Exciters- Вовед во психоакустични надоградби

Знам дека се што сега сум слушнал од македонската музика звучи помалку механички без некоја добра продукција, а патем текстов го пишувам од заклучокот што го добив за тоа дека повеќе луѓе кои се бават со музика, мислат дека со софтверски инструменти и ефекти не можат да дојдат до т.н аналоген звук. Сепак следниве ефекти што ќе ви ги опишам се всушност ефекти кои се специјализирани за додавање на некои плус фрекфенции во одредени делови на звучната слика. Верувајте овие ефекти се неизоставен дел во сите студија, зошто помагаат да дојдете до многу поинтересни резултати кога се работи за финален микс, патем не само за финален микс туку исто кога ги користите и при одреден звук.
На почетокот првите вистински exciter-и биле еквилајзерите, односно уреди кои работеле на принципот на додавање или одземање некоја фрекфенција со што добивате некоја рамнотежа во звучната слика. Еквилајзерите можат да ви помогната да го направат звукот посветол или потемен. Сепак има некои граници, како на пример сакате во пената да додадете малку повеќе јачина на басот но сепак не знаете додавајќи како ќе се одвива односно како ќе се одрази тоа на остатокот на песната, сепак може и тоа да се изведе со динамичко еквилајзирање но сепак е тешко. Инаку динамичкото еквилајзирање се користи во ваквите уреди за кои ќе зборуваме. Инаку едни од најпознатите се BBE Sonic Maximizer, Aphex и SPL кои повеќето користат динамички еквилазер, а некои дури имаат хармониски синтези како и phase манипулација. Секако не сите производители звучат исто, туку секој си има карактеристичен звук кој го додаваат.

Phase манипулација

Phase: е всушност сликата на левиот и десниот канал. Сигурно сте приметиле во звучните едитори дека има 'invert phase' или сл. па тоа е всушност промена на левиот со десниот канал. Пробајте на некој стерео звук и ќе видите како им се менуваат местат.

BBE Sonic Maximizer ефектот е направен да овозможи несакана phase промена на аудио сигналот, секако резултатот е интересен. Запомнете го ова дека BBE го дели сигналот на три фрекфенциски дела, и потоа додава delay до секој дел и потоа го дава финалниот звук со што се добива интересна хармонија. Овој модел кој е достапен и како софтверски ефект, делува на 150Hz со некои 2.5ms каснење, а додека од 150Hz до 1200Hz има 0.5 ms каснење. Фрекфенциите на 1200 немаат каснење но затоа ефектот користи некаков компресор/проширувач (compression/expansion) за да додаде некоја хармонија.
Инаку всушност сакам да ви кажам дека на некој начин тие не додаваат нова хармонија туку ги користат постоечките хармонии за да ги подобрат на некој начин. Или контролата дефинирана како low-end EQ служи за да го избалансирате ниските или бас фрекфенциите со високите фрекфенции. Имате и индикатор на јачината па така нема потреба да се плашите од дисторзија.
Инаку сетирањето на BBE Sonic Maximizer не е многу тешко мислам треба само да го користите слухот за да видите што може тој. Има две контроли за ниски и високи звуци, потоа контрола за влезниот сигнал и контрола за излезниот сигнал. Користејќи ја например контролата за ниските звуци ќе ви овозмоижи да дојдете до некоја светлина околу бас делот што е навистина извонредно.

Хармонии
Уште еден начин да го подобрите вашиот звук е да ја користите котролата за високи со што се содава некаква си дисторзија но доволна колку да ви го подобри делот со високите хармонии. Инаку ова прв го воведе Aphex кој за жал сеуште не сум видел софтверска верзија на овој ефект, но како и да е веќе сите ефекти кои доаѓаат во својот дел имаат 'возбудувачи' па така тие ќе ви помогната многу да ги подобрите вашите звуци.
Инаку возбудувачите најубаво е да ги користите во миксот за да ги нагласите само тие звуци што ги сакате па така ќе дојдете до многу поубава звучна слика за разлика ако ги користите врз цел микс, зошто тие не само што додаваат хармонии туку и делуваат на динамичкиот дел на песната, па затоа обидете се прво добро да ги искористите во миксот за после ако има потреба и на целата песна. Сега секако тоа зависи каква музика правите, како на пример ако правите музика во која користите вокали тогаш обидете се да го користите на водечките. (Ова е многу добра финта зошто еве што се случува: Земете го албумот на String Forces и пуштете една песна (не ми текнува во моментов) и ќе видите како на моменти се губи женскиот вокал позади музиката, а на делови е добар, сепак тоа може да се среди и само со компресор но и возбудувачите ќе ви завршат одлична работа со што ќе ви го донесат вокалот понапред од останатите звучи, но сепак тоа не е единствен фактор, зависи и од други но за тоа прочитајте во некои од претходните текстови и ќе видите за што ви зборам).

Динамичко филтрирање
Веќе неколку години SPL опстанува на пазарот со Vitalizer тоа е исто така одличен ефект кој ќе го прочитате во листата на многу студија. Секако тајната на овој уред ја знаат само луѓето од фирамата, но за што всушност се работи се еквилајзери, кои се поврзани и создаваат некакво си динамичко филтрирање. Процесот работи со процесирање на звукот што вие ќе му го дадете. Во основа овој уред е малку покомплексен така што например додава звуци на ниските делови па ги отсекува средните-високи за да пак на високите додаде некоја хармонија, но нели во тоа е тајната. Инаку слушајќи ќе видите дека овој уред повеќе делува на целиот спектар на песната па всушност цела работа лежи во психоакустиката. Инаку овој уред е омилен кај поп продуцентите.

Користење
Кој вид на возбудувач да го користите, тоа е според вашиот личен вкус. Без сомнение хармониските возбудувачи можат некој стар звук да го претворат во навистина нешто ново. Инаку кога ги користите, секогаш покрај себе имајте спектарен анализатор за да видите на кои делови сте делувале и дали имате некоја дисторзија. Инаку кога анализирате повеќе забележувајте го делот кај високите фрекфенции зошто возбудувачите најмногу таму делуваат, ова ви го кажувам зошто некогаш можете да делувате само на некој дел каде што има само повеќе шумови па затоа внимавајте. Инаку во светот на возбудувачите постои една поговорка која вели дека 'Помалку е подобро'. Како и да е најверно е да ги користите вашите уши за да видите случајно да не сте ги нагласиле некои делови повеќе па така да добиете повеќе пиштење отколку убава хармонија.

Психоакустика
Еден многу важен психоакустичен принцип е базиран на фактот дека перцепцијата на аудио спектарот се менува со тоа што слушаме погласно. Ова е опишано во книгата на Fletcher Munsen кој вели дека ако слушаме погласно повеќе се истакнуваат ниските и високите делови, за разлика ако слушаме потивко тогаш ги слушаме повеќе средните звуци кои се подоминантни. Користејќи еквилајзер за да ги скаратите средните фрекфенции за да ги нагласите повеќе ниските и високите се користи кај хај-фај системите. Инаку Aphex процесот е базиран на психоакустика.