ИСТОРИЈА НА КОМПЈУТЕРСКАТА МУЗИКА

Во комјутерската музика не било се толку светло како што е денес. На пример кога во 1983 година се појави Prophet кој со себе за првпат имаше имплементирано MIDI. Во основа во тој период тешко кој од музичарите го имаше до крајност разбрано што е всушност MIDI. Во тој период тоа беше начин само како да поврзете повеќе синтисајзери одеднаш. Односно музичарите тоа го сватија како да се добие подобар стринг или покомплексен.
Веднаш по претставувањето на MIDI-то се појави Sequential Circuits (создавачите на Prophet и еден од основоположниците на MIDI-то) го претставија Sixtracks - првиот multitimbral MIDI синтисајзер. Како олеснување заедно го претставија и софтверот направен за Commodore 64 комјутерот кој подржуваше 4000 ноти за складирање. Па така се роди револуцијата во комјутерската музика. Во меѓувреме веќе постоеја комјутерски базирани синтисајзери на Fairlight и New England Digital (производителите на популарниот Synclaver), но тие во тоа време чинеа 200,000 долари. Па затоа не беа достапни за пошироката народна маса.
Во тој период Commodore 64 комјутерот беше одлично прифатен во Англија, за разлика во Америка владееше Apple кој веќе го имаше надградено во Apple II. Тие во Америка водеа одличен бизнис поради тоа што имаа склучено ексклузивен договор со The Beatles, кој им траеше до средината на 90-ите, со што макинтошот стана некаков си стандарт во комјутерската музика кој трае и до ден денес.

Има една интересна случка во раните 80-и кога познатиот производител на звучни картички за Appel-от ALF Production издаде на пазарот звучна картичка со која еден познат музичар покажуваше како гитарата му е приклучена во комјутерот и преку него прави се. Всушност насловот на кампањата беше "Музичка картичка која ве претвара во рок ѕвезда".

Во текот на тоа време компаниите веќе почнаа секоја да си оди на своја страна со што почна да се издава секаков софтвер, од нешто интересно и најдобро до нешто без врска. Нешто најинтерсно беше што во тоа време се појави Sonus Super Sequencer 64 кој нудеше дури 8 траки за секвенцирање и работеше на Commodore 64.

Инаку и пред тоа визионерите како Gerhard Lengeling признаа дека првиот човек кој го создали секвенцерот кој бил со 6 траки за секвенцирање(повторно за C64) бил Jellinghaus кој го направил во раните 80-ти години, пред да го создаде 12 тракниот секвенцер. Во тоа време за првпат ќе се појави и Steinberg кој ќе го понудат својот прв продукт. Jellinghaus во тој период ќе го создаде и првиот MIDI интерфејс кој ќе биде дизајниран само за Sinclair Spectrum и C64. Wolfgang Jellinghaus во тој период ќе рече 'to bring musicians to the computer was not easy at all in these days'.

Од другата страна Америка веќе беше многу понапред од Англија со што компаниите како Voyetra веќе нудеа ефтини компјутери (IMB-PC) кој доаѓаа со Sequencer Plus кој за тоа време имаше одлични можности како недеструктивно квантизирање, интересен изглед. Одлично зошто тоа беше уште времете кога се појавуваше DOS.
Други Американски компании за софтвер како DrTs кои во тоа време беа познати по веќе докажаниот снимање на траки со помош на друм синтисајзер, чудно беше што тие се решија да влезат во пазарот на комјутерско секвенцирање. Инаку тие се појавија со софтверот Mastertracks Pro.

Уште една одлична компанија што се појави во тоа време беше Opcode која се претстави со Sequencer 2.5 и Cue. Но за жал тие ќе бидат купени од позната компанија Gibson со што ќе станат само историја. Интересно е и тоа што го создадоа Open Music System-OMS кој и до ден денес е вграден во макинтошите единствено со појавата на верзијата 10 на Mac оперативниот систем мислам дека веќе OMS ќе биде исфрлен од употреба. Инаку и до ден денес музичарите го подржуваат овој вид на протокол.

Кога веќе зборуваме за успех негде во 1987 година ќе се појави и Cakewalk кој во тој период Roland ќе сака да ги купи но ништо не испадна од тоа. Инаку до 1993 година Cakewalk во Америка беше најпродаван софтвер кај компјутерски ориентираните музичари.

Во Америка и Европа конечно дојде најголемата револуција. Atari во тој период конечно како стандард го имплементираа MIDI портот. Atari-то имаше извонреден изглед во тоа време. Се разбира тогаш мислам во 1987 godina Atari 1040 веќе работеше на 16 битен систем. Инаку за прват музичарите можеа да играат игри и да прават музика. Се разбира кој можеше да си го дозволи тоа. Во Англија 50% од продадените Аtari компјутери ги користеа музичарите за разлика во Америка каде 90% го користеа за игри. Мислам во тоа време Аtari-то беше познато како ST.
Се разбира Atari-то немаше да биде толку познато во тоа време ако за него не правеа софтвер најпознатите компании во свет Steinberg и C-Lab, кој денес попознат како eMagic.

Германија доаѓа

Формирани во 1984 од Karl Steinberg и Manfred Rurup, Steinberg прво се појави со една мала програма за C64 која се викаше Pro 16, за после две години да ја издаде Pro 24 која во Англија ќе стане еден од водечките секвенцери, а воедно и ќе влезе во светот на Макинтошите.
Во 1982 е формиран C-Lab, кои уште од самиот почеток ќе имаат успех со Supertrack секвенцерот за С64. Всушност C-Lab беа само дистрибутери на Dr Gerhard Lengeling и Chris Adam, кој понатаму односно во 1986 за Atari ќе го издадат Creator. После него ќе се издаде Notator кој всушност ќе биде Creator. Но сепак тогаш за првпат ќе се воведе real time интерактивно пишување ноти, со што овој секвенцер ќе стане избор на многу музичари. Неговата следна реинкарнација ќе биде Logic кој за првпат ќе се издаде во 1993 всушност тогаш и компанијата ќе се преименува во eMagic кој уште кога се преименуваа ветија големи новости.

Во меѓувреме Steinberg односно во 1989 ќе го издадат Cubase. Тоа ќе биде многу лошо зошто уште од самиот почеток пазарот ќе биде преплавен со кракувани верзии на Cubase. Steinberg дури ќе имаат споро со една компанија зошто првото име му беше Cubit а во тоа време веќе имаше компанија која ќе имаше регистрирано тоа има, па потоа ќе имаа големо судење за на крај Steiberg да изгуби и тоа многу.

Така до средината на 90-тите Atari и Cubase/Notator владееја на пазарот кога во тој период ќе се појави direct-to-disk снимање. Steinberg уште од самиот почеток ќе биде заинтересиран за тоа, дури и самите ќе истражуваат со што подоцна ќе го имплементираат во својот секвенцер. Но за да не ги тужат бидејќи веќе две познати фирми го имаа овој патен заштитено Steinberg мораше да ја преименува фирмата од Steinberg Research во Steinberg Hard und Software.
Иако на пазарот доминираше Atari-то бидејќи сите музички програми се правеа најчесто за него, сепак и нему му дојде крајот. Иако повеќето од корисниците беа базирани на Atari-то и PC-то, сепак музичарите веќе почнаа да инвестираат во подобри машини како Mac-от кој полека го зазимаше местото како идеална машина за музичари односно за работа. Иако и ден денес во некој од најпознатите студија може да се види како некој програмери го користат за музика.
И така се си остана исто се додека лидерите за секвенцери не почнаа да имплементиираат аудио подршка па така Cubase стана Cubase Audio а Logic стана Logic Audio. После тоа следна револуција беше Cubase VST кои се појави во 1996. Тогаш веќе секвенцерите имаа за првпат имплементирано ефекти како reverb и delay. За покасно тоа да прејде во VST 2.0 кој денес се состои од виртуелните синтисајзери кои имаат одличен квалитет. Кои со помош на нив со малку поголема процесорска сила многу повеќе RAM меморија и малку фантазија можете да направите што сакате.