Логички
поглед на Cubase SX
1
Јули, 2002 е ден кој ќе ги запаметат сите корисници на Logic Audio
на PC платформа. Обично го викаат "Black Monday", односно
понеделник кога Apple и eMagic ќе го најават своето здружување.
Што е поентата на Apple не знам, но едно знам дека Apple сега
има машина која ќе претставува мултимедијален ѕвер. Заедно со
Final Cut Pro (програма за видео обработка која ја снајде истата
судбина) и Logic Audio преставува компјутер кој може да ги задоволи
сите потреби на еден професиналец. Инаку веста многу ќе ги удри
корисниците на PC зошто Logic паралелно искачаше и за PC и за
Mac уште од 1983, нема да ми верувате, но форумот на Yahoo групите,
само за Logic цел месец корисниците на се жалеа за тоа што го
направи eMagic. Но сепак има 'решение' со што Apple им понуди
на PC кориниците бесплатно преминување од PC на Mac, но се разбира
вие ќе треба да си копите компјутер од Apple.
Искрено
многу ме погоди веста за продавањето на Logic, зошто го користам
веќе 4 години дури од верзијата 3.5. Да не зборам колку бев привразан
кон него, смејте се но Logic можеби не user-frendly за почетници,
но штом ќе навлезето малку во него верувајте ќе го засакате.
Logic 5.3 beta, е сега искочен но ја користам верзијата 5.2, која
ќе користам уште некое време, а можеби и вечно ќе видиме. Но сепак
веднаш штом ја чув веста веќе размислував за префрлување на Cubase
SX, со што верувам ќе изгубам многу зошто начинот на кој работев
во Logic-от нема шанси да работам во Cubase SX, а да не изгубам
некој месец додека ги научам некои понапредни функции како работата,
па потоа како и побрзо да работам.
Но
после толку оддолжување еве денес ќе гo разгледаме Cubase SX,
за да видиме дали е секвенцер по избор, односно ќе го споредуваме
со Logic Audio.
Cubase
SX е нова програма, секако има некои сличности со Cubase VST 5,
но целиот код сега е напишан од поново со што аудио фунциите се
целосно позајмени од Nuendo. SX без сомневање е најдобриот, пријателски,
и најмоќен Cubase што искочил. Искрено треба да им се честита
на Steinberg програмерите кои завршиле одлична работа. Оваа програма
има да прави многу музика. Има моќ да ги контролира секаков вид
на аудио продукција, всушност добивате high-end апликација која
исто така доаѓа со квалитетни ефекти.
Нов
Аудио Код
Нешто
прво што ме задржа беше колку Steinberg се напраднал во поглед
на аудио engine-от. За тие што се нови во оваа игра, нешто најважно
е колку програмата го цеди процесорот кога е во случај да синхронизира
софтверски инструменти и семплови, особено кога тие се поврзани
со повеќе ефекти. Со Cubase SX, Стеинберг го најавија offline
audio processing, еве што е всушност тоа. Во повеќето секвенцери
кога ќе додадете некој ефект, тој седи таму и зима од моќта на
процесорот, и ако имам моќна машина која лесно се справува со
семплови и софтверски синтисајзери, но штом додадете некој ефект
е тука веќе треба да пазите. Додавајќе некои поквалитетни reverb-ови
и ефекти за модулација индикаторот на процесорот расте ненормално,
со што веќе имате шанси да добиете кликови и пуцкетања.
Кога
доаѓа време за bounce(рендерирање, микс, или преснимување со ефекти),
повеќето програми тоа го прават во real-time, односно иде чекор
по чекор за да експортува. Значи ако имате веќе некоја песна со
многу оптеретување на процесорот имате шанси пи експортување да
ви се јави пуцкетење па дури и максимално искористување на процесорот.
Тоа што го прави Cubase SX ревулуционерен е тоа што може горе
споменатото да го прави 'offline'. На пример стандардното работење
е да поставите ефекти на миксетата и така да ги користите, но
во Cubase SX тоа може да го направите во аудио едиторот, односно
еден ефект ќе ви одземе 3-5 секунди да го рендерирате, со што
го ослободувате процесорот. И патем рендерирањето е комплетно
регистрирано во програмата, за подоцна ако сакате можете да го
вратите звукот во првобитен облик.
Па
да навлеземе повеќе во аудио едиторот. Секој семпл има своја историја,
односно сите промени што сте ги правеле на некој звук можете подоцна
да се навратите на претходното, односно да отстраните некој ефект
и сл. Ова работа е одлична а патем и работи одлично. Ова е одлично
со што нема да имате потреба од многу ефекти, со што ќе добиете
повеќе траки и помалку користење на процесорот. Патем ни Logic
ни Sonar ја немаат оваа можност. Па луѓе ова е иднината во секвенцерите
дефинитивно.
Аудио
едиторот во SX е многу можен за разлика од едиторот на Logic кој
е идиотски на некој начин. Во него ќе најдете освен стандардните
аудио алатки како envelope, gate, phase reverse, time stretch,
pitch, fade, gain, normalize, DC Offset, исто така има и спектарен
анализатор. За тие што работата многу со лупови има recycle базирана
функција, која го дели звукот на еднакви делови, со што ви дава
одлични можности.
Миксетата
во SX е повеќе конфигуративен. Има различни погледи, како и да
селектирате дали да се гледаат само аудио траки, само bus-ови
и сл. Автоматизирањето на миксетат е лесно, не баш ундерграунд
како во Logic-от но е убаво. Како и да е тука можете да изберете
помеѓу 'wide' и 'narrow' изглед за секоја трака. Нема некоја разлика
помеѓу Logic но сепак звучи поинаку. Начинот на кој слајдерите
се однесуваат со звукот е поубаво, или поинтересно како да речам.
Вградени
софтверски синтисајзери. Со SX доаѓаат lm-7 друм машина, а1 синтисајзер
и vb1 виртуелен бас. А1 аналогниот синтисајзер е навистина интересен
за користење, покрај тоа што ги има стандардните филтери, исто
така може со филтерот да се контролира и модулацијата со тоа да
речам навистина има аналогни карактеристики, зошто тоа е спецификација
на некои стари синтисајзери. Vb1 виртуелниот бас звучи убаво и
може да се искористи. Lm-9 друм машината доаѓа со три банки, 909,
перкусии и т.н. "compressor" кои звучат на реални звуци.
Искрено овие банки може само во заб да ви пикнат, па да незборам
многу за него мислам дека на lm-9 ќе му треба многу време да го
стигне инструментот како Battery, но во секој случај можат да
завршат работа.
Работејќи
со инструменти од други производители можам да кажам дека одлично
се справува, патем и да ги спомнам и можноста за повеќе излези
која работи одлично, патем и Steinberg од секогаш бил верен другар
кон софтверските инструменти.
Користејќи
го SX најдов многу сличности со другите секвенцери па затоа за
базичните функции нема да имате проблеми да се снајдете. Сепак
маката доаѓа кога треба да ја најдете командата што ви треба.
Например конфигурирање на интерфејсот според стандардните Windows
базирани апликации се наоѓа под View менито, но тоа не толку страшно
ако гледате дека 'Track inspector' е одлично спремен. Со што нема
да имате потреба да одите до миксетата за да направите некои промени.
Значи во основа сега се што правите е доволно да ви биде отворен
arrange прозорот. Но сепак има некои работи кои се збунувачки,
како на пример прозорот заа квантизација кој го има насекаде и
ќе треба време да сватите некои работи. Cubase корисниците можеби
ќе им оди лесно но за почетници сигурно ќе им треба време да сватат
некои работи.
Секогаш има некои негудувања што ве тера да користите друга програма,
како на пример во Logic кога снимате нешто ако, во случај да не
ви се допаѓа само го бришете и програмата се ресетира се од поново.
Додека кај SX откако ќе снимате, а не ви се допаѓа ќе треба да
прво да го селектирате снименото за да го избришете, па повторно
да го активирате копчето за снимање, а дури понекогаш треба да
го враќате курсорот на почеток. Можеби некои работи незнам но
сепак тоа е тоа. Една работа многу ми се допаѓа е тоа што за презентите
на инструментите не мора да го уклучувате инструментот, туку сите
презенти се во листат на траки, и верувајте одлично се организирани,
дури и можете да филтрирате доколку ви треба некои одреден звук.
Десен
клик. Конечно, Cubase целосно се придружи на Windows платформата
со имплементацијата. Каде и да се наоѓате со десен клик ви ги
дава сите можности, со што заштедувате многу време, а патем за
новите корисници многу ќе им се олесно со тоа што ќе научат кои
функции можат а кои не.
Има
исто така има одличен "key editor", во Logic се вика
Matrix Editor, но Cubase корисниците можат да се гордеат со овој
прозорец. На пример во Logic можете на левото и десното и копче
можете да асоцирате различни функции, а додека во Cubase за да
смените некоја функција треба да стиснете десен клик па да изберете
функција која ви треба. Но едно што го нема Cubase е например
двапати кликнување на нотата ви се отвара event editor прозорот,
или пак двапати кликнување на празен простор во Matrix прозорот
се појавуваат сите ноти во песната(навистина ја сакам таа фунција
во Logic). Но сепак во Cubase во key editor прозорецот можете
да отворите повеќе контроли како after touch, velocity, CC и др.
Во Logic ова не може но затоа автоматизацијата е многу помоќна.
Друг
едитор е List editor, кој има функција да гледате само текст и
бројки, колку трае нотата, pitch и др. Но има некои мани како
локацијата ја пишува како 0008.01.01.000 додека 8.1.1 мене ми
личи многу подобро, но тоа ситници па да не навлегуваме многу.
Исто така да спомнам дека системот за маркери е одлично решен
па со него нема да имате потреба да уклучувате кружен мод. Само
можете да ја користите тастатурата за да скокате меѓу делови.
MIDI
ефекти
Но
како и кај секвенцерите, така и во животот, некои работи ги добивате
некои ги губите. Во SX има некои функции кои Logic ги нема, во
главно MIDI ефекти. Некои од нив се навистина одлични како Chorder(сличен
на Logic но полесен и потреба за почесто да се користи), како
и Arpache 5 арпегатор кој навистина е одличен, и можете да користите
презенти, исто така и midi ехо, квантизатор, и можеби нешто најинтересно
Step Desinger кој е сличен на Matrix во Reason-от. И како послед
Transformer кој е многу сличен на Logic-овит Transformer. Супер
е тоа што можете да ги зачувувате сетирањата па потоа да ги користите
во други траки. Но во основа ако сте биле Logic корисник верувам
дека лесно ќе снајдете, односно ќе се чувствувате како дома.
Грешки
во SX. Нова верзија на SX e 1.0.2 која сигурно треба да ја земете,
зошто во SX има стварно некои големи грешки, но сепак може да
се прости зошто сепак нова програма и не може се да функционира
беспрекорно. Има некои грешки со некои ефекти но во основа се
функционира добро. Патем ми се случило некогаш и да не сака да
се исклучи иако ја зачувува песната.
ReWire
Се
надевав дека SX има подобро решение за Reason но сепак не е. Некогаш
се случува да SX да не го контролира Reason-от па така добивате
различно темпо во двете програми иако треба да бидат синхронизирани.
Одлична работа е тоа што можете инструментите да ги свирите преку
Cubase со што не морате да одите во Reаson за да исвирите нешто,
тоа е всушност ReWire 2. Каснењето со Audigy картичката е навистина
решено. Па Reason корисници внимавјате на ова зошто ќе ви заврши
одлична работа.
Многу
добри вести се тоа што одлично комуницира и со Ableton Live. Ги
препознава сите канали и bus-ови.
Сумирање
Па
да почнеме.
Звукот е навистина добар, Клип на аудио звукот можеби нам да го
добиете толку брзо како што го добивате во Logic. Ефектите се
добри но не и одлични како кај Logic. Звукот е одличен чист, warm(влажен
или тоа е особина која ја имаат хардверските уреди).
Па
како што свативте нема некоја голема разлика меѓу секвенцерите,
па всушност и никогаш немало, во основа користет го тоа што најмногу
го сакате, тоа што ви причинува најмногу задоволство. Сите ги
имаат базичните функции, како и некои напредни, но луѓе верувајте
иако го користам Logic-от долго време има некои фунции кои уште
не сум ги открил, па во основа сите секвенцери се 'напукани' со
триста глупости кој никој не ги користи. Па затоа со кој најмногу
се согласувате тој користете го. Сега во случај да работите повеќе
со аудио и rewire и многу софтверски синтисајзери тогаш изборот
е SX, а доколку користите повеќе MIDI тогаш дефинитивно Logic
останува програма која мислам со години ќе води на ова поле. Па
искрено откако за едно две години ќе читам колку напреднал Logic-от
и во тој случај ако бидам исфрустриран тоа што го направи Apple,
можеби ќе почнам да го користам а до тогаш повремено ќе го уклучувам
SX-от и ќе го читам упатството за да научам некои функции кои
не ги знам.
За
крај откако си отиде Logic од Windows платформата SX дефинитивно
станува најдобар секвенцер моментално.
-Неограничено Undo и Redo, како и историја
-Автоматизација
-Адаптивен Track Mixer
-Виртуелни инструменти и VST ефекти
-MIDI ефекти
-VST System Link
Дали
Cubase SX ќе работи на Win98SE?
http://linux1723.dn.net/forum/Forum20/HTML/000001.html