Make your own free website on Tripod.com

Native Instruments Battery v1.0

Што зборат Native Instruments за Battery:

Battery носи нов живот во вашите ритами. Има за секој звук посебни параметри, моќно модулациони способности и многу лесен за користење. Тоа е брза програма, ефективна, интелегентна која користи 32 битна резолуција, подржува дури 128 ќелии по инструмент. Battery ги задоволува потребите на највисока прецизност, квалитетен звук и флексибилност. Прочитајте повеќе на
http://www.native-instruments.com/index.php?samplingline_us

Се тоа што го рекоа е точно. Навистина откако почнав да користам банки за сам да си ги креирам ритам линиите, сфатив дека Battery e навистина можна програма. Повеќе би го нарекол софтверски семплер, но му треба уште малку за да стигне до тоа.

Користење на Battery

Едноставноста како прво го краси овој инструмент, многу поедноставен од хардверски семплер. Само отворете го директориумот каде што ви се наоѓаат семпловите и со drag 'n drop наредете ги во ќелиите. Ќелиите користат стандардни ноти од C1 до F5, со што можете да ставите која сакате нота на која сакате ќелија. Тука можете да правите многу зошто секоја ќелија си е независна една од друга. Можете да ставите колку што сакате семплови во една ќелија со што ќе ги разделечите со помош на velocity параметарот. Исто е добро што можете да импортувате и банки од Akai семплерите, Reaktor .map датотеки, SoundFont .sf2, LM-4 и др.

Параметри

За секој семпл можете да користите volume envelope, pitch envelope, да го подесите sample start, bitcrusher, зголемување или намалување на формата или "shape" (некој вид на компресор), и се разбира да го подесувате семплот според темпото или tune. Ова навистина е одлично. Сега освен тоа можете да додадете и 8 real-time контролери. Исто така можете семплот да го ставите во loop модот со кој можете да направите навистина интересни и чудно форми на звуци. Значи веќе заврши таа темна доба кога пребарувавте банки на веќе семплувани ритам машини и ги користевте. Сега едноставно вчитајте една банка и на секој звук можете да го појачувате и намалувате volumeto, промена на нотата или pitch, како и да го наместите семплот да се софпадне со темпото. Значи не само што можете да користите ритам звуци, руку можете да ставите и некој семплуван синтисајзерски звук, па да го ставите во обратна насока (да и тоа го има и се прави со притискање на само едно копче).

Нешто на што би замерил е тоа што нема некои стандардни ефекти како филтери, reverb, delay. Но мислам дека нема врска тоа ако имате можена машина па со тоа ќе додавате ефекти со помош на вашата програма.

Многу интересна можност

Ако имате систем кои подржува повеќе излези, и се разбира секвенцер кои го подржува тоа, можете различни ќелии да ги ставате на различни излези. Значи некој hi-hat или snare можете да ги ставите на посебен излез па така со него да работите независно , иако имате само еден инструмент отворено. Например во Cubase SX можете да користите 16 моно излези или 8 стерео. Во Logic Audio малку потешко дојдов до повеќе излези но, затоа откако открив нема да ми верувате, можете да користите дури 64 излези да работат независно иако имате отворено само еден инструмент. Навистина импресивно а со тоа добивате само малку користење на процесорската сила.

За крај

Мислам дека Battery е одлична програма, која е еден неизоставен дел од мојот секвенцер. Само го стартувам Logic-от и за ритам обавезно го стартувам Battery-от и целиот ритам го правам преку него. Мислам дека Battery-то веќе достапно за сите бидејќи го гледам низ град дека го има.