Antares Kantos v1.0

Ова е прв виртуелен ефект од Антарес, после постигнатиот огромен успех со Auto-Tune-от. Се надевам дека се сеќавате на Auto-Tune-от ефект кој за првпат доби популарност употребен на една песна на Шер кој од тогаш постигна одличен успех, така што денес е неизбежен кај сите продуценти, патем Antares имаат направено и хардверска верзија на Auto-Tune-от. Сега Antares користејќи ја нивната Pitch технологија го направија Kantos- чиј синтисајзерски 'енџин' не е воден од MIDI туку од аудио сигнал, кој понатаму во реално време можете да му ја менувате вредноста дополнително.

Интерфејс
На почетокот можеби не делува нешто особено или можеби поради многу затемнетиот интерфејс нема да ви делува интересен, но сепак ако ви треба уникатен звук тоа без грешка ќе го имате уште со самото прегледување на однапред програмираните банки.
Во самиот Kantos се вградени два осцилатори кои се движени од wave форма која можете да ја изберете од менито, ја има и основната sine форма како и noise форма. Миксетата овозможува контрола на главниот звук, потоа на двата синтетизатори (осцилатори), на noise звукот и на крај се контролата на целиот микс од претходно наведените контроли и дополнителниот delay ефект како и подесување на јачината на влезниот сигнал. Ова во основа би било како патува звукот во целиот ефект зошто распоредот на секциите не е како кај повеќето стандардни ефекти, со што на прв поглед може да не знаете што правите. Освен овие главни контроли тука се и конвенционалните филтери и амплитудни модификатори кои преку едноставниот и лесен за користење модулационен матрикс лесно може да делувате на секоја секција. Всушност просто кажано Kantos-от просто кажано се однесува како секој вокодер кој како што реков нема да ги најдете стандардните контроли туку, тука ќе се сретнете со многу нови контрли кој едноставно еден аудио сигнал можат да го направат да звучи како полифоничен.

Звук
Аудио сигналот кои ќе го користите со Kantos се препорачува да биде монофоничен, значи едноставен зошто како што реков знае да создаде многу комплексни хармонии, исто така треба да ви биде барем колку-толку гласен зошто на ниски сигнали нема да слушнете се што може да направи. Патем пробајте да ставите некој полифоничен звук како некој ритам loop за да видите кој 'хаос' ќе направи од него. Пробајте некој гитарски звук или звук од некој синтисајзер за да ја видите можноста на овој ефект.
Освен тоа што ќе користите монофоничен сигнал исто така тајната за да добиете убав звук е и во подесувањето во Input и Gate Generatorot секцијата која се наоѓа во горниот лев агол. Тука всушност се и главните контроли каде то го конфигурирате влезниот сигнал, а после се натаму што ќе правите е дело на синтетизаторите. Тука треба да го подесите влезниот сигнал, зошто, зошто ако не го наместите од каде да делува ефектот лесно можете да дојдете до пиштење. Цела поента е во Floor параметарот кој во буквален превод би дошол нешто како noise gate односно подесување на амплитудата на делување.

Ефекти, артикулација и амплитуда
Ефектите знаеме дека може навистина да го искористат вашиот процесор до максимум па затоа Antares ставиле само delay и chorus, а додека реверб ефектот го оставиле вие сами да го изберете според потребата, како еден од ефектите кои бараат повеќе процесорска сила. Инаку delay ефектот делува на целиот микс, за разлика од chorus кој може да го користите посебно на секој осцилатор.
Артикулацијата технички гледано е многу комплексна операција, но Antares тоа го решиле многу лесно само со една x/y оска која лесно може да се модифицира со помош на едно топче кое ќе го движите низ оската. Овој ефект кога ќе го уклучите на noise или пак на осцилаторите ќе добиете некаков си робот ефект кој делува интересно на вокали.
Секако ниеден синтисајзер не е синтисајзер ако нема LFO и тоа Antares многу убаво го решиле со тоа што додале модулационен матрикс преку кој лесно ќе можете да додавате мултиформатски LFO, односно ќе можете да делувате на кој сакате дел.

Во пракса
Користејќи го Kantos навистина заглавив првиот пат поради комплексноста која е зададена на самиот прозорец што неколку пати ме натера едноставано да го исклучам, но ми текна да го употребан на гитари, или вокали за да видам повеќе што може да направи, е тогаш се изненадив како може да делува поубаво за разлика од друм лупови. Навистина додава некои интересни ниски хармонии, но пробувајќи да не изгледа толку мрачен звукот не успеав да дојдам до некој посветол звук иако ги наместив вредностите на највисоко. Патем мислам дека непотребно го искомлицирале на некои делови со што менувајќи вредности на некои контроли како да нема никаков ефект. Сепак Antares повеќе посветиле време да направат уникатен изглед отколку уникатен звук, но како што реков одлично делува на гитари и вокали со што им додава природни хармонии. Но како што напоменав на почетокот ќе треба да внимавате на влезниот noise gate делот.
За крај сепак Kantos дава квалитетен и уникатен звук но според мене мрачен, но за тие што сакаат да експериментираат со синтетизирањето, тогаш повелете имате одлична можност.

Корисни адреси
http://www.antarestech.com/

©Packi 2003 packi@freemail.com.mk