Waldorf Attack



Waldorf веќе подолго време се наоѓа на пазарот за синтисајзери, дури од 1989. Нешто прво што искочи од нив беше PPG VST инструментот 2v кој беше римејк на популарниот PPG. Но затоа новиот VSTi Attack е целосно оригинален.
Има два осцилатора, една филтер секција и delay дел. Но тоа е само едно големо чудо се што можете да правите со ритам линијата, патем можете да го користите за креирање на водечки линии како и бас линии. Attack има 24 звуци кој 12 од нив се распоредени еден до друг, а останатите 12 се распростанети низ останатиот дел од скалата, кај кој можете да го менувате pitch-от. Всушност тоа се мелодични звуци. Има 64 нотна полифонија, а и тоа дека е виртуелен инструмент значи дека има и повеќе излези од кои 2 стерео и 4 моно.
Секој звук во Attack - от е креиран користејќи еден или два осцилатора кој има вградено 6 генерирани форми кој се одлични за креирање на перкусии, а патем во секција кој го има параметарот CRACK Module, кои ќе ви послужи за модулација на амплитудата, а патем да ги спомнам и Фрекфентниот модулатор [FM] и Ring модулаторот кои се одлични за доработување на друм звуците.
Двата осцилатора можете да ги регулирате со јачина, pitch, FM, како и со филтер секцијата или пак со помош на графичкиот приказ на осцилаторите кои стандардно содржат ADSR параметри. Сега ако не ме сваќате пробајте графички да ги користите и ќе видите колку лесно се користат кои патем одлично си ја вршат работата за разлика од некои други инструменти.



Филтер секцијата содржи 6 модели на филтери - high pass, low pass, band pass, notch, low/high shelf EQ, и bell EQ. Сите имаат 12dB опсег кои можете да го контролирате со EQ и резонантниот параметар. Потоа има два оддела за delay ефект кои за секој излез работи посебно. Во основа многу е лесен за користење како што има инересен изглед (па по тоа се познати Waldorf), дави одлични звуци со одличен квалитет.
Во основа е ритам машина кој е способна да ви креира интересни бас линии. Па затоа мислам дека треба да го имате и зошто заслужува одлични оценки.


Пентиум на 266MHz,WIndows 98/2000/NT/XP и VST компатибилен софтвер

Пентиум 3 на 1GHz, 256 RAM, Turtle Beach Montego II Plus, Logic 5, Windows ME