Steinberg Cubase SX 2

Ова е првата голема надоградба на Cubase SX2 откако искочи како сосема нов секвенцер во Август 2002 година. Во оваа верзија SX според мене целосно се приближи до Nuendo 2 , односно Steinberg не ми е јасно што сакаат да постигнат со тоа но како и да е со верзија 2, SX сега е многу подобар секвенцер според мене, и патем со новиот интерфејс делува многу поубаво.
Во новата верзија за разлика од претходната ќе ви треба многу побрза машина зошто за минимална конфигурација ви е потребно да имате 800 М Hz Intel или Athlon систем со минимални 512М B RAM меморија, а за подобра работа е потребно 1.4 Ghz -ен процесор.

Интерфејс

Откако првпат го видов SX2 на интернет, значи пред да искочи како најава еден германец пушти слики од SX2 (не ми е јасно како ги нашол, зошто и најголемите портали ги немаа тие слики), бев заинтересиран да ги ставам рацете на него , најмногу поради интерфејсот, а и се разбира и поради freeze функцијата, која неколку пати ја најавив на мојата страна, па сега и конечно ја има . Значи за разлика од претходната верзија SX2 сега делува многу посериозно, убаво обележани линии за разлика од претходната верзија кога можевте да се изгубите во миксетата каде ви се наоѓа кој канал, сега се е поубаво организирано. За старите корисници мислам дека нема да имаат проблеми да се прилагодат на новиот интерфејс зошто е скоро ист само со некои додатоци кои се ставени за полесна работа со што сега мислам Steinberg малку повеќе се доближи до корисниците, односно почна да ги слуша желбите на нивните корисници.
Од оваа верзија и многу полесно ќе можете да си го прилагодите SX 2 според Вас со избор на кои работи да се појавуваат а кои не, и такви ситни работи кои би требало како што реков да се приближи повеќе до корисниците.

Аудио ‘ енџин '

Steinberg во новата верзија имаат можеби преку 100 нови функции од кои најмногу се на аудио делот. Некој од позначајните би ги издвоил VST 2.3 аудио ‘ енџинот ' кој за тие што не знаат, е преземен од Nuendo 2, поточно тоа значи можност за повеќе канално рутирање, исто така со овој “ енџин ” ќе можете да ја искористите можноста за повеќе процесорска или hyperthreading технологија на Intel , поточно можност за користење на повеќе процесори од еднаш.
Исто така во оваа верзија како и во претходната има можност за surround со 5.1 односно и во оваа верзија е ограничен излезот само на шест канали за разлика од Nuendo со 12 канали, но сепак лесно можете вашиот микс од 5.1 да го прилагодите во 7.1 итн.

Send каналите сега исто така се подобрени за разлика од претходната верзија, односно целосно се заменете со FX send како во Nuendo. Маната на претходната верзија беше што доколку на еден send канал се ставеше можност да можат да идат повеќе ефекти од еднаш тогаш ќе се јавеше каснење и така немаше да ви бидат синхронизирани звуците, но сепак со оваа верзија тој проблем е решен и на пример ако ви треба да ставите reverb со еквилајзер тоа ќе можете да го направите во еден канал, патем еден FX канал сега може да издржи до 8 ефекти, што се надевам дека на сите им недостасувало ова.
Миксетата е скоро иста како и претходната со што мислам дека нема што да се напомене нешто ново, освен би ги споман a л одличните анализаторски можности на миксетата од, фрекфенција, јачина, проверка на звучната слика и сл.

Темпо

Нешто што би издвоил за разлика од претходната верзија е промената кај темпото. Сега за ралика од верзија 1 има многу можности за манипулации со темпото. На пример сигурно сте се нашле во ситуација да треба да вметнете loop во веќе постоечка песна со аудио и MIDI делови, е тогаш сигурно ви било проблем како да ги синхронизирате па со новиот Time Warp енџин од сега па натаму нема да имате многу проблеми, поточно кажано сега SX ќе ви се однесува исто како ACID односно ако треба да ја прилагодите цела песна според внесениот loop сега тоа ќе ви иде многу лесно.

Нов начин на снимање

Освен TimeWarp енџинот нешто што треба да се напомене после него е и новиот начин на снимање на аудио траки. На пример сигурно претходно кога сте снимале некои вокали сте дошле во ситуација да не сте задоволни со само еден мал дел и тогаш сигурно сте уклучувале нова трака и сте снимале одново, се надевам дека тоа ви било малку досадно па сега ќе можете тој мал дел да го преснимите во истата трака дури и етирањето за јачината на траката ќе ви останат исти, што е навистина за пофалба. Оваа функција мислам дека треба да пример за сите наредни секвенцери зошто заштедува многу време.
Патем сето ова важи и кога снимате во Cycle модот, при снимање самиот Cubase ви генерира за секоја нова трака, нова линија посебно за тоа снимање, со што организирањето е многу поубаво. Исто така да напоменам дека ова снимање важи и за MIDI дури и се однесува скоро исто како да работите со аудио.

Новости

Претходните 3 функции што ги набројав навистина се извонредни, па да видиме што има ново кај MIDI едитувањето.
Кај различните едитори во SX2 сега ќе можете оддеднаш да гледате повеќе делови, односно при селектирање на повеќе секвенци ќе можете во еден прозор да гледате повеќе настани.
Сигурно старите корисници на Cubase VST 5 кои прешле на SX им недостасувала функцијата да се ископира квантизацијата од еден дел и после да се користи врз друг за да не морате толку да се мачите околу пратење на тактот, сега во SX2 е вратена таа функција, со што можете да ги зачувате тие квантизации и да ги користите и во некои други песни. Доколку не ви е јасно станува збор за “Groove Control”.
Во Key едитор односно Key едиторот ќе можете да го отворите без да имате потреба да селектирате некоја “ секвенца ” со што ви остава можност да ви биде постојано отворен и ќе имате потреба само да селектирате “ секвенци ” во главниот или Arrange прозорецот а Key едиторот динамички ќе се менува

Преземено од Nuendo

Некои одлични можности преземни од Nuendo се на секој канал да има Notepad со кој ќе можете да запишувате некои поважни работи, патем сега и на секој канал имате графички еквилајзер што навистина ја олеснува работата доколку треба да исфрлите некои непотребни фрекфенции.
Уште една функција што треба да се спомене е и OMF import и export со што сега полесно ќе комуницирате со останатите секвенцери како Nuendo, Logic Audio или пак Pro Tools.

Freeze

Околу оваа функција се крена голема прашина откако Emagic први ја имплементираа во Logic 6, е сега и Steinberg ја имплементираа оваа фунција која е одлична иако не можам да откријам како да “ смрзнам ” ефекти, односно очигледно ова е имплементирано само на инструменти но како и да е верувам дека одлично ќе ви се најде оваа работа.

SX2

За крај, иако работите што ги набројав не се доволни за да го претставам SX2 мислам дека најважните ги спомнав. За корисниците на SX1 би им предложил веднаш да прејдат на верзија 2 која навистина има одлични можности за разлика од верзија 1. Сега стабилноста од секогаш била проблем на Steinberg па затоа внимавајте малку доколку сте решени посериозно да го користите. Би напоменал дека ова е навистина извонреден upgrade на SX која сега повеќе се приближи кон корисниците, за разлика од претходните верзии на Cubase кога беа имплементирани многу работи а не довршени, мислам дека на Steinberg тоа им е најголема грешка што скоро никогаш не ги слушаат своите корисници туку само ставаат и вадат работи кога како ќе им текне. Но со оваа верзија мислам дека малку си го оправдаа својот најголем адут и сега со новиот изглед имаат многу посериозен секвенцер.

Корисни адреси
www.steinberg.net

Спасовски Дарко
Портал за компјутерска музика

http://packimk.tripod.com

©Packi 2003 packi@freemail.com.mk