TL Audio EQ1

TL Audio EQ1Ова мислам дека ќе биде нов старт за краткли рецензии на корисни ефекти кои мислам дека би требало многу поубаво да ја подобрат вашиот звук.

TL Audio веќе се компанија која (за тие што знаат повеќе околу хардверот) веќе 15 години се меѓу водечките во технологијата на креирање на хардверски компресори и еквилајзери. Да се вратиме во 1993 кога за првпат ги претставија своите valve EQ 1 серии, од тогаш па навака можете да видите дека во секое студио се неизбежни, па така самиот квалитет си има и висока цена но сепак за TL Audio да се приближат повеќе до корисниците направија поефтина верзија, но виртуелна на EQ1.

Виртуелната верзија е скоро иста како и хардверската односно еквилајзер со 4 дела и секој од нив со 4 избрани фрекфенции кои би требало да ви дадат повеќе нежна дисторзија на вашиот микс.

Сите 4 дела имаат контрола на јачината како и копче за селектирање на фрекфенцијата и тоа ниски од 60, 120, 250 и 500 Hz, високи од 2.2, 5, 8, 12 kHz, ниско-средни од 250, 500, 1000 , 2200 Hz и средно-високи 1.5, 2.2, 3.6 и 5 kHz. Првите два имаат контрола за јачина на звукот +/- 20 dB а останатите два имаат контрола од +/- 12 dB. Интерфејсот како што претпоставувате е малку старомоден но сепак убаво направено, и патем ќе го заборавев селекторот како да делува еквилајзерот дали само на левиот, десниот или пак на двата канала.

За крај би напоменал дека ова е еквилајзер ки мора да се има, односно додава убави хармонии на ‘ влажен ' звук со што нема грешка дури можете со додавање на мала јачина од околу 0.5 dB да добиете убава звучна слика

©Packi 2003 packi@freemail.com.mk