Propellerhead Reason v2.5

Нови можности

Propellerhead официјално после неколку недели бета тестирање го пуштија новиот Reаson верзија 2.5 кој со себе носи навистина одлични можности кои можеби не се толку револуционерни како Mailstorm синтисајзерот но сепак одлично ќе го дополнат вашиот звук. Па да почнеме.

BV512 Vocoder

vokoderКако што велат од Propellerhead BV512 е напреден вокодер но сепак јас го сметам нешто како напреден еквилајзер зошто ништо друго не открив на овој ефект освен оној стандардниот вокодер звук за разлика од денешните вокодери кои се јавуваат што мислам дека е навистина сиромашен, но сепак ќе ви помогне да додадете хармонии со што вашиот звук ќе звучи интересно. Имате да избирате помеѓу 5 вида на резолуции почнувајќи од 512 (најпрецизна) па се до 32, 16, 8 и 4 делови. Всушност ова би се рекло дека е базичен вокодер со навистина одличен квалитет и висока резолуција. Но сепак ако го користите како модулатор, е тогаш се гледа вистинската моќ на ова чудо (За повеќе информации како да го користите прочитајте во упатството). Сепак додека го користев дојдов до заклучок дека многу лесно се доаѓа до дисторзирање на звукот во случај да користите многу ниски ноти. Исто така е важно да се спомене е да не употребувате звуци со многу хармонии кога го користите како модулатор, најубави резултати се добиваат кога се користат едноставни хармонии.

Scream 4 Sounddestruction Unit

scream 4Е всушност ефект кој содржи неколку видови на дисторзија. При употреба најубаво е да го користите само како ефект кој исто така е со одличен квалитет.Тој е поделен на 4 дела. Првиот делот каде што се бира типот на дисторзијата, Cut или поточно еквилајзер, Body дел каде што се главните параметри за конфигурирање, а во овој случај ништо повеќе од резонантен уред и Мастер секцијата. Во упатството имате опис на сите параметри. Инаку нешто што навистина треба да се спомне кај овој уред е Damage параметарот кој одлично ги нагласува сите фрекфенции без да создаде "peak" на сликата.

RV7000 Advanced Reverb

reverbЕ високо квалитетен Reverb ефект кој има 9 вида на алгоритми што се навистина извонредни, и ќе ги задоволи потребите на секого. Бидејќи нема потреба многу да експериментирате овој уред доаѓа со навистина одлични подготвени банки. Инаку овој ефект е поделен на 3 дела: reverb каде што ги подесувате главните параметри на овој уред, потоа EQ или еквилајзер, и на крај Gate кој ви е потребен ако сакате да го ограничите reverb ефектот. Најитересно е графичкиот изглед на додатниот прозорец каде што ги подесувате најважните параметри. Можеби тука би требало да овозможат да се користи и графички односно да се притисне на бројките и нагоре-надолу за да не се бркаат малите ротирачки копчиња од страните. Ова може да се каже како мана зошто копчињати и не им се баш нагласени и делуваат повеќе како декорација.

UN-16 Unison

unisonЕ исто така нов ефект кој всушност симулира ефект како да свират одеднаш повеќе исти звуци само со различна нота. Корисна работа.

Spider Audio Merger & Splitter

Ова не е ефект тука на некој начин алатка која може да комбинира 4 уред во еден излез или пак еден влез да го направи во четири излези. Со ова поврзивањето на уредите станува поинтересно и може да се дојде до некои интересни звуци.

Spider CV Merger & Splitter

spidersОваа алатка служи за комбинирање на еден CV излез во 4 други. Поточно ако сакате еден матрикс уред да го поврзете до повеќе уреди. Со што секако освен CV можете да го контролирате и Note CV влезот.

Освен овие 6 уреди кои се нови има и некои унапредувања на постоечките уреди поточно на еден.

Mixer 14:2

Во новата миксета од сега ќе имате можност да користите стерео send или Aux излези кои во претходната верзија беа моно. Но сепак повторно имате можност да ги користите како моно во случај да треба да зачувате дел од вашата процесорска моќ. Исто така сега AUX Send 4 можете да го користите како "pre-fader" односни како влезен ефект во случај да сакате. Потоа е унапред и делот кај еквилајзерот кој сега е подобрен но во случај да не сакате да ги изгубите конфигурирањата на песните правени во претходна верзија, од задната страна имате да смените од обична во унапредена.

Па тоа би било во главно се но сепак имам некои замерки кои уште од самиот почеток би требало да ги имплементираат. Како соло копче на ефектите или инструментите за да не мора да скокате до миксетата за да ставите во соло мод па потоа враќање итн. Мислам дека тоа е навистина болно во случај да сакате да работите на само еден звук. Можеби следно би требало да направат емулација не некој легендарен синтисајзер или пак органа, гитара и сл. Не би било лошо и да стават некои MIDI ефект како арпегатор, а секако и секвенцерот е многу сиромашен. Во некои друг секвенцер можеш за некои 15 минути да дојдеш до аранжман со сите промени, а во Reason многу потешко. Како и да е во секој случај одличен бесплатен додаток на одличниот Reason.

Корисни адреси:
http://www.propellerheads.se/

Автор: Спасовски Дарко- Пацки packi@freemail.com.mk

©Packi 2003 packi@freemail.com.mk