Има
толку многу верзии на Windows, па за да ја изберете вистинската
може да биде тешко. Па затоа овој текст накратко ќе ви кажам за
Windows оперативните системи во комјутерската музика.
Компјутерската
историја има толку многу Windows-и, почнувајќи од Windows 95,
98, 98SE, ME, NT 3.51, NT 4.0, 2000, за на крај XP. Чудно е тоа
колку дезинформации има за тоа кој е најдобар систем. Во основа
креирани се две платформи една за домашни корисници и друга за
професионални корисници или како сакате наречете ги, корисници
кои користат повеќе процесори, или користат мрежа.
Кога
го купив првиот комјутер некаде на 15 години тогаш најкористен
систем беше 98 за покасно, мислам за некои 5-6 месеци да искочи
SE (Second edition) која беше поправка на 98. Наскоро ќе се појави
ME (Millennium Edition), која ќе биде финална верзија за т.н.
систем за домашни корисници, а со то ќе се прекине и линијата
на Windows-ите направени според првиот Win3.0. Инаку Win3.0 се
за првпат се појави во октомври 1991, за подоцна 3.1 во април
следната година. Инаку ова беше прва сериозна платформа за компјутерски
базираните музичари. Тогаш Windows-от беше подржан од 386DX Intel-ов
процесор со 25МHz брзина, и за тоа време единствено што можеше
е да се користи беше MIDI.
Понатаму
за 3 години се појавува Win95, кој како и сите надоградби тој
ќе биде револуционерен. Инаку и ден-денес постојат музичари кои
користат постари комјутери со 95-ка, иако денешниот хардвер многу
напредна но сепак има некои фирми кои уште ги тестираат своите
компоненти на 95-ка. Инаку во тоа време оперативниот систем ќе
подржува само максимално 11 MIDI уреди.
Ограничувањето
од 11 уреди ќе биде оттстранет со 98-ца, и тоа со неговата надоградба
SE истата година. Во овој систем исто така за првпат ќе се појави
Internet Explorer 4, секако и Active Desktop, потоа подршка за
повеќе монитори и како најважно 98-цата ќе почне да работи на
FAT32 односно веќе ќе нема ограничување од 2ГБ, со што ќе се овозможи
подобра организација на датотеките по тврдиот диск. Секако и со
зголемувањето на тврдите дискови, се почесто почна да се користи
поделбата на тврдиот диск на партиции за полесно користење а секако
и побрз пристап при работење со музички апликации. Инаку денешните
музичари повеќе ја преферираат 98-цата SE поради подобрата поддршка
за драјвери на уредите.
Финалната
верзија на овој Windows е WindowsМЕ (Millennium Edition), како
што кажува имете се појави во 2000 година или поточно септември.
Со ME верзијата ќе бидат вклучени Internet Explorer 5.5, Media
Player 7, Windows Movie Maker и System Restore. Инаку знаеме дека
ME верзијата генерално е позната како најстабилна верзија на платформата
за домаши корисници. Иако е тоа така, сепак многу музичари кои
ја пробале, виделе дека нема некои побитни поправки, и секако
новите работи кои се интегрирани виделе дека немаат корист, па
сепак останаа заглавени на 98-цата.
Во
меѓувреме Microsoft дизајнираше комплетно друга платформа за бизнис
корисниците. Windows NT (New Technology) 3.1 беше претставен во
јули 1993, откако Windows 3.1 беше претставен за домашна употреба,
и тоа за првпат беше подржан 32-битниот програмерски модел, што
би требало да донесе стабилност, повеќе сигурност, што значи бизнис
корисниците да можат да работат и по 24 часа, седум дена во неделата
итн. После ова следеа NT 3.5 и NT 3.51 во 1994 и 1995, и потоа
NT 4.0 во 1996.
Секако
многу музичари ја посакуваа оваа платформа, поради стабилност,
зошто знаете дека доколку некоја програма ви се укочи во 98-цата,
има 99% шанси да ви падне и системот, па затоа NT фамилијата е
така направена да за секоја програма резервира посебен мемроиски
простор за потоа ако падне програмата сиситемот да остане стабилен.
Но како за несреќе подршката за NT платформата беше многу слаба,
како софтверски така и хардверски.
Windows
NT 5 беше долго време на подготовка па така кога дојде време да
се издаде Microsoft го преименуваа во Windows 2000. Но како и
да е сепак испадна дека и овој сиситем беше направен само за бизнис.
Но сепак додаде подршка за DirectX 7.0, подршка за повеќе процесори,
за тие со повеќе потреба, секако дојде и со нов интерфејс, иако
е мислам дека е ист со Windows ME, со што мислам дека ги збуни
некои луѓе.
Многу
музичари имаа обиди да премината од Windows 98 на Windows 2000
но обидите беа безуспешни зошто производителите на звучни картички
сеуште немаа WDM (Win32 Driver Model) формат, односно беа во многу
мал број. Па така сево ова не носи до издавањето на Windows XP.
Ова мислам дека беше најочекувана верзија (барем за мене), зошто
самиот систем повеќе се обидува да се приближи на домашните корисници,
како и зголемена подршка за хардверските компоненти, и се разбира
стабилноста на NT. Инаку за музичарите најголемата разлика помеѓу
Home и Professional верзијата е подршката за повеќе процесори.
За
музичките апликации и Windows XP нареден пат, а инаку со преминувањето
на повеќе луѓе на 2000 или XP, Microsoft се многу задоволни поради
тоа што сега нема да имаат потреба да одржуваат два вида на оперативни
системи.