Автоматски или Графички
-Auto-Tune-от отсекогаш нудел две опции Автоматско или Графичко оперирање. Како и во претходните верзии тие се одделени во два посебни прозори. Се разбира Автоматскиот дел е многу полесен за оперирање зошто се аранжирано логички. Во Графичкиот дел интересно е тоа што сега можете да ги наместите нотите што претходно сте ги дефинирале со што нема да имате тешкотии при работење.
-Се разбира кога средувате цели звуци Автоматскиот прозорец е подобар избор, но ако сакате да поправите некој дел од звук тогаш Графичкиот е подобар избор. Се разбира Графичкиот прозорец нуди повеќе многу повеќе задоволство од претходната верзија. Мислам во Автоматскиот прозорец имате многу повеќе можности за конфигурирање, но затоа Графичкиот дел е наменет за корекција на нотите.(За повеќе детали видете во Графички прозорец)
-Инаку и овој ефект може да биде некогаш фрустирачки, например кога сте снимиле цела строфа и сакате да поправите само дел па тоа не го собира во прозорецот за графичко оперирање. Па би требало да се погрижат за барем поголем прозорец. Како и да е Auto-Tune-от во својата класа е еден од најдобрите ако не и најдобар и единствен (ај да не го фалиме многу).
Графички прозорец
Графичкиот прозорец на Auto-Tune-от нуди попрецизно оперирање на делови од звукот. Направен е врз база на x и y оската. Така што на вертикалната се нотите односно pitch, а на хоризонталната времетраењето. Тука имате три опции. Ако сте храбри, можете сами да ја нацртате контурата (Track Pitch Contour) користејќи го "пенкалото". Тоа можеби ви звучи лесно но не е така, па затоа Antares се погрижиле па така ви дале две опции. Првата (Make Curve) ви го дава оригиналниот изглед на звукот што го користите со што можете да поправате делови кои сакате со однапред дефинирана скала. Во втората опција (Make Auto) ви дава изглед дефиниран од Автоматскиот прозорец. Сега веќе дефинираното можете да го средувате со три алатки, од кои првите две се "права линија"(straight line) и "слободна линија"(free line) а третиот е pointer. Последната алатка ви овозможува да селектирате делови од скалата па така да ги поместувате каде сакате, се разбира воопшто да не делувате на времето. Во некои случаи можете да го користите и во комбинација со Аlt/Control за поместување само во вертикална линија. Сепак некогаш оваа може да не ги среди вашите проблеми па така доаѓаат другите две алатки.
претходна