Основен опис на ефектот: Reverb

Reverb-от е секогаш околу нас, и секој звук што го слушаме во природата е со reverb.
Од сите ефекти што ги користите во музиката, reverb-от најверојатно го користите најмногу, можеби поради тоа што го слушаме секаде во природата. reverb-от е звук кој нашиот мозок го препознава и со тоа ни кажува во каква средина се наоѓаме. Секоја средина или место во кое се наоѓаме влиаејќи се добива рефлексија од секаква големина, со што секоја различна средина си има различен природен reverb, кој делува како акустика. Затоа најубаво пеете во кога се наоѓате во купатило, или пак некоја друга мала соба.
Природниот reverb, во пракса се користи и при снимање. Во снимањето на класичната музика, hall-от е еден неизоставен дел во снимањето на звучната слика. Во секое студио кога се снима тапанар на пример тогаш микрофоните се поставуваат на одредено растојание од инструментите за да се доловат специфичните звуци. Во главно кога се снима во студио сепак микрофоните се местат така да се снимат чисто секој звук за да се остави место за креативност.
Имајте го тоа во мозок, сепак во студијата инструментите и вокалите се снимаат со поставување на микрофоните поблиску со што се исклучува можноста да се долови амбиентот во собата. Со тоа се остава можност за креативност со што амбиентот може после да се додаде со помош на reverb-от. Со тоа ќе го додадете саканиот ефект после снимањето. Затоа се препорачува снимањето на инструментите да биде чисто без никакви ефекти.
Функција
Ви миксот reverb-от ви овозможува да се долови тридимензионален звук. Грубо речено со додавање на reverb на вокалите полесно можете да ги вклопите со други звуци, со што reverb-от претставува ефект кој ќе ви помогне да го ставите саканиот звук на место кое му одговара. Reverb-от исто така служи да ги направи звуците поприродни. Инструментите кое се снимани со поблиску поставени микрофони во најчест случај звучат многу неприродно. Reverb-от ќе ви помогне да ги направите овие звуци помеки со што полесно ќе се вклопат во миксот односно полесно ќе егзистираат.

Историски преглед

Reverb-от има историја со што ги отфрла денешниве дигитални ефекти. Еден од поранешните методи на креирање reverb беше со редење на микрофони и звучници на рефлективни површини. Со што звукот од одбиената површина се снимаше со микрофони. Со што менувајќи ја позицијата на звучниците и микрофоните се доловуваше најразлична атмосфера.
Идејата за испраќање на звукот преку звучници и снимање со микрофон во некои случаи и денес се користи само со различен распоред на купатила, лифтови, скали, со што се доловува најразлична атмосфера, односно се продуцира најразличен reverb. Едно од најпознатите студија во Њујорк користеше некоја слична техника со што ќе поставеше звучник на врвот на лифтот насочувајќи го во различни насоки со што доловуваше најразлични звуци.
Сеуште во некои студија каде што просторот не е проблем се користи т.н. plate reverb. Тоа е всушност елктрично-механички креирање на reverb. Plate е всушност голема плоча од метал. Reverb-от се создава од вибрирањето на металот со што се создава интересен звук. (Инаку познатиот француски бенд AIR во едена песна ќе постават звучник во бољер и така ќе го снимаат звукот што го произведува предметот). Инаку plate reverb-от е малку поразличен од природниот собен reverb со што тој стана еден неизоставен ефект од денешните дигитални ефекти кои користат најразлични алгоритми за да го имитираат. Уште еден начин на креирање на reverb кој е исто така многу користен е spring reverb кој оригинално беше произведен во Hammond organ компанијата, а беше популаризиран со гитарските појачала, Инаку spring reverb-от е сличен на plate reverb-от само што се користи поголеми односно подолги површини.
Секако денес има самостојни уреди кои можат со помош на најразличен алгоритам да го продуцираат тој звук, патем ви овозможуваат дури и да го контролирате колку што сакате. Некој дури од произведувачите имаа семплувано reverb кој се продуцирал во најразлични простории, како концертни сали, една од нив е моделот на Сони 777. Овие компоненти се многу скапи но со пошироката побарувачка тие станаа достапни за секого.

Reverb програми

Денешниве дигитални уреди се дизајнирани така да ви создадат илузија на секој простор, со што некој од нив имаат и можност за создавање на некој специјални ефекти. Главните reverb уреди најчесто се категоризирани во мал број на категории, именувани како Hall, Room, Plate, Chamber, Ambience, Gated и Revers. Еве краток опис на сите...
Hall reverb-от симулира акустика пронајдена во големи места како концертни сали. Density на reverb-от се креира со тек не време со што се создава нешто како долга опашка на звукот. Тие можат да го однесат звукот далеку со што можете лесно некој звук од главен да го префрлите во позадина во миксот.
Room reverb-от во главно симулира помали места (мислам самото име кажува) и е добар reverb за инструменти.
Plate reverb во дигиталните уреди симулира звук на класичен електромеханички reverb. Plate reverb-от со висок density и обоен звук, во последни неколку декади се користи како многу добра опција за вокали и друмови.
Chamber reverb-от едноставно го емулира звукот на chamber.
Ambience reverb-от во главни се користи да се додаде некој простор без боење на звукот.
Gated reverb-от всушност е креиран земајќи reverb во некоја соба и со помош на Gate ефектот се кратат одредени звуци. Во дигиталните ефекти имате прецизна контрола врз параметрите. Gated reverb-от е малку агресувен па затоа се додава на перкусии или практичне е ефективен на snare перкусиите.
Reverse reverb-от е reverb со обратна амплитуда која конструирана повеќе се делува на јачината отколку на decay-от мислам на излезниот звук.

Практични reverb сетирања

Кога се користи reverb-от во микс најчесто се користи еден reverb за сите инструменти за така да се долови дека сите се наоѓаат во ист простор. Може да се користи и со различни сетирања но треба многу да се внимава. Еден од најпопуларните сетирања е со додавање еден reverb на вокали, еден на друм линијата, а за инструментите да се користат исти сетирања. Осто така е можно да се користат два reverb-а на еден звук на пример на главен вокал да се додаде еден reverb со краток decay и еден reverb со долг decay. Важно е да се осигурате двата reverb-а да не се преклопуваат за да не се создаде погрешна слика. Најчеста почетничка грешка е тоа што се додава многу reverb и со тоа не се остава многу друг простор за останатите ефекти. Тој е одличен ефект но ако се додаде многу, ја исполнува песната и така не се остава место за другите инструменти.
Наоѓајќи го правиот reverb за песната е нешто најважно и кое вреде и да се обидувате да го правите, но штом еднаш го направите обидете се истиот да го доловите и во останатите песни за да се добие една слична слика. Еден од најважните подесувања е на пример кога имате некоја песна со побрзо темпо тогаш се користи reverb со пократко времетраење, а кога станува збор за балади тогаш со подолго времетраење.
Користејќи еквилајзери после reverb-от може да ви помогне звукот полесно да се вклопи во миксот. Мислам и повеќето од уредите доаѓаат со еквилајзер, единствено поскапите уреди кои сепак се направени да полесно се вклопат во миксот. Користејќе еквилајзер можете да ги сктаите несаканите средни фрекфенции кои ги созадав и така да оставите повеќе простор за бас и друм линиите.

Жаргони

Predelay ефективно e времето меѓу вистинскиот звук и првиот од рефлексијата. Ова може да има влијание додавајќи повеќе простор на главниот вокал со што можете да го продолжите односно да го однесете подалеку отколку што е.

Reverb time или decay time е всушност звукот кога престанува да делува reverb-от.

Early reflection e првото ехо на reverb-от, јачината на овој звук може да се сетира посебно.