Сакале или не Antares' Auto-Tune стана ефект кој "мора" да го има секој музички продуцент. Заедно со Digidesign-овиот Pro-Tools, тие станаа еден неизоставен дел од музичката продукција. Патем Antares сега направија и хардверска верзија од овој ефект, како и од Microphone Modeler. Па така Antares не седат со скрстени раце па во новата верзија 3 подобрија многу работи, а што е нешто најинтересно додадоа и визуелен поглед на тоа што сакате да го направите. Основна задача на Auto-Tune-от ако не сте знаеле е поправка на pitch-от, а со новата верзија внесоа и статичен pitch. Верувајте во Auto-Tune-от што и да правите нема да добиете лош звук. Во основа Auto-Tune-от е ефект односно plug-in кој го внесувате на некој вокал или соло инструмент и го поместувате за колку сакате ноти или октави и се разбира се тоа во вистинско време.

Па што е всушност ново
-Во новата верзија изменет му е изгледот, со што барем сега делува поинтересно, зошто ако работел некој претходно со него мислам со постара верзија воопшто не беше ефект на кој ќе му посветите повеќe време, зошто самиот интерфејс не беше баш инспиративен. Во основа ново е тоа што луѓето од Antares седнале и го подобриле алгоритамот, и уште едно интересно е што ги задржале сите стари функции.

Во новата верзија сега се сведува на вокали или инструменти. Мислам не е како останатите ефекти, туку сега има однапред дефинирани видови, како сопран вокал, алт/тенор вокал, бас глас, инструмент или бас инструмент. Така што значи луѓето одлично си ја завршиле работата. На пр. бас звук самиот ефект го детектира на 25Hz до 55Hz.

Инаку претходната верзија беше малку ограничена во поглед на моно сигнали, па затоа во новата верзија процесирајќи моно звук, самиот сигнал или звук го гледа како стерео. Сега исто така подржува и поголеми фрекфенции мислам sample rate, па така ако самиот хардвер или софтвер поддржува 88,2 или 96 kHz, тогаш верувам дека добро ќе ви дојдат.Во новата има и две нови MIDI функции, односно да го контролирате ефектот преку вашата MIDI клавијатура. Првата функција е "Target notes via MIDI", со што ефектот ги бележи нотите кои ги притискате и така во вистинско време тој ги процесира, односно ги поместува според однапред дефинираните параметри. Втората MIDI функција "Learn scale from MIDI" е функција која ќе ви овозможи местење на скалат преку вашата клавијатура. Се разбира ова е интересно ако сакате вокалот да се прилагоди на некоја покомплексна скала.

следна