ReCycle
прво се појави во 1995 за Мac, кои им овозможуваше на корисниците
на семплери да си ја олесната работата. ReCycle! 2 е нова верзија,
која сега поддржува стерео звуци, вградена timestrech функција,
како и поддршка на сите попознати семплери како и различни аудио
формати.
Стартувајќи го ReCycle прво скенира дали имате приклучено некој
семплер во вашиот систем. Откако ќе заврши тогаш се стартува програмата
и прво се разбира што треба да направите е да вчитате некој аудио
звук (wav, aif и др.). На почеток ќе ве праша дали сакате левиот
граничник да го приближи до првиот звук од семплот.
Главниот формат во ReCycle е Rex, формат кој можете да го вчитате
во Reason или Cubase VST, и во новата верзија на Logic 5. Патем
можете да го зачувате во форма како што го слушате саканиот дел.
Или да го експортувате во Sample Cell, Soundfont, како wav или aif
и други формати.
Тотален ритам
Понатаму можете семплот да го делите на парчиња(slices) со помошна
слајдерот Sens или слајдер на осетливос, кој ќе се поставува маркери
на соодветни места кои потоа можете да ги исклучувате за да добиете
некој звук пожелба за понатаму да го експортувате во некоја програма
или пак до вашиот семплер. За нешто подетално видете во PDF-от што
доаѓа со програмата.
Што е ново
Ново е ефект секцијата која сега доаѓа со strech функција, noise
gate, еквилајзер и останати функции. Strech функцијата е одлична,
мислам користејќи ја ќе видите колку реално звучи. ADSR делот кој
е исто така нов, ќе ви овозможи да ги отстраните кликовите кој ќе
ви се јавуваат при одделување на звуците.
Динамичкиот дел е одличен поради тоа што не делува на целиот loop
туку на делови како што сте го делеле семпло. Покрај што звукот
можете да го напумпате можете и да го стишите за да добиете интересен
амбиентален звук. Еквилајзерот е одличен и има вградено конвертор
од стерео во моно.
Во основа се е одлично завучи многу поприродно за разлика од ACID-от
а корисниците што имаат хардверски семплери оваа е програма која
треба да ја имаат во својата колекција.
|