Микс
Земете две drum линии и ставет ги така да се поклопуваат. Со тоа ќе добиете некој интересен звук. Исто така пробајте на едниот од нив да му го смените pitch-от за добиете ефект како flanger.

Намалете го attack-от
Ова е одлична финта, земена од William Orbit - продуцентот на Maddona и Blur. За да добиете некој интересен звук, земете некоја гитара и намалете го attack-от, а потоа додадете reverb. Со тоа ќе добиете амбиентален звук.

Поделете ја drum линијата
Земете некоја drum линија и поделете ја неколку дела. Или ако имате програма како ReCycle која лесно се справува со семплови, поделете ја на неколку дела, а потоа разместете ги така за да добиете некој нов звук.

Времето е вистинско
За да споите два семпла кои се различна брзина, се прави timestrech, според темпото во песната кое го користите. Лесно нели.

Наназад
Да го свртите некој семпл обратно некогаш може да звучи катастрофа, но ако изберете семпл со голем decay тогаш сигурно ќе добиете интересен звук.

Бидете креативни
На интернет или на вашите дискови сигурно можете да најдете многу семплови, кои не значи дека такви какви што да ги користите, туку пробајте да додате некој ефект. Бидете креативни - тоа е најважно во музиката.

makedonski direktorium