Native Instruments Reaktor 4

reaktor_mainReaktor софтверски синтисајзер со неограничени способности, од семплери, синтисајзери, ритам машини и др. од сега во верзија 4.

Новата, четврта генерација на овој модуларен софтвер носи многу нови можности како и надоградба на старите. Нешто што е највредно да се напомене дека аудио "енџинот" е сега подобрен, како и конструирањето на инструментите е многу полесно.

Интерфејс

Нешто при стартувањето прво што ќе го забележуме е новиот изглед кој е многу подобрен за разлика од претходната верзија. Графиката е поглатка и попријатна за работење што е дополнителна инспирација. Од левата страна е вградениот прозорец за пребарување на инструментите и конечно од оваа верзија има и дел Favorites што навистина ќе ја олесни работата на луѓе како мене имаат преку 100 инструменти за полесно да си ги изберете и сортирате саканите инструменти. Освен тоа има и посебен дел каде што гледате кои модули или макро елементи се користени и како се поврзани во отворениот инструмент. Навистина импресивно и спасува многу време, а патем многу полесно ќе можете да ги научите некои работи кои не сте ги знаеле при поврзувањето. Исто така е подобрен и делот кај инструментите што сега нема да имате потреба инструментот при креирање да го распоредувате низ цел екран, односно сега организирањето може да го распоредите на A и B дел за полесна организација, а патем сега можете да ги минизирате деловите кои не ви требаат па да го гледате само делот со банките на тоа макро делче. Потоа делот со главните алатки каде што порано беа копчињата за број на гласови, unison, MIDI канал сега се наоѓаат на делот кај инструментот со што е за два пати намален делот со главните параметри со што се остава простор повеќе за инструментите како и при нивното креирање. Во едно целиот интерфејс е сега многу побрз и сега е организирано се подобро за разлика од верзијата 3.

Нов snapshot прозорец и нови функции за него

snapfutureОва е уште еден исклучително корисен прозорец кои верувам многу ќе се користи. Отсега освен стандардните презенти ќе можете да рандомизирате постечки или пак да комбинирате два или повеќе презента во еден што е навистина одлично ако ви треба на брзина некој нов звук. Напредок е постигнато и во организирањето на презентите што сега можете полесно да ги пребришете старите со новите како и да го споредувате претходниот звук со новиот. Исто сега можете да имате дури 16 банки со по 128 презенти со што автоматски секој инструмент може да има точно 2048 презенти, значи нема да имате потреба да зачувувате нови презенти со нов инструмент, се за да немате потреба да се плашите да не ви снема простор и слично. Native Instruments исто така го сменија и преминувањето на еден презент во друг односно со помош на слајдерот Snapshot Morphing полесно ќе преминувате од еден звук во друг со што немате да имате нагло скокање на звукот што најчесто резултира со дисторзија. Имињата на презентите можете сега директно да ги преименувате како и да ги сортирате по име. Уште корисни работа кај овој дел е и snapshot модулот кој сега можете да го ставите помеѓу кое сакате макро за да можете полесно да ги запамтите и повикувате презентите на одредени макроа.

Графички едитор

editorНовиот графички едитор кој е превземен од нивниот семплер Kontakt е уште една функција за поздравување. Сега семпловите можат графички да се позиционираат во графичкиот едитор како и да се користат базични функции што ги има секој семплер како да се одреди почетната нота на семплот, посебно конфигурирање на pitch, volume и pan параметарот и некои ситници кои се неизоставни за полесно користење и организирање на семпловите низ целата клавијатура. Патем сега можете и да внесете 32 битни семплови што за разлика од верзијата 3 можеше само 16 битно.

Изглед на инструментот

Како и во претходната верзија така и во оваа можете да ги зголемувате и намалувате инструментите, како и да ги сортирате како што сакате но отсега изгледот на инструментот можете да го го поделите на два дела А и В со што можете да на А делот да ги ставите најпотребните функции а на В делот подеталните функции што можеби нема да ги користите често. Изгледот на инструментот е сега подобрен што можете да внесувате слики како .tga и .bmp што ќе добивате поинтересен интерфејс на инструментот, и заборавив сега можете на одредено макро да ставате одредена слика што значи можете да внесете повеќе слики оддеднаш. Исто како и за сликите сега може да се има и независен дел за текст на секој модул или макро, како и многу ситници како посебен изглед на слајдерите, копчињата, самите бои и друго.

Креирање на инструменти

constructЗнаеме дека се е модуларно во Rekator-от односно секој инструмент можете да го модифицирате односно некои постечки инструменти целосно одново да го редизајнирате односно постечките фекти да ги замените со други, да додате ритам машини и слично. Од сега ова ќе ви иде полесно зошто во оваа верзија има однапред изградено околу 200 модули од базични аналогни звучни генератори до најсофистицирани ефекти и модулатори. Следен чекор се макроата кои ви служат за полесно организирање на модулите, односно можете да имате макро во макро за полесно оранизирање. И на највисоко ниво се инструментите кои можат да бидат изградени од модули и макроа.

Значи ова надоградба на Rektor-от го става на најдобро место што може моментално. Програма со одлични можности како многу подобрен звук. Како за пример земете и споредете ги инструментите од претходната и оваа верзија за да ја приметите разликата во звукот. Има многу работи кои не ги спомнав но од доле наведената адреса можете да прочитате многу повеќе, па затоа прочитајте повеќе на нивната официјална страна а и нема да згрешите ако го пробате зошто нема да зажалите.

Корисни линкови
http://www.nativeinstruments.de/index.php?id=reaktor4_us

Автор: Спасовски Дарко- Пацки (packi@freemail.com.mk)
Hear some of my tracks
http://stage.vitaminic.co.uk/main/packi/all_tracks

©Packi 2003 packi@freemail.com.mk