Propellerhead
Reason 2
Конечно
искочи Reason 2, со реконструиран секвенцер и два нови модули.
За
тие кои уште не се во фамилија со Reason, тоа е софтверски секвенцер
базиран на виртуелна студиска опрема; семплери, синтисајзери и ритам
машини, поддржани од 14-канален миксер и селекција од најчесто користени
ефекти. Се што напоменав може да се автоматизира и едитува, значи
времето повеќе ќе ви проаѓа во креативност отколку во збунувачки
интерфејс.
Инсталацијата
на новата верзија е многу лесна. Само се надоградува од верзија
1, но сега ќе ви треба простор од 1.1 Gb за ако сакате да ги ставите
2 диска со семплови и тоа Factory Sound Bank кој е ист од претходната
верзија и новата Orkester Bank, кој содржи само банки за новиот
NN-XT семплер.
Нови
можности
Нови функции, мислам главна надоградба е двата нови инструмента.
NN-XT Семплерот и Maelstrom graintable синтисајзерот и плус новиот
секвенцер.
Исто сега е можно да го синхронизирате LFO-то на повеќето од инструментите
и некои ефекти за да ви се вклопат со брзината или BPM на песната,
со што се добива некои интересни синхронизирани звуци.
Секвенцер
Стариот секвенцер беше негде голем колку и модулите, односно можевте
и да го направите цел да се гледа но тогаш нема да ги гледате модулите,
па така создаваше некоја нервоза, па од новата верзија сега може
да се "откачи" од главниот прозорец и да се користи како
самостоен.
Од
новата верзија некои работи се подобрени како piano roll прозорецот
кој сега velocity на нотите е во боја за полесно распознавање, исто
така се додадени и нови алатки за едитување во секвенцерот, како
"гума", "лупа", "рака" која ќе ви
овозможи полесна навигација низ секвенцерот(се разбираме нели),
и патем сега секвенцерот можете да го максимизирате нели како самостоен.
Па
со ова сега ќе имате повеќе простор, а воедно и со новите алатки
полесно и побрзо, ќе аранжирате траки. Исто би го спомнал и новата
mute функција која сега во аранжерот ќе ви овозможи да ги исклучите
деловите кои не ви требаат, а не како порано да ги избришете па
враќај се назад итн.
NN-XT
NN-XT е полифоничен семплер кој овозможува за секоја група посебни
сетирања како модулација, стерео или моно излез, посебен филтер,
како и осум излези кој ви овозможува со една нота да свирите повеќе
звуци од различни групи.
Исто
така е можно да се сетираат посебни crossfade вредности за одделни
групи како и глобални вредности за филтер и останати параметри на
селектирани групи.
Вкупно
ова е прекрасен модул кој го надоградува NN-19, но сепак не го исклучува
од можноста да се користи. Секако би го спомнал и третиот диск кој
доаѓа со оркестарски звуци кој се одлични со висок квалитет.
Секако
не ја исклучуваме и можноста за конвертирање на AKAI банките, функција
која стана неизбжна кај сите софтверски семплери.
Maelstrom
Maelstrom е сосема нов синтисајзер иновиран од Propellerhead. Овој
Graintable синтисајзер е комбинација од Granular и Wavetable синтисајзер
кои овозможува комбинација на бас звуци со некој едноставен звук
како sweep, sine и сл.
Одлична
можност на Maelstrom е тоа што сега има филтерски влезови со што
ви овозможува некој да поврзете некој модул преку нив и со тоа да
добиете некој поинаков звук. Интересно е што создава некој навистина
импресивни звуци.
Сега
и 24-бита
Reason од секогаш звучеше добро, но од сега е можно и да свирите
24 битни семплови со што се разбира ќе ви треба и екста брзина.
Автоматизирање
Reason е бескрајно автоматизирачки. Автоматизацијата е многу лесна,
само стиснете го копчето за снимање и мрдајте ги сите параметри
а тоа ќе се снима, за подоцна ако сакате да го досредите одите во
секвенцерот. Навистина некои траки можат да се направат со само
еден софтвер, но одлична можност би била ако може да се направи
можност за користење на VST инструменти, за да користите некои од
вашите омилени звуци.
Зачувањето
на песната е многу лесно со тоа што можете сите звуци и семплови
кои сте ги користеле во песната лесно да ги имплементирате во една
датотека за да ви биде полесно кога ќе ја носите кај некој другар
песната.
За
крај
Reason 2 е одлична надоградба со новиот секвенцер и секако двата
нови модули. Секако како и во првата верзија мислам дека ќе треба
се имплементира и можност за користење и надворешни инструменти.
Исто би го искритикувал и тоа што не додадоа и некои нови ефекти,
но што е тука е. Одлична програма па да видиме што ќе биде следно.
Корисни
адреси
www.propellerhead.se
www.bome.com
www.peff.com
|