Бас Програмирање
1. Решете се пред да почнете да ја програмирате бас линијата, дали сакате да звучи како бас свирач или како машина. Се зависи од тоа каква музика правите.

2. Во денешните секвенцери имаат вградено интелегентна квантизација. На пример Cubase-от кога квантизира тој ги помрднува нотите само малку. Ако уште еднаш стиснете да се квантизира тој ќе ги помрдне уште еднаш. Но немојте да одите предалеку. Обидете се постојано да експериментирате, за да видите басот со која секција си одговара.Едноставна бас линија (мислам една иста) не е секогаш најдобра можност.

3. Кога имате дел со кој сте среќни, понатаму обидете се да ја помрднете поназад или понапред за неколку милисекунди. Најчесто секвенцерите имаат вграден MIDI delay.

4. Ако ги програмирате бас линиите со MIDI клавијатура, обидете се да ја направите менувајќи го pitch-ot или пак модулацијата на клавијатурата.

5. Штета е за баслинијата да ја користите само ритмички со тапани или пак само со перкусии. Значи немојте да ја изолирате.

6. Не е секогаш исто само да ги помрднете нотите погоре или подоле. На пример некој loop со G акорд добро ќе оди со C акорд, а не со B акорд. Треба да се запази на некој работи или правила.

7. Кога работите со аудио семплови, пробајте со кратки звуци да ги менувате за ниво погоре или подоле, зошто со нив полесно ќе ви оди за разлика од долги бас линии.

8. Обидете се меѓу бас нотите да оставите празно место. Верувајте тоа ја крева атмосферата.

9. Уште еден начин да ја направите вашата трака поинтересна е да се обидете кога имате спор дел во песната да ставите подолги бас линии со поголемо задржување(SUSTAIN), а во побрзите делови или во средина на песната пократки бас линии.

10. Немојте да ја правите бас линијата многу комплицирана. Зошто очигледно има многу други делови кои треба да ги додадете. Затоа оставете место и за други звуци.

11. Ако бас линијата е интересна, тогаш обидете се кога да ќе дојде промена на мелодијата(chord), обидете се да ја промените бас линијата за да не мора да го менувате цел дел од траката.

12. Ако имате идеја за некоја комплицирана бас линија. Тогаш подобар пат е да упростите со додавање на некоја перкусија.

13. Или пак на друга страна да ја пополните се некоја пијано линија или нешто слично.

14. Бас линиите не треба да ги менувате драстично кога доаѓа средина на мелодијата. Некогаш тоа може да биде интересно, но најчесто не е интересно.

15. Во основа слушајте многу музика. Видете како го прават тоа подобрите луѓе или пак луѓето кои се со музиката подолгу време. Тие во едно ќе ви дадат одлична идеја. Во случај да ви се допадне некоја бас линија пробајте и вие да ја направите истата.

понатаму...