Ableton Live 3

главен прозорAbleton Live стана еден од најдобрите програми за настапување во живо, а освен тоа одличен е и за користење како loop- секвенцер за аранжирање и конструирање на семплови.

За тие кои не се запознаени со Live можат да ја прочитаат претходната рецензијата за верзија 1.5 на https://packimk.tripod.com/recenzii/live_15.htm ( за поблиску да се запознаат со неа, а моментално ќе ги опфатиме само новите функции во верзија 3 и некои работи кои не би требало да ги изоставиме иако ги има уште од првата верзија.

Оваа програма овозможува лесно да се справите со семплови со различна брзина и нота, нешто како Sonic Foundry ACID но Ableton Live ги носи тие функции во многу подобра фаза, со тоа што нуди многу подобри ефекти, исто така има одлична подршка за VST за разлика од ACID- от.

Оваа верзија нуди некои навистина одлични работи или како што викаат од Ableton: “ Сега корисниците ќе можат повеќе да навлезат во семпловите ” или поточно сега ќе можат полесно да делуваат на volume -от, pan- от и pitch- от на еден семпл, или Ableton сето ова би го нарекол “Clip Envelopes”. Поточно сите овие работи можете да ги внесувате преку вашата MIDI клавијатура, поточно јачината, pan- от и останатите работи ќе можете динамички да ги внесувате што мене пријатно ме изненади, иако солго ја користам оваа програма никогаш не го користев но откако ја гледав презентацијата на последниот NAMM ( можеби најдобар саем за музичка технологија во светот поточно се наоѓа во Лос Анџелес http://www.namm.com ). Патем би спомнал дека сето тоа е velocity sensitivity, што се зависи од динамиката како вие свирите.

Од оваа верзија исто така има 4 нови вградени ефекти Resonators, Compressor II, EQ Three, Utility и се разбира претходните од верзија 1 и 2 со што навистина имат еодличен избор на се што сакате, патем сите параметри можете да ги автоматизирате, истото важи и за VST ефектите.

Би ги споменал исто и некои други значајни ефекти од претходната верзија:

loopErosion- е ефект кој на некој начин додава каснење на звукот и плус на тоа додава noise или sine звук по ваша желба.

Grain delay кој е навистина уникатен. Grain delay е ефект кој го дели звукот на мали делчиња или grain's или поточно ова е навистина меѓу последните технологии кои создаваат навистина одличен звук. За пример слушнете ги Mailstorm или пак Absynth ќе видите што се може да направи ова синтисајзерска технологија.

Filter и Ping-Pong delay- се исто така одлични ефекти кои еден од друг се разликуваат по тоа што Filter delay- от може да делува посебно на лев, десен и централен delay за разлика од Ping-Pong delay- от делува исклучиво на цел звук.

Има и некои останати стандардни ефекти што ги има во повеќето програми па затоа мислам дека нема потреба да се објаснуваат.

Следно нешто што би спомнал кај верзија 3 е:

-Consolidate командата која веќе расцепкани секвенци на повеќе траки може да ги спои во една, се разбира за полесно организирање.

- Clip Settings има нова фунција, односно сега семплот можете да го вчитате директно во RAM меморијата за побрзо стартување, за разлика од верзија 2 каде имаше само можност за вчитување од тврдиот диск.

-Уште една (меѓу многуте подобрување) што би спомнал е користење на веќе постојаните сетирања на еден семпл да се заменат со друг. Ова е навистина одлично доколку се најдете во ситуација како мене. На пример сте конвертирале AKAI диск и сигурно сте приметиле дека на повеќето семплови самата програма за конвертирање ви додава дополнителен звук, па еве каде е олеснувањето- ја дефинирате брзината на семплот и потоа само му правите замена со друг така што новиот семпл ги прима конфигурирањата од предходниот. Навистина извонредно според мене а и верувам дека на многу луѓе ќе им се најде оваа функција.

снимањеЗначи и оваа верзија како и претходните е неизбежна, навистина одлична надоградба за верзија 1 и 2 за веќе постоечките корисници или пак за тие што до сега не сте ја пробале ова верувајте ќе ви донесе дополнителна инспирација зошто може многу да направи, а патем бидејќи е направена најмногу за живи настапи верувајте до сега не ми се случило да ми падне или слично, навистина одлично е средна цела програма.

Патем ја пробав во Rewire со Logic Audio 5.5.1 ( Со новиот SX2 немав шанса но верувам дека одлично ќе работи. Се што има да кажам дека е моментално можеби најинтересната програма.

 

Корисни адреси
www.ableton.com

Спасовски Дарко (packi@mt.net.mk)
Портал за компјутерска музика
http://packimk.tripod.com

©Packi 2003 packi@freemail.com.mk