Изгубени
во простор?
Кога зимате некој семпл видете дали можете да го конвертирате во
моно, мислам ако двата канала се исти, тогаш зошто да биде стерео,
зошто да ви зафаќа дупло простор и дупло повеќе од вашите перфоманси.
Еквилајзирајте
Научете како да ги користите еквилајзерите. Научете на кои фрекфенции
да зголемувате, а на кои да намалувате. Внимавајте на средните,
таму најчесто се јавува преклопување на звуците.
Еквилајзирајте
II
Има два типа на EQ - креативен и корективен. Употребувајте го само
ако треба, значи зголемувајте ги високите или намалувајте ги средните
до тој степен колку што треба. Па дури можеби и нема да има потреба
да ги користите.
Ромпер
стомпер
Кога снимате вокали и приметувате дека во пеењето се појавуваат
букви како П и Б, тогаш направете вака: земете една чорапа , поставете
ја на нешто округло, и распнете ја. Потоа ставете го тоа на далечина
на околу 20 сантиметри. Но прво прашајте ја мајкави дали ќе ви ја
даде чорапата.
Нормализирајте
го вашиот звук
Пред да ја ставате вашата музика на CD, гледајте да вашите песни
бидат нормализирани, односно peak-от да им биде на нула. Со тоа
ќе се осигурате дека ќе добиете максимален звук на сите ваши песни.
|