Некои корисни трикови

Звуците на синтисајзерите треба да се избираат внимателно, бидејќи повеќето од нив се направени да бидат големи и импресивни па затоа тие може да ви одземат дел од миксот па во случај да не ви се допаѓа многу тој звук пред да го измените пробајте да исечете некои делови со еквилајзер. Во некои случаи тие може малку повеќе да ви го придушат звукот но во тој случај подобро би се вклопиле во миксот.

Многу е важно да не оркестрирате многу во миксот односно со аранжирањето, особено ако имате некој дебел пад звук и некоја дисторзирана гитара, со што можете да ја придушите ритам секцијата или друм. Ако се сомневате во тоа што го зборам, тогаш земете некоја музика која е слична на вашата и видете како тоа го прават професионалците, мислам како со неколку едноставни звуци прават одлично аранжирање.

Помалку reverb

Кога сакате да создадете побогат звук на вашиот микс знаеме дека секогаш се користи reverb, но внимавајте секој звук да не предозирате со reverb. На пример премногу reverb звукот го става во позадина, па затоа кога користите reverb на водечките вокали или пак на водечката пад линија пробајте да користите околу 80ms pre-delay. Немојте да го користите многу decay параметарот односно да му давате многу големи вредности, ова особено е важно кога правите траки со побрз ритам.
Исто така и останати ефекти користете ги внимателно односно видете дали ви се потребни, а не да ги користите само поради тоа што ги имате, истото важи и за некои по екстремни ефекти кои ги имате односно ефекти кои создаваат хармонии, пробајте да ги користите само во некој делови од песната а не врз целиот звук, патем delay ефектот најдобро работи ако го синхронизирате со темпото на песната, а тој параметар скоро сите денешни delay ефекти што сум ги видел ги имаат.

Мастеризирајте ја ситуацијата

Многу луѓе не сваќаат само колку многу разлика внесува мастерот на комерцијалните траки. Ако дадете повеќе приоритет на материзирањето ќе видите како вашите едноставни песни можат да звучат поубаво. Инаку мастеризирањето не е ништо повеќе туку само компресирање, лимитирање и еквилајзирање, секако сето ова зависи и од опремата ефектите кои ги користите, всушност не треба многу да се замарате денес зошто веќе има неколку одлично програми кои имаат се во едно што значи со само едно PC и добри монитори можете да дојдете до квалитетен звук, патем и колку ви се истренирани ушите и тоа е многу важно.

Еден добар еквилајзер не само што може да ја смени спектралната слика на вашиот звук туку може и до исфрли некои вишок на звуци во вашиот микс. Една многу популарни финта кај инжинерите е да додадат еден до два dB(децибели) некаде околу 15kHz или попознато како 'air EQ', 'sheen' или 'gloss'. Со овој трик не само што ќе направите вашиот микс посветол туку и ќе ги направите вашите вокали да бидат понапред во миксот. Но гледајте да не претерате зошто може да го дисторзирате звукот. Слично на ова можете да ги намалите звукот некаде на 180-250Hz со што звукот нема да ви биде многу бучен како што сум приметил кај некои миксови, како на пример кај луѓето што ја прават музиката во ACID сум приметил дека траките им звучат некако многу длабоки а немаат многу светлост. Сега доколку имате некој микс кој е тенок односно бас делот им е слаб тогаш обидете се додате некој dB на 70-90 Hz со што ќе ја направите траката подлабока. Се разбира за оваа работа гледајте да користите ефекти кои ви се најдобри за да дојдете полесно до саканиот звук. На пример јас во последно време многу често ги користам BBE Sonic Maximizer или пак PSP Vintage Warmer.

Многу нежна компресија со 1.1:1 и threshold околу -30 до -40dB ќе ви го направи миксот да ви звучи помоќен. Како и да е сепак ако имате multiband компресор тогаш користете го него зошто со него имате повеќе контрола врз миксот односно можете да додадете помалку или повеќе компресија на бас делот или пак ако требате да направите поправка на некој микс со multiband компресорот многу лесно можете да го направите тоа.

Кај мастерот исто така е многу важно лимитирањето односно процес сличен на компресирањето но во овој случај користите поголеми ratio вредности со што ќе ги контролирате полесно појаките делови од миксот. Исто така со некое нежно лимитирање можете да го кренете миксот за неколку dB. За ова најубаво е да го користите L1 ефектот со некаде 4 до 5 dB лимитирање.

Процесирање со т.н. Tube или Warm ефекти кои имаат способност да додаваат фрекфенции за да добиете поаналоген звук се многу популарни или поточно да ги наречан Tube или Warm еквилајзери и компресори. Како за пример ако ставиме tube компресор само на бас или друм делот ќе приметите како малку ќе ги истенчи со што понатаму нема да делуваат на средните или високите звуци. Исто така додавајќи на средните и високите фрекфенции ќе добиете ефект сличен на exciter (видете мислам дека пишував за нив во психоакустика текстот). Сепак тајната во ова е секогаш процесираниот звук да го споредувате со оригиналниот за да видите колку сте делувале.

Сумирање

Како што видовте, магијата на музичката продукција е нешто како сликање односно треба да внимавате на секој дел кога ја правите траката како на пример аранжирањето, избирањето на вистинските звуци и неизоставениот мастеринг кој може да направи голема разлика во сликата на траката. Секако се ова не е баш лесно зошто бара многу искуство и избор на добри ефекти но во случај да не сакате да се занимавате со ова тогаш препуштете го тоа на луѓето кои го знаат тоа или пак оставете ги траките такви како што сте ги направиле.