1.
Решете што сакате да правите - направете вашите дарум линии да звучат
вистински, или продуцирајте ги така што никогаш да не можат да ги
исвири некој тапанар. Двата совети се креативни.
2.
Ако сакате вашите snare и tom да звучат реални, тогаш играјте си
со динамиката на тие звуци, Вистинскиот тапанар никогаш нема да
може да ги исвири тие звуци со иста динамика како што вие ќе ја
направите.
3.
Ако сакате да креирате некоја хипнотизирачка друм линија, тогаш
обидете се да направите меѓу деловите кога ги менувате звуците да
ставите fill (кусо кажано тоа е кога идат повеќе звуци од друм,snare,
tom и сл. од еднаш).
4.
Повторување на секоја 8 или 16 нота со hi-hat, може да стане досадно
и заморувачки. Обидетесе да им ставите динамика.
5.
Ако повторно ви е досадно тоа со hi-hat-овите, обидете се да ставите
нешто како marabas, cabasa и други звуци зошто тие служат на ист
начин како и hi-hat, open hi-hat и други. Мислам користете ги алтернативно
за да ја подобрите ритмичката секција.
6.
Некој т.н. beats како snare имаат голема важност ако ги ставите
како flame, односно кога почнува едниот звук а другиот иде после
него како послаб.
7.
Еден од најлесните начини за да траката има некое ритмичко движење,
најубаво е bass drum, snare, линиите да им ставите delay или да
ги поместите. Тоа најлесно се прави во софтверските секвенцери.
Но немојте да претерувате за да не направите салата.
8.
Внесувањето на временско ехо или delay може да внесе нешто интересно
во вашата музика. На пример обидете се со трикратен delay да ставите
на некој звук како marimba и да го пополните со некој интересен
звук, сигурно ќе добиете некој интересен звук како Африканските.
9.
Пробајте да внесете дисторзија на звуците како snare и bassdrum.
Во основа ефектот на гитаристите како 'overdrive' најдобро се користи.
Но немојте да претерате, единствено ако сакате така да звучи.
10.
Ако веќе ставате reverb на друм линијата, обидете се тоа да биде
gated reverb. Тој звук можеби ќе ви звучи неприродно но затоа дава
најдобар ефект.
|