- Синхронизацијата е убава работа кога збориме за
музичката технологија. Поврзувањето на апликациите никогаш не било
толку важно колку денес. Благодарение на програмите како Hubi's
Looback Device, кој ви овозможува вашиот секвенцер да комуницира
со софтверските синтисајзери.
- Всушност за што навистина станува збор - ReWire. ReWire е софтвер
или како сакате нарачете го, кој е создаден од Steinberg, софтвер
кој ви овозможува вашиот секвенцер Cubase, Logic Audio или Sonar
да биде директно поврзан со ReBirth или пак со Reason. Овој пат
ќе збориме за ReBirth. Цела работа е тоа што овие апликации имаат
можност да ги делат перфомансите на вашата звучна картичка. Тоа
значи дека секој звук што иде преку ReBirth можете да ги поврзете
со својот секвенцер и на него да ставате ефекти.
- За почеток ќе ви биде потребно Cubase и ReBirth, зошто тие се
направени да комуницираат еден со друг најдобро што може. На пр:
Менувајќи го темпото во Cubase се менува и темпото во ReBirth.
Верувам дека ова ќе ви биде интересно.
- Прво: стартувајте го Cubase па одете на ReWire кој се наоѓа
во менито Panels. Тука ќе видите една листа од канали. По еден за
секој синтисајзер, потоа за секој звук од ритам машините и стерео
излез за програмата. Е сега ако знаете кои звуци ќе ги користите
тогаш уклучете ги само тие, а во спротивно за почеток доволно е
да ви е активиран само главниот излез.
- Второ: сега стартувајте го ReBirth-тот. На почеток можно
е да почекате малку повеќе додека се поврзат двете апликации, потоа
пробајте да го менувате темпото за да тоа го видите како го прават
заедно, а потоа притиснете Play за да видите како ќе се стартуваат
заедно.
- Трето: сега отворете ја VST миксетата во Cubase, и ќе видите
канали кои се обележани со црвено. Тоа се reWire каналите. Тие се
исто како и секој аудио канал. На нив можете да ставате ефекти итн.
Сега отворете го ReWire прозорот и активирајте уште колку сакате
канали.
Потоа земете некој друм loop според темпото во секвенцерот. Потоа
активирајте го првиот 303 синтисајзер и направете некоја едноставна
бас линија. Па после со вториот 303 направете некоја мелодија.
Верувам дека добивте нешто интересно. Се разбира и уклучете ги и
перкусиите за да ги пополните убаво звукот што го добивате. Потоа
ставете некој ефект. Преместете го некој звук на еден или друг крај
и др.
Па тоа е тоа. Што чекате.
|