Користење на Reason софтверското студио

За вистински да го разберете концептот на кој работи Reason, ќе мора да се вратиме во деновите кога уште не постоеше MIDI, односно тогаш владееја синтисајзери со еден звук, кои беа контролирани од филтери и слајдери, односно тоа е законот на електронскиот shit или ѓубре како сакате наречете го. Мислам дека водечки беа синтисајзерите на Mini Moog и Korg MS20, секако дека имаше и многу други како нив тие денови. Секвенцерите во тоа време беа хардверски кутии со 16 регистри. Секвенцерот праќаше контрола на волтажите и јачините, со што сајзерите даваа звук, односно Matrix секвенцерот работи на тој принцип, односно стиснете на TAB копчето на тастатурата и ќе ги видите CV и сл. кои се потполно исти како и ова што го пишувам. Тие ноти што ги праќа секвенцерот може да се конторолираат со слајдерите за модулација, филтери, резонантери и сл. Патем во тоа време немаше каде да се зачува сето тоа додека го правите, мислам ова ви го зборам додека работите во живо.

Сега што всушност го прави Reason толку успешен, поради тоа што не враќа на контролата за волтажа (CV), односно деновите пред MIDI-то да се појави. Сега го имаме Subtracktor, старомоден аналоген синтисајзер, со CV конторола. Тие можат да бидат контролирани со Matrix, моделиран на принципот на 16 нотен монофоничен арпегатор. Потоа го имаме ReDrum, кој е моделиран според старите ритам машини со десет делови, во кој може да се внесуваат семплови. Следен е NN19 digital sampler кој е еквивалентен на хардверските семплери, потоа Dr. Rex Loop Player чие име само кажува за што е, и се разбира многу ефекти, како дисторзија, филтер, компресор, еквилајзер, reverb и delay, кој се разбира можат да бидат целосно автоматизирани.

Фактички во Reason-от се може да се автоматизира, од параметрите на ефектите па се до синтисајзерите, па дури и патерните кај ReDrum машината. Се разбира се тоа после се зачувува во една песна и кога ќе ви текне по една, или две години пак се ќе си стои во неа. Една голема мана му е тоа што не може да ги контролира надворешните хардверски компоненти.

Но сепак да се вратиме во времето пред MIDI или почетоците на 80-тите години. Замислете во тоа време типовите кои се занимавале со овие работи да ги имале сите тие арпегатори кои можат да ги употребуваат 20 или 30 пати во една песна, па дури и да уклучат колку што сакаат полифонични синтисајзери и такво нешто, верувам дека нема да спиеле со денови и би се дереле цело време.

Па што всушност сакам да кажам дека секој човек што го влучил Reason-от останал заглавен во него, да не ги спомнувам NIN, или пак еден од најдобрите продуценти на deep house-от го користи Reason-от. Тоа е всушност и убавината на Reason-от што е ефективен, а сепак многу прост за користење, патем и доаѓа и со многу банки за секаква електронска музика од Trance, Techno, D'n'B.

Работење со Reason

Кога седнувате да работите на Reason-от тоа е повеќе free-style, односно ги немате тие можности како што ги имаат големите три секвенцери- Logic, Sonar и Cubase, Мислам сакам да кажам доколку имате некоја идеја, многу тешко можете да ја изведете во Reason-от, додека кај големата тројка многу лесно можете да се справите со идеите што ви искачаат од глава. Можеби поради фактот дека не се фокусирате многу на аранжерот туку на слајдерите кои се наоѓаат на компонентите, односно на генерирање на звуци.

Користење на други секвенцери

Reason-от многу лесно се вклопува со другите секвенцери користејќи го ReWire протоколот, создаден од Steinberg. ReWire ви овозможува да го контролирате Reason-от во секвенцерот користејќи ги веќе постоечките ефекти кои се наоѓаат во вашиот омилен секвенцер.

Користењето на Reason-от како екстерен синтисајзер.

Rewire 2 е сега подржан во Cubase SX, односно Rewire 2 ви овозможува софтверските синтисајзери да ги користите преку вашиот секвенцер, значи нема да имате потреба да аранжирате во аранжерот на Reason-от.

Сумирање

Reason-от е револуционарен продукт од висока класа. Мислам дека откако се појави пред две години ако не се лажам, од тогаш му нема равен. Мислам изгледот и користењето на принципот на аналогна опрема е нешто извонредно и затоа е неизоставен дел од денешното продуцирање на музиката.