Без разлика каква музика правите techno, drum'n'bass, hardcore или пак нешто друго, секогаш има место за вокали. Се разбира процесирањето односно ставањето на ефекти врз вокалите не е ништо ново но денеска тоа стана како некоја мода. Па да почнеме.




Prosoniq Orange Vocoder е еден од најпопуларните, а можеби и еден од најупотребуваните, а патем според името лесно можете да го препознаете. Можете да го користите за модулација на некоја звук, или пак како самостоен кој ќе ви дава интерсни звуци. Има вградено аналоген синтисајзер кој е малку комплексен, а доаѓа со два осцилатора по звук, осцилатор со синхронизационен параметар, ring модулација и резонантен низок [low] филтер. Потоа има седум семплувани wave форми кои ќе ви овозможи да создавате интересни и комплексни вокодер звуци.
Останато е pitch контрола на LFO или пак на модулацијата. Потоа малата клавијатура што се наоѓа на самиот ефект служи за додавање акорди. На миксетата можете да подесите јачина на оригиналниот звук спрема носечкиот [мислам звукот што произлегува од ефектот]. Reverb фектот не е нешто особено, ставен е колку да дава некоја боја на финалниот звук. За на крај го имате графичкиот еквилајзер кои ви служи за финално подесување на звукот. Во основа може да ви звучи малку сложено но верувајте многу лесно се користи. Нешто како интересно е кога ќе го автоматизирате ефектот; на пр. главниот спрема носечкиот итн.
www.prosoniq.com


Opcode Fusion Vocoder работи на сличен начин како Orange Vocoder-от, само што има некој друг распоред според горе споменатиот. На почеток се параметрите за главниот и носечкиот[carrier] звук. Носечкиот звук има контроли за резонанција, а ако селектирате некоја однапред зачувана конфигурација, тогаш преку малата клавијатура ќе можете да си поиграте со акордите. Откако ќе наместите се преку главниот слајдер кој има еквилајзер можете да го експортувате како Lo-Fi или како Regular. Патем да ви кажам дека имам лошо искуство со него поради тоа што не е стабилен.




Prosoniq VoxCiter моментално е еден од најдобрите ефекти кои ќе ви послужи за финализирање на вокали како и останати звуци, заради многуте параметри кои ви се потребни да средите некој звук.
Прво иде Noise Gate секцијата со вообичаените threshold, hold, releas и attack, која ви служи за поправање на вокалите што сте ги снимиле низ вашиот микрофон (како ниски шумови и останато). Потоа оди EQ1, се разбира еквилајзер со high-pass, low-pass, band-pass и band-reject кој како финално во таа секција ви е јачината на звукот или gain, фрекфенцијата и Q параметарот. Секцијата со компресорот доаѓа со со вообичаените threshold, ratio, releas и attack, а патемпод него се наоѓа и sidechain функцијата која ви служи да поврзете со ефект како de-esser или некој звук со што кога ќе оди вокалот ќе се намали звукот со кој е поврзан. На крај ви доаѓа уште една еквилајзер секција која служи за фиализирање, извинете ќе ја заборавев секцијата со сатурација која служи да ви даде влажење на звукот или дисторзирање. Како сакате наречете го.
Интересно е што кај овој ефект можете да ги исклучите секциите што не ви требаат или не ги користите. Нешто што треба да се истакне е делот со сатурација која дава навистина интересни резултати.




RBC Voice Tweaker е дизајзниран за корекција на вокали или соло инструменти. Служи за transpose на pitch и хармонијата независно. Имате две октави на transpose на двата горе споменати параметри. Истите тие можете да ги контролирате преку MIDI, вклучувајќи pitchbend, модулација и MIDI gate. За вокалите имате неколку можности како париродно 'вибрато', потоа Glide и Liveliness, кај кој се вклучува LFO секцијата со шест вида на форми и параметар за фрекфенцијата. Корекцијата на вокалот ја прави солидно. Не зима многу од процесорот па затоа можете да го користите и некој инструменти и слично.
www.rbcaudio.com

Пентиум 3 на 1GHz, 256 RAM, Logic 5, Windows ME