент.

Real Time контролери
Доколку имате клавијатура можете преку неа да контролирате различни параметри како Pitchbend и Modulation како стандардни, aftertouch, breath controller, и 2 контролери кои можете вие по желба да ги доделите, па во целост повеќе него што ни треба. Па што да ви кажам за крај освен криво ми е што од порано не го рецензирав него зошто стварно е неизоставен дел од мојот арсенал. Сакате од техно до амбиентална музика навистина секакви звуци можете да најдете. Навистина се радувам што Native Instruments го вратија пак FM синтетизирањето, и го кренаа за степан погоре, како за пример пуштете ги DX200 и DX7 банките за да видите како звучело порано FM синтетизирањето па уверете се сега како звучи.

http://www.nativeinstruments.de/index.php?home_us