Во оваа упатства ќе ви покажам како да правите loop-ови и да го имате вистинското во вашите траки.

Како што секој тапанар ќе ви каже дека најлесно е да ги направиш друм линиите, но затоа тие се најтешки за мастеризирање. Истото важи и за друм програмирањето. Најчесто за луѓето што прават loop-ови на компјутер за нив тоа е еден лесен чекор кој го прават за неколку минути. Мислам штом ги направат повеќе не ги пипкаат, ги оставаат какви што се. Па одат на bass линиите итн. Тоа e срамота бидејќи добра песна можете да ја претворите во одлична ако малку си поиграте со drum линијата, што значи вие пропуштате цел свет на компонирање. Замислете колку само можете да манипулирате со loop или со REX датотека, вклучувајќи го timestrec-от, pitchshift и додавање некој ефект. Тоа е многу нели. Или пак земете некој loop исецкајте го на одредени парчиња и вчитајте го во Fruty Loops-от или направете го како soundfont. Звучи добро нели па затоа прочитајте го следново.

За да направите добра drum трака потребно е да ја направите. Се зависи од тоа каква музика правите. Слушајте песни од музиката што ја правите, и забележете го секое движење на drum, hi-hat, snare линиите. На пример земето го house-от тој најчесто е на секој 4 kick, snare на секој 3 a hi-hat најчесто се појавува низ цела песна. Очигледно збориме глобално но ќе сватите подоцна што е работата, и ќе ги сватите основите на секој стил.

Каква ќе биде вашата песна е исто фактор како да ги конструирате вашите drum линии. Ако знаете каде треба да бидат kick и snare деловите, почнете со тоа. Или пак ако не сте сигурни ставете kick на секое 4-то, и додадете snare на секое второ. Додека ја завршувате траката погрижете се kick-от да ја следи bass линијата зошто тоа е златно правило за ритам секцијата. Друго ако
правите jungle ритам тогаш доволно е да направите линија со kick и snare за да го следи вашиот амбиентален звук. Или едноставно кажано како 'backbeat'. Потоа пак слушајте ја музиката на другите луѓе, да видите како го прават тие тоа. Тука нема срам ако копирате линија на некој друг артист, зошто во секоја музика има стандардни линии кои ги прави константо низ цела песна. Всушност
разликата во сите музички стилови е drum линијата, кој би требало да бидат стандардизирани за да слушачите имаат некој поим за музиката.

Hi-hat-овите се можеби најзафркнатите линии за да вашата drum линија звучи вистински. Стандардното сетирање е 8 од 16, за течењето на траката да биде добро, искрено многу досадно. Но затоа тие можат да бидат изретчени односно да оставите малку простор помеѓу нив или пак користете ги можностите на вашата ритам машина како shuffle.

Ете тоа е основата. Но кога да ги користиме tom-овите, cymbal, и сите други интересни звуци во нашиот арсенал? На пример ridecymbal се користи во текот на песната кога треба да дојде делот полн со стрингови, и тогаш најчесто се заменува да иде место hi-hat-от, се мисли во средина на траката, каде што треба да се додаде динамика на drum линијата , без потреба да се внесува дополнителен звук. Crash cymbal-овите се на пример кога треба да заврши некоја kick линија, исто така интересен ефект може да има ако го свртите обратно crash cymbal-от.

Tom-овите на пример можата да служат како дополнување на kick линиите земете ја за пример BLUR Song 2. Toa e eдноставен пример.

Па тоа беа основите. Како што рековме, најдобриот едукациски извор е музиката што ја слушате.