Make your own free website on Tripod.com

Научете ги пократките копчиња
Ова сигурно ќе ви помогне во работата со секвенцерите. Па ако ве мрзи барем научете ги копчињата од transport барот.

Земете ги најновите драјвери
Изгледа дека производителите на звучни картички константно ги надградуваат драјверите. Па затоа погрижете се да ги симнете најновите од страната на производителот.

Свирете во живо
Кога снимате делови, пробајте да ги снимите сите во живо. Кога некогаш имате проблем со некој дел тешко да го исвирите, тогаш намалете го темпото.

Копирање
Пробајте некој дел да го ископирате на повеќе канали и потоа да му ја менувате банката. Најчесто испаѓе убаво со 'пад' линиите.

Направете своја песна кога се вчитува секвенцерот
Секој секвенцер си има своја основна песна. Пробајте да ја промените
такашто ќе си ја наместите како што вие сакате.

Зачувувајте и правите back-up истовремено
Проверете случајно вашиот секвенцер да не има можност да зачувува сам на некое одредено време, или да прави back-up на песната сам.

Прво аудио
Кога работите со двете: со MIDI и со аудио, пробајте прво да ги снимите аудио деловите, па наместете ги така како предходниот за да се совпаѓаат со MIDI деловите. Тоа се вика MIDI тајминг, зошто некогаш се случува MIDI-то да ви касни.

Пачови
На крајот од секоја сесија кога ќе завршите, зачувајте ги MIDI деловите во SYSEX формат. За да нареден пат кога ќе работите да не мора пак да ги вчитувате истите.

Читајте ги упатствата
Пред да поставите некое прашање за софтверот што го користите,
прочитајте го упатството што доаѓа со програмата. И видете да не има случајно при секое старување на програмата да се вчитуваат типови на денот, зошто така полесно ќе ја научите програмата.

Expression vs Volume
Повеќе MIDI фајлови најчесто ги користите со volume за да ги кренете и да ги спуштите. Но што може да се случи: Некогаш кога ј асредувате песната можеби ќе треба да ја смените јачината на звукот па така
ќе треба да го смените и volume-от. Па затоа користете го Expression контролерот. Со него полесно ќе ги менувате нивоата на звуците.

Обојте ги деловите
Многу секвенцери имаат можност да ги бојат деловите. Па користете го тоа. Така полесно ќе ги распознавате звуците.

Организирајте
Кога правите некоја песна, организирајте. Така што ставете ги аудио деловите во еден фолдер, миди во друг итн.

Други друм линии
Делови од вокали како (ах,ух и сл) звучат добро со tom, ниските басови можат да го подобрат значењето на tom-овите, или пробајте да ги дуплирате ниските басови со kick линиите.

Направете забелешка
Ако вашиот секвенцер има текст едитор, земете во него да запишувате до каде сте за да знаете нареден пат што да правите кога ќе ја уклучите песната.

Pitch друм
За етно друм линии провајте само да им го смен
ите pitch-от.

 

Кој секвенцер го користите???
Пишете на

packi@freemail.com.mk

Останати упатства

*Бидете креативни

*
Финален микс

*
Доработете го вашиот звук...