Native Instruments Pro53

pro53Pro53 е емулација на легендарниот Sequential Circuits™ Prophet™-5 кој уште од самиот почеток стана култен синтисајзер во поп музиката. Овој виртуелен синтисајзер во споредба со оригиналниот ги има скоро сличните сонични способности со плус некои додатоци кои би ви овозможиле да дојдете до уште подобар звук. Овој синтисајзер во 80-тите стана култен со што тоа беше уште еден предизвик на NI да направат една одлична емулација задржувајќи ги карактеристиките на оригиналот како светлина, "warm" и убавина на звукот.

Нова верзија
Пред да искочи Pro53 имаше свој претходник односно pro52 кој всушност беше револуција во VSTi технологијата, односно беше меѓу првите софтверски синтисајзери кои се појавија на пазарот. Во новата верзија јасно се гледа разлика на звукот поради тоа што NI сега ги редизајнираа осцилаторите со што се доби во поаналоген и поубав звук, исто додадоа и нов high-pass филтер како и invertible filter envelope, патем вреди да се спомне дека и целиот интерфејс е сега попријатен за користење односно е зголемен и има поубава боја за разлика од претходниот.

Native Instruments NSP-Technology
Е всушност технологија која многу пати се докажа дека прави одлична емулација на легендарните синтисајзери. Некои од новите можности се: Веќе не е фиксиран бројот на гласови кои може да ги користите, сега има повеќе слотови за зачувување на звуци, MIDI автоматизација на сите параметри, подобрена ефект секција, high-pass филтер, invertible filter envelope, аудио влез, LFO-envelope retrigger, и можност да се поврзат оддеднаш повеќе инструменти.

presentsЗвуци за секоја прилика
Како и кај сите синтисајзери на NI можете да внесете банки од оригиналните хардверски синтисајзери, патем во оваа верзија доаѓаат покрај старите 512 звуци од претходната верзија која ги креираше легендарниот John Bowen кој е и еден од создавачите на Prophet 5, доаѓаат и нови 64 звуци кои се направени специјално за да ги покаже способностите на новата верзија. Патем и оваа верзија во дисплејот ги прикажува и имињата на звуците за разлика од оригиналот каде што на дисплејот имаше само бројки.

Ефекти
Вградената ефект секција која има мулти-ехо ефект, одличен chorus и flanger ефект со што дополнително го подобрува звукот, патем овие ефекти можете да ги користите и како самостојни со помош на аудио влезот со што имате можност да користите еден од легендарните филтери

Детали за новите фунции:

Осцилатори- новата технологија која ја применува NI во креирање на осцилаторите се покажа навистина одлична со што се доаѓа до звук скоро ист на оригиналот односно посветол и warm, со што NI ги кренаа за степен соничните способности на своите синтисајзери.

Интерфејс- Новите поголеми слајдер и копчиња го подобруваат изгледот на овој VSTi со што ергономијата му е на повисоко ниво, патем има и некои нови функции со што ќе треба да ги проверите сами.

Филтер- Новиот high-pass филтер кој сега со постоечкиот low-pass филтер и новата invert функција ќе ви овозможи да дојдете до поинтерсен звук со поширок распон на фрекфенции.

LFO-Envelope-Retrigger- Новиот LFO сега може да се користи и како параметар кои може да се замрзне со што ќе дојдете и до некои ритмички секвенци, а патем може и да се синхронизира и со темпото на песната

Hold- Новата hold функција ќе ви овозможи полесно програмирање на звуци со што ќе не мора да ја користите едната рака за притискање на вашата клавијатура.

MIDI- Новата MIDI-learn функција ќе ви овозможи полесно да дојдете до некоја контрола на вашиот синтисајзер, односно нема да имате потреба да гледате која CC вредност има контролерот туку само ќе треба да мрднете некој од слајдерите на вашата клавијатура и веќе ќе имате контрола врз тој параметар. Патем овие контроли можете да ги зачувате и после да ги повикувате.

Корисни адреси:
http://www.nativeinstruments.de/index.php?id=pro53features_us

Автор: Спасовски Дарко- Пацки (packi@freemail.com.mk)

©Packi 2003 packi@freemail.com.mk