Финален
Микс
Слушнете
слушнете!
Секогаш слушајте ги траките колку што е можно повеќе на различни
системи. Дури и да користите најдобри монитори и најдобри појачала,
постојано обидувајте да ги слушате на повеје различни системи пред
да прејдете на финалниот микс. Домашни системи, во кола, вокмени
- тие се најдобри, зошто што ќе слушнете на нив, тоа ќе го слушаат
и останатите.
Миксање
на слушалици
Никогаш немојте финалните снимки да правите преку слушалици, зошто
кога ја слушате музиката на две различни парчиња(звучници), ефектот
е друг.
Слушалици
Слушалиците се добри за по детални да слушнете некој делови во вашите
песни, како преклопувања на некој звуци и сл.
PAN(лева,десна,лева,десна)
Навистина секогаш има место за креативност. На пример bass инструментите
секогаш треба да стојат на центар од миксот, зошто тие ја носат
енергијата. Ако ги префрлите лево или десно, вие ќе бидете надвор
од центарот. Вокалите на пример можат да се стават малку лево или
десно, но рачунајте звукот што иде со вокалите, да биде исто така
наместен.
Странични
ефекти
Знаеме дека можеме да употребуваме многу ефекти. На некој начин
колку повеќе тоа е подобро. Но тие можат да заземаат многу од вашиот
процесор. Дури некогаш траките звучат подобро без ефекти.
Оставете
простор
Кога правите некоја песна одморете малку зошто не е убаво да правите
музика неколку саати без одмор, затоа што ви се уморуваат ушите
и слушате едно исто. Исто така ако ви се допаѓа како работи некој
ваш другар, поканете го да направи ремикс на вашата песна.
Компресирајте
за да импресионирате 1
Компресорите имаат многу улоги. Но практично се добри за вокали
и инструменти кој се надвор од миксот.
Компресирајте
за да импресионирате 2
Компресорот е исто така корисен за да извадите максимум од вашата
песна. Практично кога имате некој јак ритам - најдобро е да користите
стерео компресор за лесно да се справите со целиот микс. Најдобро
со мал степен на ratio за да видите колку енергија ќе донесе во
песната.
Не
претерувајте
Кога правите песна не претерувајте седејќи премногу на неа. Одморете
се, земете пиво, или изиграјте некоја игра. Оди земете свеж воздух,
зошто утре песната ќе ја слушнете во друго светло.
Дрогите
не работат
Не слушајте некој ако вика дека со дрога прави музика. Зошто утре
кога ќе станете таа ќе звучи лошо. Единствено ако правите реге.
|