Помина веќе година и пол откако Stinberg ги издаде GRM Tools. Откако ги издадоа големи продуцентски имиња како Butch Vig (продуцентот на Garbage), Jean Michael Jare и др. ги оценија одлично поради тоа што даваат звук како ниеден друг ефект досега.
GRM Tools 2 се куп од real-time ефекти кој се способни да редизајнираат стерео или моно звуци, плус тоа ви нудат еден куп на контроли, како и Super Handle прозорот кој е креиран за полесно да ги користите ефектите.
- Прв е Reson. Тоа е всушност резонантен филтер кој ви овозможува да ги контролирате band-pass, high-pass и low-pass. Резонанцијата на филтерите има опсег од 59Hz до 15kHz, а патем има и контрола ако сакате да го наместите самиот ефект да 'шета' низ тие фрекфенции. Во основа одличен ефект кој може да ви креира звук кој ќе ви ги прати вокалите.
- Следен е Doppler ефектот кој ако не сте го сретнале до сега (единствено кај ефектите на Waves), служи за да го создава звукот како да доаѓа од далечина па назад и така натаму. Всушност како Брат Љубе се вози во Сухој и ви доаѓа од далеку, па сега е над вас па сега си оди :))))))))))))).



- Трет е Freeze. Служиза свирење на некој loop, и кога ќе притиснете на копчето freeze тој произволно замрзнува дел од loop-от и почнува да креира интересни комплексни звуци. Или пак користејќи го Super Handle параметарот, можете да ја наместите големината на повторувањето. Кај контролите можете да најдете како да го синхронизирате звукот со песната и времето на повторувањето.
- И на крај е Delay ефектот, кој ви овозможува да користите 128 варијации на delay, со што ќе креирате ефекти како delay multiplicator, feedback, reverb, revers reverb. Потоа можете да го раширите delay-от да ли сакате да оди на лева или пак на десна страна или пак и на двата различно. Внимавајте играјќи со него можете да направите глупости, затоа бидете нежни со него за да ви дадат добар звук во песната.
Во основа одлични ефекти, кои имаат извонреден изглед, даваат одлични звуци и плус нема ништо слично на нив. Мана им е што се многу зависни од процесорот и RAM меморијата. Понекогаш можат и да создадат неотребна бучава, но затоа споменавме дека треба да бидете нежни со нив
.



www.steinberg.net


Пентиум на 266MHz,WIndows 98/2000/NT/XP и VST компатибилен софтвер

Пентиум 3 на 1GHz, 256 RAM, Turtle Beach Montego II Plus, Logic 5, Windows ME