Native
Instruments Ansynth 2
Absynth
2 мислам дека е можеби еден од најочекуваните надоградби за оваа
година. Откако го прикажаа на зиимскиот NAMM искрено со нетрпение
чекав да дојде крај на јули. За тие што прв пат се среќаваат со
овој синтисајзер, тој постои уште од самиот почеток кога се појави
ReBirth но искачаше само за Mac, за најпосле да го земе Native
Instruments и да почне да го издава и за PC и Mac. Absynth изобилува
со навистина огромен избор на звуци, од луди атмосверски па се
до одлични аналогни и FM звуци. Патем заборавив да спомнам дека
има извонредни 'лупови' кои се како некоја гордост на овој синтисајзер.
Првпат
Долго
време го користам овој VSTi можеби некои година и пол, и навистина
е извонреден, за тие што првпат ќе го пуштат им препорачувам да
ги разгледаат звуците кои доаѓаат, можеби ќе заклучат дека се
помалку мрачни, но има се и сешто и сигурно ќе ви се најдат, во
случај да се занимавате со мултимедиа како правење звуци за копчиња
и слично, тогаш сигурен сум дека ќе најдете одлична примена. Пробајте
ги емулациите на аналогните виолински, бас звуци нема сигурно
да се разочарате и сами ќе заклучите дека има уникатен звук.
Еве
некои од можностите кои ќе ги најдете во оваа апликација.
Мулти-синтисајзер
со грануларно семплување
Верувајте
се во едно, аналогно, FM, грануларно и како семплер. За тие што
не знаат што е грануларно семплување. Грануларното семплување
работи врз принцип со тоа што го зима звукот и го дела на ситни
делчиња 'grains', со што секој звук посебно го процесира и се
добива убави резултати, всушност секое делче дава звук со што
се добива уникатен звук. Можеби нешто најинтересно е што можете
на секое делче да делувате со посебна фрекфенција, времетраење
и амплитуда, со што не знаете што звук ќе искочи.
Звуци
Како
што напоменав претходно има широк спектар на звучи, бас, убави
synth, одлични pad звуци, басови, FM звуци и одлични лупови од
кои навистина ќе се воодушевите.
Со самате програма доѓаат некаде околу 800 звуци, кои можете да
ги користите во скоро секоја нова, мислам повеќе електронска музика,
не велам дека нема да најдете примена во друга музика, но сепак...
Wave-форми
Се
надевам откако ќе дојдете до него сигурно ќе се обидете и да програмирате
сами некои звуци со што ќе видите колку лесно ќе оди. Можете да
си креирате свои wave форми кои нема сигурно без врска да звучат
зошто самиот дел за креирање форми е одлично математички среден,
значи однапред знаете што форма ќе креирате. Можете да создадете
од многудлабоки до многу светли форми со што ќе бидете импресионирани.
Темпо
синхронизиран
Ако
сте ја користеле претходната верзија сигурно се сеќавате дека
луповите беа фиксирани според темпото кое се направени, но отсега
од верзија 2 ќе го немате тој проблем зошто ќе се синхронизираат
според темпото на главната апликација во која ќе го користите.
Инаку ритмичките envelopes се и неизоставен дел од грануларното
синтетизирање, за да недобивате недефинирани звуци, сепак да имаат
некои ритмичка форма, што за овој VSTi се одлика колку лесно може
да се креираат вакви ритами кои како што реков сега ќе бидат синхронизирани
според темпото на апликацијата во која го користите.
Грануларно
семплување
Знам
дека го спомнав но сепак, сакам да кажам дека тука грануларното
семплување зависи од тоа каков звук вие ќе ставите, значи не е
како останатите синтисајзери со однапред дефинирани форми. Сепак
треба да имате некое познавање малку повеќе за грануларното семплување
зошто многу често се доаѓа со звуци кои не можат да се дефинираат.
Waveform,
envelope и осцилаторски банки.
Ова
е навистина одлично, од сега можете да си ги зачувувате wave-формите,
осцилаторите и останатите работи, за после лесно да си ги повикувате
само со десен клик на прозорецот каде што програмирате. За полесно
имате неколку дефинирани однапред за да видите како иде тоа.
MIDI
Контрола
Секој
параметар може да се контролира, само изберете ја CC бројката
и правете што сакате.
Вреди
и да се напомене дека сигурно очекувате со секоја нова верзија
повеќе користење на вашата компјутерска сила, но Native Instruments
навистина си ја знаат својата работа, одлично оптимизиран код,
искрено очекував поради комплексноста повеќе да бара оваа апликација,
но тие уште повеќе ја подобрија дури и ги оптмизираа некои делови
подобро, исто што приметив е и имплементацијата во Logic-от.
За
крај да ви кажам дека ова е навистина одлична апликација која
мора да ја имате.
Корисни
адреси
http://www.nativeinstruments.de/index.php?absynth2features_us
Корисничка група
http://groups.yahoo.com/group/absynth-users/