интерфејсSilverspike Reverb.It

Логично е дека најскапите reverb ефекти ќе направат уникатен ефект што не можат да го направат другите поефтини компоненти, но сепак денес се сменија времињата поради програмерите кои прават скоро бесплатни ефекти, а сепак одлични и лесни на вашиот драгоцен процесор, за разлика од минатото кога еден квалитетен reverb ќе ја искористеше цела ваша процесорска моќ. Но да го оставиме сега тоа, да се навратиме на еден reverb кои го пронајдов на интернет.

Сигурно веќе прочитавте од насловот како се вика. Reverb.It е одлична креација на Hans Stadtherr кој мислам дека поминал долго време програмирајќи го за да дојде до квалитетен ефект кој ќе користи малку од вашиот процесор.

Карактеристично за овој reverb што не сум го сретнал до сега кај други е тоа што има три независни еквилајзери односно прозори за одредување каде, мислам на кои фрекфенции да делува самиот ефект. Ова можеби не ви делува нешто особено, но и тоа како може да биде корисно во случај да ви креира многу ниски фрекфенции, а не знаете како да ги скартите. Уште една важна работа која би ја споменал е тоа што можете да одредите колку повторувања може да има decay параметарот, кој според мене и според тоа што го читав на интернет би требало да го користи процесорот многу повеќе од тоа колку што покажува. Но како и да е, да оставиме на Hans да си ја врши неговата работа а ние нашата и да му се заблагодариме за одличната оптимизација.

За крај би додал дека поддржува 96kHz /32 bit и можете да ги автоматизирате сите параметри.

АДРЕСА : http://www.silverspike.com

©Packi 2003 packi@freemail.com.mk