|
|||||||||||||
17 финти како да ги користите ефектите во миксот
Начинот на кои ги користите ефектите можат да ви го уништат вашиот ефект, па затоа еве неколку корисни трикови како да ги користите ефектите.
1. Reverb-от креира илузија на простор. Па во случај ако сакате некој звук да има посебно место во мискот (како на пример лево или десно) во тој случај користете моно reverb, со тоа што ќе го насочите да делува така само на страната каде што се наоѓа сувиот звук.
2. Reverb-от е корисен за вокалите да ги направи подобро да се вклопат во миксот, но додавајќи премногу со тоа ќе ги вратите многу во миксот со што ќе звучат изгубени, него да звучат понапред. Пробајте да експрементирате со вредности на pre-delay од 60 до 100 ms, и обидете се да користите некој 'презент' кои има многу прерана рефлексија (early reflection), со што го подобруваат сувиот звук. Исто така можете да научите ако ги слушате вашите омилени песни и видете како го прават тие тоа, односно кој вид на ефект го користат. И со тоа ќе сватите колку е полесно отколку што мислите.
3. Reverb-от е најкористен ефект во студиото, па затоа немојте да мислите дека секој reverb е ист, односно да користите некој што е со многу слаб квалитет и поради тоа што зима најмалку процесорска моќ, па во спротовно користете го најдобриот reverb што го имате па потоа експортувајте го со ефектот за да зачувате од вашата процесорска моќ.
4. Вокалите скоро секогаш им е потребна компресија, па затоа кога снимате додадете помалку компресија отколку што треба за да кога ќе ги компресирате во миксот да не ги уништите.
5. Компресорите ги подигаат ниските звуци кои се наоѓаат во звукот, па затоа пробајте да користите gate ефект пред да компресирате. Исто така компресирајте колку што е потребно, а не да прекомпресирате. Исто така кога снимате препорачливо е да се користи gate па компресор.
6. Обидете се да користите секогаш gate пред компресор додека снимате нешто. Но внимавајте ако лошо го конфигурирате може да го уништите звукот кој го снимате.(Незнам дали ви е јасно се ова што го пишувам поточно преведувам, но за понатаму планирам што всушност претставува gate ефектот, зошто мислам дека повеќето незнаат, зошто кај нас повеќе е застапено дигиталното снимање што во тој случај и не би се јавувале многу несакани шумови во позадина. Но еве еден прост опис на gate ефектот. Тоа е всушност процес кој ги елиминира звуците кои се наоѓаат под -40dB (дециБели) се разбира претходно треба да го конфигурирате така gate-от за да го добиете саканиот ефект. Инаку 40dB не е фиксна вредност тука вредност која вие ќе ја дадете, таа вредност само ја дадов како пример).
7. Секогаш користете после reverb-от gate ефект, бидејќи е многу добар да ги скрати некои долги опашки на reverb ефектот. Понатаму, ако додате reverb или ехо после gate ефектот тогаш некои звуци можеби ќе бидат скриени од природниот decay на reverb-от или пак ехото.
8. Не го сетирајте секогаш gate до максимално ниво на редукција на шумот, во некои случаи шумот може да придонесе вашата песна да звучи подобро, бидејќи денес повеќето песни звучат помалку механички односно го немаат тој влажен или warm звук што го дава аналогната опрема, па затоа експериментирајте. Исто така пробајте врз друм деловите да користите некаде околу 12dB отколку максимум за редукција.
9. Не додавајте долг reverb параметри (мислам со многу ехо) на бас звуците бидејќи можете да го уништите делот со ниските фрекфенции од миксот. Сепак ако треба да додате многу ехо на друм делот пробајте со кратка опашка или пак со gated reverb. А во случај да треба да додадете reverb на целата ритам секција, тогаш осигурајте се добро да го исчистите ниските фрекфенции од мискот за да не создаваат несакани фрекфенции.
10. Chorus е корисен ефект за креирање на илузија од средина или простор и движење, но исто така знае и да го турне звукот назад во миксот, како и кај reverb-от. Но сепак ако толку ви е потребен тој ефект а дојдете во ситуација како во споменатата, тогаш обидете се чистата верзија на звукот да ја ставите на едната страна односно на лева а звукот со ефектот на десната, или пак осигурајте се да осатвите доволно место во миксот за chorus ефектот.
11. Еквилајзерите исто така се користат за одредени звуци да им се ограничи опсегот на делување во миксот, односно за отфрлање на непотребните фрекфенции. Значи кога користите еквилајзери обидете се да ги исфрлите непотребните фрекфенции, а не да додавате. Нели тоа е најчест случај со вокалите и акустичните инструменти со што добивате поприродни звуци. За пример пробајте да додадете некаде на средните фрекфенции за да видите како вокалот се уништува односно добива звук како некој вонземјанин.
12. Звуците исто така можат да се направат подобро да седат во миксот ако се употребуваат low-pass и high-pass филтери со што ќе го ограничите нивниот спектар.
13. Кога миксате некоја трака, пробајте да ја измиксате така да не употребувате ефекти. Откако ќе го добиете саканиот звук тогаш додадете компресија на вокалите и reverb за да подобро се вклопат во миксот. Откако ќе бидете среќни со тоа тогаш додавајте ефект по ефект со што ќе ви биде полесно. И запамтете дека ефектите се за подобрување на финалната слика на песната, а не да компезирате за некоја песна со слаб квалитет или со лоши звуци.
14. Не обидувајте се некој лошо снимен звук да го подобрите со ефекти, зошто нема да ви успее. Па затоа пробајте да го замените со некој сличен дел од друг. Но сепак со денешнава технологија се е можно па ви препорачувам да го видите Antares Auto-Tune, кој ги поправа лошо исвирените ноти, мислам на pitch-correction.
15. Кога користите ефекти како Steinberg Loudness Maximizer, Waves L1 или L2 Ultramaximizer за финално максимизирање на звукот, секогаш пред да процесирате споредувајте колку сте делувале на звукот и внимавајте овие ефекти знаат да ги крената ниските фрекфенции кои можат да предизвикаат неубава слика за песната, па гледајте со некој анализатор на фрекфенции до каде сте стигнале, мислам колку сте ги подигнале.
16. Но сепак во некој случаи подобро е 'максимазерите' да ги користите само на одредени звуци, па така ставете ги на BUS 'сенд' во вашиот омилен секвенцер па така да ги користите само на звуци кои им треба, како вокали. Но сепак слушајте внимателно за да не ja дисторзирате сликата на звукот.
17. Финтите за дизајнирање на поопширна стерео слика може да има лош ефект на моно сликата. Па затоа користете ја фунцијата на вашата програма за проверување како звучи на моно, зошто сепак нашиве телевизии најчесто имаат моно сигнал како и некои радија па може некои звуци да не се слушаат како што сакате. Па ако приметите некоја разлика тогаш намалете ја стерео слика.
Автор:Спасовски Дарко <packi@freemail.com.mk> по препорака од Огнен Грнчев