Како прво: ако во системот имате инсталирано Microsoft Office видете во startup директориумот да не ви го ставил Find Fast, избришете го, зошто секогаш кога ќе стартувате некоја апликација таа ја скенира и затоа ви одзема време. Исто важи и за другите апликации кои можат да ви го успорат системот.


Следното нешто што треба е за да се забрзаат апликациите во вашиот систем е да ја конфигурирате виртуелната меморија. Зошто Windows сам ја одредува вм, но перфомансите можат да бидат подобрени ако сами ја подесите (зошто апликации како Cubase и Logic се мемориски зависни). Видете во swap оквирот.

Сега откако го направивте ова на ред е да го конфигурирате системот на датотеки. Отворете го Device Manager кликајќи со десното копче на My Computer и избирајќи Properties. Следно изберете Perfomance и стиснете на копчето File System. На паѓачкото мени во основа стои Desкtop system, но тоа не му дозволува на системот да користи поголем број на датотеки, туку го ограничува. Затоа изберете Network Server, зачувајте го тоа и рестартирајте го вашиот систем.

Оптимизирање на тврдиот диск

Дефрагментирање на дискот, па зошто? Па, кога инсталирате софтвер податоците почнуваат да се редат, редат итн. Но кога еден ден ќе избришете некоја апликација тогаш на првото место каде што сте ја инсталирале таа ќе се избрише и така ќе остане празен простор. И така доаѓа до фрагментирање на дискот што допринесува до поспора работа односно комуницирање со податоците. Затоа се користат апликации за дефрагментирање како Microsoft-овиот Disk Defragmenter (кој е многу спор, а плус и не си ја врши работата како што треба), и Norton Speed Disk (кој мислам дека моментално е најдобар).

Нешто следно што ќе треба да го направите е (ако сакате) кога правите чиста инсталација на Windows-от за подобри перфоманси е да ја форматирате партицијата како FAT16 зошто пристапот на податоците е побрз, единствена мана е тоа што не може да биде поголема од 2GB. А додека другите партиции направете ги FAT32 поради помала загуба на простор.