Неколку Cubase типови: кога работите со секвенцери најважното е да ја користите тастатурата за побрза работа.

Користете SHIFT
Левото и десното копче на глушецот служат за зголемување и намалување на вредностите. Но ако држите shift тогаш вредностите ќе се зголемуваат за 10.

Друм линиите на посебни траки
Ако ги имате сите друм линии во една тогаш разделете ги на различни за да ви биде полесно. Тоа можете да го направите со помош на тоа што прво линијата претворете ја во drum а потоа со притискање на командата Remix од менито Structure, и така сите звуци ќе бидат копирани на посебна трака со името што сте им го задале.

Трака на алатки
Кога ги користите алатките пробајте да држите alt или shift и ќе добиете зачудувачки резултати. На пример: Alt + Glue ќе ги залепи сите делови од таа трака.

Бришење на аудио семпловите
Во Audio Pool прозорецот ако сакате да избришете некој семпл наредбата е delete, но тоа само моментално го отстранува од програмата но на вашиот хард ќе остане семплот каде што е. Во случај да сакате да го избришете целосно тогаш притиснете Ctrl+Backspace.

Quantise
Ако сакате да дадете ритмички звук на вашата аудио трака со MIDI, тогаш користете Match Quantise алатката со тоа што аудио траката ќе ја земете и пуштите врз миди линијата.

Основана песна
Секогаш кога ќе ја стартувате програмат за да правите нова песна
треба да подесувате се отпоново: да ги именувате каналите, па на BUS линиите да ставите reverb како основен ефект кој го внесувате итн.
Па отсега нема да морате, направете вака:
-Каде што ви инсталирана програмата ќе видите еден податок по име def.all тој податок секогаш се покренува кога ќе ја стартувате програмата, всушност тоа е основна песна. Покренете ја неа, наместете се како што сакате и потоа зачувајте ја на истото место под истото име.

Запишувајте до каде сте
Колку пати ви се случило додека правите некоја песна и потоа нешто ви искрснало и воедно сте ја заборавиле идејата. Затоа Cubase има Notepad во Edit менито. Запишувајте се за полесно да ви биде.

Полесно снаоѓање со прозорот
Кога правите некоја трака и ви се натрупуваат се повеќе аудио траки и веќе немате место. Затоа исклучете го изгледот на траките. Во Part Appearance од Option менито изберете Show names.

Повеќе процесорска сила
За да зачувате повеќе од процесорската сила за real-time ефекти како
драјвер изберете го DirectX ASIO зошто тој помалку зафаќа од MME. Но мана му е што неможе да се снима со него.

Користете Preroll
Во Metronome settings прозорецот имате една опција која се вика Preroll. Со овозможување на оваа опција кога снимате некој вокал или нешто слично пред да почне да се снима на дадената локација, локаторот се помрднува за неколку бара поназад. Со тоа се добиваат подобри перфоманси и подобри резултати.

Само зачувување
Колу пати ви се случило да ви се сруши програма при работа. Во Cubase можете да наместите така да ви зачувува песната на секои 5 или 10 минути во зависност колку ќе наместите вие.

 

 

 

Кој секвенцер го користите???
Пишете на

packi@freemail.com.mk