NAMM [27 јануари 2004]
AAS Tassman 4 http://www.applied-acoustics.com/
Arturia Minimoog V и Storm 3 http://www.arturia.com/
DSound http://www.dsound1.com/
eLab http://www.e-lab.se/
Emu http://www.emu.com/
FX-pansion http://www.fxpansion.com/
Garritan http://www.garritan.com/GPOhost.html
IK http://www.ikmultimedia.com/Main.html?IKNews&SS04-01
Korg http://www.korg.com/gear/info.asp?A_PROD_NO=Legacy
Па што да кажам освен тоа што овој пат NAMM наистина беше извонреден, ми требаше неколку дена да прочитам се ново што ќе се појави на музичкиот пазар во наредниве месеци. Има и многу други иновации што би сакал да ви ги кажам но најубаво да отидете на официјалната страна на www.namm.com за да прочитате повеќе, како и да е не чекат многу луди работи и многу нови инструменти, се разбира софтверски.
NAMM [17 јануари 2004]
За тие што не знаат NAMM е еден од најдобрите саеми за презентирање на музичката технологија, Секако во последниве две години има и голем избор на софтвер. Па овие неколку дена ке ве известувам за поважните работи кои ќе се случуваат.
Нов Spectrasonics - Stylus RMX http://spectrasonics.net/stylusRMXteaser/index.html
Нова верзија на одличниот Auto-Tune на Antares http://www.antarestech.com/products/auto-tune4.html
Во рецензии можете да прочитате за последната надоградба на одличниот секвенцер SX2 на Steinberg.
Во рецензии можете да прочитате за последната надоградба на одличниот секвенцер Live 3 на Ableton.
PSP [27 декември 2003]
PSP исто така се појавуја со 3 нови ефекти, еден одличен MasterQ еквилајзер, Еasyverb и Nitro. Единствено што немав шанса да го пробам е Nitro филтерот, но за MasterQ и Easyverb можам само едно да кажам тие се одлични, но за тоа наскоро ќе напишам целосна рецензија, зошто ме оставија без зборови. Повеќе на www.psp-audioware.com
Voxengo Warmifier [27 декември 2003]
Voxengo и понатаму продолжуваат со одличните емулации на аналогна опрема, што според мене се навистина одлични, само една замерка околу потребата за процеирање но секоја убавина си има своја вредност. Повеќе на www.voxengo.com
19 декември
Во рецензии можете да прочитате за одличниот reverb на Hans Stadtherr.
Sonic Charge µTonic [17 декември 2003]
Sonic Charge µTonic е уникатен VSTi кој го има направено Magnus Lidstrom, ако незнаете ова е човекот кои стои позади Propellerhead Software или поточно е еден од одговорните за Malstrom синтисајзерот во Reason 2.0. Исто го има направено Typhoon алтернативниот оперативен систем за Yamaha TX16W. Инаку ова е VSTi со интегриран секвенцер и е наменет за програмирање на уникатни друм-ови и перкусии. Повеќе на http://www.soniccharge.com
Native Instruments Absynth 2.0.4 [16 декември 2003]
NI го надоградија својот можеби најдобар синтисајзер (барем според мене). Во оваа верзија ја подобрија стабилноста и некои грешки што ги имаше со синхронизација во секвенцерите. За повеќе можете да прочитате на http://www.nativeinstruments.com/afkvr_ab2updates.info
Во рецензиите можете да прочитате за TL-Audio EQ1 емулација на еден од легендарните еквилајзери. Патем таа рецензија ќе биде старт за следните ефекти кои ќе ви ги презентирам се надевам во најдобро светло.
Во рецензии можете да прочитате нешто повеќе за вокодерот Kantos, на Antares. Arturia [3 декември 2003]
Arturia ги надогради своите два последни VSTi. Moog Modular во верзија 1.12 кои сега би требало да иде поглатко, и најпосле се надевам дека корисниците ги нервираше кликањето за да преминете од една група на банки во друга, па тоа сега е сменето. Во новиот CS-80V има некои помали поравки. За повеќе можете да прочитате на http://www.arturia.com/en/csupdates.lasso за CS-80V и на http://www.arturia.com/en/mmupdates.lasso за Moog Modular.
Native Instruments Intakt [27 ноември 2003]
Во NI фамилијата отсега па натаму ќе има уште еден одличен семплер кој е специјализиран само за лупови. Базиран на Kontakt енџинот, Intakt комбинира "slice, stretch, compress, effect and modulate sliced grooves into powerful new rhythmic creations". Повеќе на http://www.native-instruments.com/afkvr11.info
Camel Audio Cameleon 5000 [22 ноември 2003]
Camel Audio покрај едноставните и одлични ефекти сега и се појави со одличен синтисајзер, поточно morph синтисајзер кој не би имал проблем да емулуира секаков вид на звук. Да напоменам дека ова е еден нов начин на креирање на звуци, па повеќе можете да прочитате на http://www.camelaudio.com/productsCA5000.htm
FX-Max [17 ноември 2003]
FX-Max конечно после долгата најава го пуштија FX Freeze кој може да ги ослободи и процесорот и RAM мемроијата, а го подржуваат скоро сите апликации кои имаат можност за VST инструмнети и ефекти. Искрено го чекав со душа па еве и вие имате шанса да го пробате на http://www.fxfreeze.com/download.html
Steinberg новости [22 октомври 2003]
Steinberg претходната и оваа недела се појавија со нови надоградби на своите програми. Нешто што би издвоил е новиот update на Cubase SX 2.0.1, Nuendo 2.1 и Xphaze 1.1 (повеќе околу промените тука). Патем Steinberg пред 5 дена исто така го највија и искачањето на новото софтверско студио наречено Hypersonic, кој како што го најавуваат ќе биде "The ultimate virtual music workstation". Па можете повеќе да прочитате на http://www.steinberg.net/
Cakewalk Sonar 3 [13 октомври 2003]
Cakewalk го надоградија својот најдобар продукт во верзија 3. повеќе можете да прочитате на http://www.cakewalk.com/Products/SONAR/default.asp
Arturia CS-80V [13 октомври 2003]
На овогодинешниот AES, Arturia се претставија со својот нов VSTi, CS-80V кој е емулација на легендарниот Yamaha CS-80 кој во '70 вредеше 6900$. Па прочитајте повеќе на http://www.arturia.com/en/cs80v.lasso, инаку искачањето на овој VSTi е на 1 ноември.
Native Instruments Kontakt v1.5 [11 октомври 2003]
На последниот саем за музичка технологија NI најавија неколку нови работи, нешто што би издвоил е надоградбата на Kontakt во верзија 1.5 за кој можете да прочитате на http://www.nativeinstruments.de/index.php?kontakt_us. Има некои навистина извонредни нови работи и искрено со душа го чекам да го пробам.
Steinberg
D'cota надограден во 1.0.1 [23 септември 2003]
Steinberg го надоградија својот добар адут D'cota, освен некои
ситни грешки што ги пријавуваше во овој додаток доаѓаат и 64 нови
презенти кои би требало да ги истакне повеќе можностите на овој
инструмент. http://www.steinberg.net/en/ps/start/news/
DashSignature
[23 септември 2003]
Dash откако се откажа од правењето Reaktor инструменти и се посвети
на правењето само VSTi со што стана многу стана добар, веќе до
сега има емулуирано добар дел на гитари, саксафони и други инструменти.
Па прочитајте повеќе на http://www.dashsignature.com/
. Патем ги надогради сите инструменти мислам ги поправи нивните
грешки.
Cubase
SX 2 [3 септември 2003]
Како што најавија од Steinberg на 6 септември 2003 ќе искочи новиот
SX 2, но искрено очекував нешто повеќе да најдам на Steinberg
страната па не најдов, но сепак од една германска страна успеав
да најдам слики, и да ви кажам за разлика од првата верзија сега
изгледа многу по сериозно, барем во првата верзија некако не ми
ги привлекуваше вниманието. Ако сакате да видете како изгледа
со десен клик и Save target as... или пак само кликнете на слика
1 и слика 2.
Прочитајте
ги новите рецензии за Absynth 2 и FM7 кои се надевам за тие што
не го знаат ќе го засакаат сигурно. [20 август 2003]
Novation
[14 август 2003]
Како што реков Novation го издадоа свој нов VSTi адут Bass-station
и во едно го надоградија и V-station
во верзија 1.2
Native
Instruments Reaktor 4.03 [14 август 2003]
Одличниот Reaktor сега надограден во нова верзија, има многу поправки
па затоа прочитајте повеќе http://www.nativeinstruments.de/index.php?reaktor4updates_us
Knzaudio
Midifier [18 јули 2003]
Е нов VSTi инструмент кој моно аудио сигнал во real-time го конвертира
во миди сигнал. Ова е навистина пријатно изненадување на годинешниот
летен NAMM кој се одржува во Германија. Па прочитајте не што повеќе
на http://www.knzaudio.com/
FX
Freeze [30 juni 2003]
Се надевам дека се сеќавате кога Apple го купија Emagic, па откако
искочи новат верзија на Logic само за Mac се појави една ревулуционерна
работа Freeze која моменталната положба на инструментот со ефектите
ги рендерира на вашиот тврд диск со што се ослободува дури до
50% од процесорот. Навистина го очекувам и ова да се појави на
PC. Инаку проектот е во развојна ваза и ќе се интегрира во скоро
секој секвенцер. За повеќе прочитајте на http://www.fxfreeze.com/index.html
Native
Instruments Rektor 4.02 [30 јуни 2003]
Се надевам дека сите сте запознаени со Reaktor па за новите поправки
прочитајте http://www.native-instruments.com/afkvr19.info
Cubase
SX 1.06 [30 јуни 2003]
Steinberg искочија со нови поправки за својот адут Cubase SX.
Да не ги набројувам прочитајте на www.steinberg.net
iZotope
Spectron [30 јуни 2003]
iZotope го издадоа Spectron, ефект кој како што велат од iZotope
го преполовува звукот во илјадници делови со што имате можност
да делувате на секоја фрекфенција, односно да ја ресинтетизирате
со што добивате нов звук. Во самиот ефект се вградени стандардните
delay, chorus, flanger и богати модулациони способности . Прочитајте
на http://www.izotope.com
Steinberg
Nuendo v2 [4 јуни 2003]
Не треба зборење за ова само прочитајте тука.
Sonic
Foundry Acid Pro v4.0c build 390 [4 јуни 2003]
Sonic Foundry го надоградија својот адут ACID кој покрај поправка
на некои грешки од сега ќе имате можност да го користите преку
Rewire. Да, да убаво прочитајте повеќе тука.
Virsyn
Cube [4 јуни 2003]
Следејќи го успехот на Tera софтверскиот синтисајзер Virsyn издадоа
уште еден нов VSTi наречен Cube. Прочитајте на http://www.virsyn.com/
патем можете да го симнете и демото.
Lounge
Lizard 2 наскоро [4 јуни 2003]
Наскоро ќе искочи Lounge Lizard 2 кој е можеби една од најдобрте
симулации на електрично пијано. Како што најавија во оваа верзија
е намалено користењето на процесорот, подобрени се ефектите и
сега може да се синхронизираат според темпото на секвенцерот.
Проверете на http://www.applied-acoustics.com/
Видете
го ова навистина интересно http://zedstatic.cbc.ca/users/n/nsg/files/reason_studio2.jpg
Sonic
Foundry и Sony [28 мај 2003]
Sony го купија Sonic Foundry за...
http://www.harmony-central.com/News/2003/Sony-Sonic-Foundry.html
Arturia
Moog Modular V во v1.1 [3 мај 2003]
Arturia го унапредија одличниот Moog Modular во верзија 1.1 еве
некои од поправките: RTAS plug-in loading failed because of missing
DLLs.
CPU load on Pentium IV processors was higher than expected, because
of a "denormalization" problem.
The name of the current preset was not updated upon loading a
session in a host sequencer.
A few presets were not correctly tuned.
Filters did not respond to keyboard follow 1.
Stand-alone application did not work with MOTU 828 sound cards
on Mac OS X.
Setting the MIDI control for certain knobs crashed the whole plug-in.
MIDI control settings were not saved and recovered across sessions
as required.
The stand-alone application used to miss NOTE OFF events on Mac
OS X with certain MIDI devices.
Steinberg
Groove Agent "Live" VST Drummer [3 мај 2003]
Од денеска официјално Steinberg го пуштија во продажба Groove
Agent кој е наследник на Virtual Guitarist софтверскиот инструмент.
Доаѓа со однапред програмирани банки и звуци кои се користени
во текот на сите овие години во музиката... Па
прочитајте
Native
Instruments Vokator [14 април 2003]
Официјално од денес NI го пуштија во продажба Vokator кој е всушност
вокодер со екстремно висока FFT резолуција. Освен што можете да
го користите како ефекти исто така може како синтисајзер, грануларен
семплер, многу можности за модулација, доаѓа со 400 предефинирани
презенти кои се поделени во тоа каква музика сакате. За повеќе
прочитајте на http://www.nativeinstruments.com/vokatorrelease.info
Cakewalk
Project 5 [3 април 2003]
Cakewalk официјално пред една недела го пуштија Project 5 кој
е комплетно софтверско студио со интегрирани секвенцири, семплери,
синтисајзери, аудио и MIDI ефекти се во една програма. Проверете
на http://www.cakewalk.com/
Sound
Burst Ethnosphere & Knopolis [26 март 2003]
Etnosphere е виртуелен инструмент кој е емулација на традиционални
инструменти како Buzouki, Sitar, Koto Shamisen, Santur, Dulcimer,
Psaltry, Harp, Zither, Saz, Mandolin, Banjo, Guitar, Pipe, Ethnic
Orchestral Ensemble, Accordion како и перкусии кои доаѓа со веќе
300 програмирани звуци, а додека Knopolis се 256 нови програмирани
звуци за веќе познатиот NI Pro53. Инаку програмирани се од експертите
за звук Luca Pilla и Alessandro Cardinale. Проверете тука http://www.soundburst.com/products.html
Искочи
Devine Machine VSTi [26 март 2003]
Деновиве се појави една многу интересна апликација која е наменета
за манупулација со loop-ови односно се вчитуваат повеќе звуци
во главно семплови и потоа со нив се манипулира. Па прочитајте
повеќе на http://www.devine-machine.com/
Korg,
Rolang и Dr Moog отсега и како VSTi [18 март 2003]
Пред некои две години читав интервјуа со музичари кои се фанови
на некои легендарни синтисајзери и ги ставија пред софтверски
инструменти кои искрено мислеа дека хардвер си е хардвер но по
некои 5 или 6 години откако Steinberg го најавија VST-то до денес
се се измени. Па како за пример горе наведените компании веќе
почнаа да ги прават своите први реинкарнации на некои најпосакувани
инструменти. За да видите како изгледаат за Korg одете на http://www.korg.com/preview,
за Roland на http://www.rolandus.com/,
а за Moog реинкарнацијата ќе треба да ја посетите француската
фирма Arturia која заедно со Dr Bob Moog ја креираа емулацијата на Moog V за
која Dr Bob Moog вели “Arturia's Moog Modular V is a high quality
computer emulation of the analog modular synthesizer technology
that Moog Music(R) originally introduced. Traditional front panel
controls and switches are clearly and accurately displayed, while
virtual patch cords can be plugged in or removed with the click
of the mouse. The basic audio generating and modifying functions
are instantly available, and so are envelope generators, LFO's,
and other traditional control functions. The Modular V offers
important contemporary features like MIDI, easy loading and saving
of patches, and polyphonic tone generation. With the Modular V
installed in your computer, you can develop a wide range of modular
synth effects, and then program or play them as you wish. I am
delighted that Arturia's Moog Modular V is adding a new dimension
to an instrument tradition that has a special meaning to so many
musicians."
Swar
Systems [11 март 2003]
Swar Systems се швајцарска компанија која е специјализирана за
емулација на традиционалните индијските инструменти. SwarPlug
е еден пакет од 21 инструмент кои имаат користено 24-битниот енџин
на Lin-Plug CronoX 2. Инаку сите звуци се снимени и свирени од
музичари во Индија. Инаку со пакетот доаѓаат и 500 MIDI ритами
и мелодии. http://www.swarsystems.com/
AKAI
VZ8 [11 март 2003]
AKAI кралевите во хардверските семплери го најавија својот прв
софтверски семплер наречен според хардверскиот Z8. Инаку AKAI
тврдат дека овој софтверски семплер е скоро потполно ист на хардверскиот.
Како параметри за манипулација за со семпловите има 30 вида на
резонантни филтери, три envelope генератори и 2 LFO-a. Всушност
хардверските Z8 семплери се наменети исклучиво за настапи во живо.
Па да се надеваме дека ќе се појават се одличен семплер.
http://www.akaipro.com/
Propellerheads
Reason v2.5 [5 март 2003]
Го надоградија својот најголем адут Reason кој сега доаѓа со повеќе
ефекти и компонента за базично поврзување.
http://www.propellerheads.se/products/reason/reason25/main.html
Steinberg
[5 март 2003]
Ги најави следните продукти Waldorf Attack, Halion v2.0, Xphraze,
Groove Agent http://www.steinberg.net/en/ps/products/upcoming/
Native
Instruments Absynth 2 најава [5 март 2003]
Нови можности на Absynth 2 се интегрирано семплување, грануларен
синтисајзер со што мислам дека NI сега во скоро сите нивни виртуелни
инструменти го интегрираа грануларното синтетизирање кое се карактеризира
со давање на пореалистични звуци. Па проверете http://www.nativeinstruments.de/index.php?id=absynth2_us
VAZ
http://www.software-technology.com/
[1
март 2003]
Сигурно се сеќавате на VAZ Modular еден од првите софтверски синтисајзери
кои искочија па сега имаат некои нови можности па проверете. А
како за потсетување во овие инструменти се интегрирани легендарните
ARP Odyssey, Moog, Sequential Circuits Prophet 5, Yamaha CS-Сериите,
Korg MS-Сериите, Roland Jupiter 6, SH-101 и TB-303.
MusicLab
SlicyDrummer 2.0 и Fill-in Drummer 2.0 [1 март 2003]
Се надевам дека SX и Sonar корисниците веќе се запознаа со можноста
на MIDI ефектите кој ги имаат, па MusicLab ги надоградија едни
од најдобрите ефекти за креирање на ритам секции кои од сега можете
сами индивидуално сами да креирате ритам линии, за разлика од
претходната верзија 1.2 па проверете на http://www.musiclab.com/
Emagic
Logic 6.0(OS9 & OSX) i Logic 5.5.1(Сите Win) [1март 2003]
Emagic овицијално пред некои 10 дена го пуштија во продажба новиот
Logic 6 за Mac платформата, а за Win платформата го надоградија
во верзија 5.5.1 кој нема некои нови функции туку само е подобрена
стабилноста на програмата и поправени некои грешки. http://www.emagic.de/
19
февруари 2003
Кај упатствата во додаов нов текст за како да ја подобрите вашата
продукција патем на форумот додаов и два нови трика па мислам
дека ќе ви се најдат
Еве
како што ветив дека ќе почнам да пишувам некој корисни трикови
за програмите кои ги користите сега е реалност па појдете на форумот
и прочитајте повеќе.
Cakewalk
Project5 доаѓа во Март 2003 [2 февруари 2003]
Cakewalk на NAMM го најавија Project 5 кој доаѓа со 5 инструменти,
ефекти и loop базирани уреди кој всушност како што го претставуваат
би требало да биде конкурент на Reason. Па погледнете го. http://www.cakewalk.com
Cakewalk
Sonar v2.2 [1 февруари 2003]
Оваа мала надоградба на Sonar е што сега е максимално интегриран
со Digidesing-овите картички или подобро познати како ProTools.
http://www.cakewalk.com/Support/SONAR/default.asp
AAS
Tassman v3.0 искочи [1 февруари 2003]
Applied Acoustics издадоа едно големо надоградување на Tassman
кој ако не знаете тоа е модуларен систем за креирање на свои системи.
Нешто како Reaktor-от на NI па прочитајте... http://www.applied-acoustics.com/
Посетете
ја страната на Muon фирма која призведува софтверски инструменти,
патем има два бесплатни инструмени Tau и Atom, од кој првиот е
емулација на легендарниот TB-303 или подобро познат инструментот
кој го има во ReBirth па симнете ги ќе ви се најдат верувам, барем
мене ми се најдоа зошто меѓу денешниве виртуелни инструменти е
тешко да дојдеш до вистинска аналогна бас линија. http://www.muon-software.com/html/products.html
Мора
да го видите ова. Човеков е 3Д дизајнер па видите што направил
со инструменти на Reason и патем разгледајте му ја страната, инаку
човеков прејде од Propellerhed во Spectrasonic и што да ви кажувам
друго видете па кажете ми или пишете на форумот зошто во скоро
време ќе почнам да ви пишувам некои кратки финти како да го подобрите
звукот и некои корисни креативни трикови. www.iloyd.com/photo/reasonst2.jpg
www.iloyd.com/photo/reasonst3.jpg
Нова
верзија на SilentVST build 2003.01.18 [28 јануари 2003]
Silent е всушност јазик за програмирање и креирање музика кој
бесплатен и можете да го симнете од http://csounds.com/gogins/silence/.
Инаку сопственост е на еден институт од Масачусес која го има
дизајнирано најмногу за едукација. Инаку интересно е што има и
подршка за Linux.
MOTU
го најавија MachFive [28 јануари 2003]
MachFive е виртуелен семплер кој има навистина извонредни карактеристики
и нуди одлични аудио можности. Нешто што е најинтересно е тоа
што ги подржува скоро сите аудио формати. Па прочитајте
тука
Во
рецензии има нов опис на психо акустиката, инаку фала му на Филе
што ми ја побуди оваа идеја за да ви пишувам како со денешната
дигитална технологија да дојдете до некој посебен звук со помош
на некој ефекти кои се неизоставен дел од многу студија. Па прочитајте...
[DashNews]
[28 јануари 2003]
DashVST ги надоградија својот ComboSister, а патем и издадоа и
нов виртуелен синтисајзер daHornet кој е емулација на вистинските
инструменти и е идеален за креирање на стрингови. И уште една
многу позитивна работа е што сега по барање на корисниците можноста
на демо верзијата е зголемен на 30 минути по сесија. Па прочитајте
повеќе на http://www.dashvst.com/
Вести
од NAMM [17 јануари 2003]
Native
Instruments presents Reaktor Session
Native
Instruments announce Reaktor 4
Native
Instruments announce Vokator
Native
Instruments announce Intakt
Native
Instruments announce Kompakt
Open Labs Announces
eKo - "A True Open Platform Keyboard Workstation"
(е ова е нешто невидено)
Emagic
announce Logic 6 (навистина ми е жал што Emagic ja прекинаа
Windows подршката, навистина премногу добро изгледа).
Novation
го издадоа V-Station [17 јануари 2003]
V-Station го донесоа легендарниот K-Station сега и на компјутерските
платформи PC и Mac. Всушност ова е легендарниот синтисајзер на
Novation кој сега ќе го има и во софтверско издание. Изобилува
некаде со околу 200 звуци кои можете да ги модифицирате по желба
и после да ги зачувувате во 400 слободни места. Еве и некои карактеристики
општо а за повеќе прочитајте тука:
Analog Modelled oscillators
Liquid Analog Filters
Additional editing screens
Arpeggiate, tweak and sync to the beat
итн.
Winter
NAMM 2003 [17 јануари 2003]
За тие што не знаат што е тоа NAMM, тоа е всушност саем каде што
се одвиваат најголемите случување односно новости околу музичката
опрема па од некаде 16 или 17 јануари почна зимскиот NAMM
па се надевам дека ќе имам повеќе време да ве известам што како
се случува, но сепак можете и сами да прочитате нешто повеќе.
Steinberg
и Pinnacle [19 декември 2002]
Pinnacle го купија Steinberg. Се надевам дека знаете дека Steinberg
е всушност компанијата која го има создадено Cubase и многу други
познати виртуелни инструменти. Но сепак тие нема да ја направаат
истата работа како Emagic што ја направи со своите корисници.
Па прочитајте повеќе:
http://www.steinberg-ag.net/presse/press_section.phtml?section=&action=show&pressID=118
http://www.pinnaclesys.com/aboutus/NewsMessage.asp?id=1875&Langue_ID=2
[DashNews]
daAlfa2k V1.48 [13 декември 2002]
Во минатото немам пишувано за оваа страница воопшто но Dashsynthesis
претставува група која креира виртуелни инструменти, како и инструменти
за познатите софтверски пакете како Reaktor, Infinity, Tassman
и др. Сега да не ве давам посетете им ја страната и дознајте повеќе,
а зошто всушност ви пишувам е дека го надоградија нивниот VSTi
адут daAlpha v1.48. Инаку овој виртуелен инструмент е емулација
на познатиот AlphaJuno2, инаку инструмент кој беше водечки во
техно водите. Па да не ве давам многу со спецификациите, прочитајте
повеќе тука.
G-Media
и Ohm Force [13 декември 2002]
Последната соработка на G-Media со Ohm Force го донесе новиот
Oddity или емелација на класичниот ARP Odyssey се разбира интерфејсот
е на Ohm Force. Само што искочи па проверете тука.
Z3ta+
е тука [7 декември 2002]
rgc:audio го издадоа новиот Z3ta+ Waveshaping виртуелен инструмент,
и како што велат тоа е еден од најимпресивните софтверски синтисајзери
во последно време. Па проверете тука.
Linplug
Albino [7 декември 2002]
Новиот Linplug Albino е направен во соработка со Dutch sounds
дизајнерот Rob Papen. Всушност овој виртуелен инструмент доаѓа
со 550 однапред подготвени звуци. За нешто повеќе проверете тука.
Native
Instruments Traktor DJ Studio 2 [18 ноември 2002]
Значи овие луѓе незанаат за одмор, откако ги надоградија дел од
своите инструменти, сега уште повеќе го подобрија и Traktor DJ
Studio-то. Во новата верзија уште повеќе се приблизжија до корисникот
со што сега можете сите 400 функции да ги автоматизирате и да
ги повикувате преку вашата тастатура, MIDI клавијатура или пак
MIDI контролер.
Новиот интервејс се повеќе личи на DJ хардверска миксета со што
почетниците ќе им треба малку време да ја научат програмата, а
додека луѓето со искуство нема да имаат проблем.
Па да не збориме многу прочитајте повеќе тука.
Ableton
Live 2.0 [13 ноември 2002]
Ableton
на 5 ноември ја најавија новата верзија на Live сега со ознака
2.0. Во новата верзија отсега ќе има можност за мултитрак снимање,
подобрени перфоманси за користење во живо, но најважно од оваа
верзија е тоа што од сега се можете се да правите и додека се
снима вашата сесија. Еве некои и останата поважни функции:
Advanced automation handling
DJ-like cross-fading
Relative Session Mapping: assignable scene up/down and track launch
buttons
Tempo and Transport controls can be mapped to MIDI /Keys
Presets to save and recall effect settings
New effects: Gate; Redux.
За тие што не се запознаени што всушност е Live прочитајте повеќе
во рецензиите или пак на страната на Ableton. http://www.ableton.com
Native
Instruments Absynth v1.3.4 [24 октомври 2002]
NI го надоградија Absynth во верзија 1.3.4.
Еве некои од новите можности:
Oscillator efficiency increased approximately 20%
Envelopes can now be deleted
Bugfixes in 1.3.4
Improved total recall behavior
Import Preset restored И некои други поправки. Повеќе тука...
Emagic
и Digidesing [24 октомври 2002]
Emagic и Digidesing најавија дека брзо ќе ја прошират својата
соработка со тоа што веќе постоечките инструменти во Logic-от
сега ќе продолжат со подршка и во Pro-Tools. Исто и ќе ја подобрат
подршката на подржување на своите датотеки односно да може песна
да се експортува од едната програма во друга и обратно.
www.digidesign.com
VAZ
2010 Demo [17 септември 2002]
Незнам колку се сеќавате на VAZ модуларниот синтисајзер кој беше
меќу првите програми кои емулираа за комјутери синтисајзери, но
не е важно. STL
ја издаде новата верзија која гледајќи ја на слики делува навистина
извонредно, па прочитајте повеќе, односно можете да ја симнете
новата верзија и да ја разгледате подетално.
Native
Instruments Pro53 се испорачува [17 септември 2002]
Native
Instruments изјавија дека го пуштија во продажба новиот Pro53
кој е подобрена верзија на Pro52 виртуелен инструмент кој го измени
мислењето на многу музичари уште од самиот почеток, а да спомнам
дека е меѓу првите виртуелни инструменти. Во новата верзија сега
имаат додадено промена на LP во HP филтер кој го немаше во претходната
верзија. Со ова според NI би требало да добивате посонични звуци,
исто така ротирачките слајдери се сега зголемени за полесно да
ги користите, а патем отсега е компатибилен со сите автоматизирачки
системи кај секвенцерите, мислам препознавањето на параметри.
Па да не збориме многу прочитајте повеќе тука...
Emagic
[17 септември 2002]
Emagic
го пуштија во тестирање новит Logic 5.3 коој е редизајниран мислам
кодот му е поправен само колку да се инсталира новиот виртуелен
инструмент EVB3 кој би требало да биде уште една емулација на
познатата органа B3. Повеќе за промените прочитајте тука,
а доколку сте регистриран можете да ја симнете новата
верзија со што имате 4 недели тест период да ја пробате новата
органа...
Се
извинувам, имаше грешка на страната со адресите за упатствата
. Па сега откако ги поправив се надевам дека ќе ги разгледате
подетално...
Plex...[23
август 2002]
Plex е нов концепт во VSTi - тоа е "Restructuring Synthesizer" кој содржи интелегентни синтисајзерски способности со што во овозможува
комбинација од гитара со тромбон. Со новиот аудио 'енџин' оригиналниот
звук го разделува во различни делови како низок и висок спектар,
можност за различни филтери како и различни амплитуди. Секоја
компонента може да се комбинира со друга. Повеќе информации тука...>
AbSynth
во верзија 1.33 [23 август 2002]
Native Instruments уште еднаш го надоградија својот адут AbSynth,
додавајќи повеќе можности и неколку поправки. Повеќе
тука...>
20-ти
роденден на Аудио дискот...[прочитајте]>
FruityLoops
сега како VSTi [4 август 2002]
Нешто најинтересно што искочи моментално е тоа дека FruityLoops
од верзијата 3.5 ќе може да работи и како VSTi. Што значи теоретски
тоа го прави еден од најмоќните инструменти моментално на пазарот
на музички софтвер. Значи корисниците на Cubase или Logic сега
ќе имаат пристап на десет синтисајзери, можност за семплување
и правење loop-ови, најразлични ефекти и филтери.
Потоа во новата верзија ќе биде имплементиран и новиот Speech
Engine. Тоа е текст-во-говор 'енџин' со што сега ќе можете да
внесувате и вокали мислам да ги снимате. Со што секој текст ќе
можете да го процесирате низ новиот FruityLoops Sampler Granulizer,
Scratcher или Slicer. Има 20 вокални стила. Плус нешто интересно
е тоа што корисниците на ASIO драјверите сега ќе можат да имаат
повеќе излези. Нешто повеќе прочитајте тука>
eMagic
[4 август 2002]
eMagic ветија дека последната 5.2 верзија на нивниот најголем
адут Logic Audio сепак ќе се издава за Windows платформата. Во
новата верзија конечно ќе ги видиме долго посакуваните повеќе
излези за виртуелните инструменти, како и повеќе аудио траки,
оптимизирање на аудио автоматизацијата, потоа подобрена верзија
на миксетата, како и поправка на некој грешки. Прочитајте повеќе>
FXpansion
надоградби... [4 август 2002]
DR-008 сега унапреден со нов графички едитор за модулите, плус
некој екстра модули како и долго посакуваната можност за внесување
на Battery банки. FXpansion исто така го надоградија и VST-DX
wrapper во верзија 4.0b4 кој сега подржува повеќе излези во SONAR
миксетата како и подобро вчитување и зачувување на банките. Проверете
сами тука>
Apple
го купува eMagic [4 јули 2002]
На 1 јули Apple најави дека го купува eMagic>.
eMagic претставува еден од лидерите во софтверските музичка технологија.
Има преку 200,000 корисници на својот најголем адут Logic Audio
кој според договорот би требало наредните верзии да искачаат само
за Macintosh. Со тоа значи дека 40% од луѓето кои се базирани
на Windows платформата нема повеќе да добиваат поддршка.
"Emagic has set the industry standard for professional music
creation and production" рече Sina Tamaddon која e шеф на
аплкативниот оддел на Apple. "We're very excited to have
the Emagic team join Apple and create more amazing products for
musicians."
Инаку престанувањето на подршката за Windows ќе престане некаде
во септември.
[новост]
Во линкови ви додадов страни кои се специјализирани за комуникација
на луѓето што се светот на музиката, односно станува збор за форуми
кои се еден незизоставен дел. Со нив можете да научите многу патем
некои проблеми кои не биле решени од производителите можете да
најдете таму...
Spektral
Plugins v1.2 [22 јуни 2002]
Верзијата 1.2 од DelayDots, Spektral ефекти излези. Spektral ефектите
содржат три професионални DSP ефекти достапни како Direct X и
VST PC формат за користење во "off-line" вид. Spektral
Shaper - е FFT 4096-band еквилајзер- како ефект тој може да ги
фати фрекфенциите на некој звук и да ги ископира истите врз семплот
што сакате. Spectral eXtractor- self-tuning bandpass филтер со
контролна асиметрија(???) на band curve и shape и на крај Spektral
Morpher - ефект кои ви овозможува да ги ископира изгледот на еден
семпл за да додадете на друг се разбира се мисли на формата на
семплот(нешто како Acoustic Mirror во Sound Forge 5), плус на
внесениот семпл можете додадете и 11 форми на трансформација.
http://www.delaydots.com/
Fruity
3.5 [22 јуни 2002]
Fruity Loops ја дочека исвојата 3.5 верзија во кој сега се надевам
дека е вклучен како VSTi клиент, интегриран Speech Engine, поддршка
за повеќе ASIO излези, нов напреден Quantizer и Chopper, DrumSynth
Live Generator (додаток), Batch Export на FX траките, Step Recording,
Copy & Paste на автоматизираните податоци, и уште неколку
новости. Повеќе тука...
Слаткиот
Sonitus... [18 јуни 2002]
Одличните ефекти на Sonitus сега се надоградени во верзија 3.
Всушност тоа е одлична колекција на fx:compressor, fx:delay, fx:equalizer,
fx:gate, fx:modulator, fx:multiband, fx:phase, fx:reverb, fx:surround,
fx:wahwah. http://www.ultrafunk.com/products/sonitusfx/
Energy
[12 јуни 2002]
Се појави еден интересен VSTi од Massiva. Тоа е бесплатен матрикс
инструмент кои морате да го земете.
Верувајте одличен е, а про верзијата е уште подобра. Патем не
завршува тука имаат уште еден бесплатен инструмент кои е специјализиран
за перкусии односно тоа е ритам машина Machine
II.
Cool
Edit Pro 2.0 [31 мај 2002]
Излезе новата верзија на Cool Edit Pro 2.0 кој е целосно multitrack
recording studio за вашиот комјутер, миксање и мастер за дури
128 траки. Сега доаѓа со дири 40 DSP ефекти, нов редизајниран
начин на пристап кон фајловите и др. Епа
видете сега...
Delay
Lama [25 мај 2002]
Delay Lama е одличен ефект кој е дизајниран од група студенти.
Патем бесплатен е верувам дека ќе ви се допадне. Симнете
го нема грешка...
GRM
Tools ST [25 мај 2002]
GRM Tools ST (Spectral Transform) сега се надополнети но штета
само во RTAS формат [формат кој е специјално дизајниран за Pro
Tools]. Новите 4 ефекти сега се дизајнирани само за финализирање
на снимките односно за пост-продукција. Прочитајте повеќе...
Cubase
SX се испорачува [25 мај 2002]
Новата генерација на секвенцери од Steinberg
веќе почна да се испорачува...
LinPlug
[25 мај 2002]
LinPlug го најавија издавањето на Delta III Matrix синтисајзерот.
VSTi кои лесно се користи, има 32-нотна полифонија, како и модуларен
така можност за проширување на самиот инструмент. Патем моментално
содржи три вида на осцилатори, три вида на филтери, четири вида
на ефекти итн. Па
проверете...
Новости
на страницава...[7 мај 2002]
Во рецензиите има опис на единствениот друм синтисајзер моментално...
Ableton
Live v1.5
Ableton
Live е софтвер специјално дизајниран за настапи во живо. Извинете
до сега што не сум го спомнал но тоа е одлична апликација. Ново
е тоа што сега има ReWire 2.0 поддршка, нов reverb алгоритам,
MIDI синхронизација, цел микс да го експортувате во wav формат,
како и контрола на програмата преку некој MIDI контролер. Проверете...
Новости
на страницава... [24
април 2002]
Во
рецензии имате нови ефекти на увид кој се специјализирани за процесирање
на вокали + има и форум па верувам дека полесно ќе комуницираме...
Виртуелни
Гитаристи [24 април 2002]
Steinberg
почна да ги испорачува виртуелните инструменти за гитаристи:
-2 VSTi за акустични и електрични гитари со интересен интерфејс
-Синхронизација со темпото на траката што ја правите
-Вклучен звуци како Spanish, Steel String, Resonator, Clean Strat,
Wah, power chords и ultra metal.
-Вклучувајќи дури 26 виртуалн свирачи и многу друго.
Нешто повеќе тука
Новости
на страницава... [19 април 2002]
... еве ја и првата рецензија на страницата за една од најпосакуваните
ефекти. Погледнете под рецензиите...
Rumpelrausch Taips ZR-3 Органа верзија
1.0 искочи
ZR-3 е виртуален инструмент направен врз база на ZR-1 'енџинот'.
Направен за Windows, MacOS и OS/X, и е бесплатен...
Тивко
но полека...
Applied
Acoustics веќе работат на самостојна или пак standalone
верзија на нивниот веќе најавен Electric Piano Lounge Lizard!.
Па верувајте со нетрпение ги чекам...
RGC
Audio [17 април 2002]
Ако погледнете подолу од истоимената фирма ви даде одличен бесплатен
виртуелен инструмент. Е па сега има неколку поправки кај него
па симнете го, а плус тоа не е голем...
Sonic
Foundry Sound Forge 6 [17 април 2002]
Sound
Forge 6; бездеструктивно едитување, мултитаскинг позадинско рендерирање,
нов DirectX менаџер, нов вид на редерирање на видеото, сега подджрува
и датотеки поголеми од 4 ГБ и плус имате бесплатна бета верзија
ако сакате да го пробате
сами.
Искочи
Advanced MP3 Catalog Pro v. 2.0
Оваа
програма која има интерфејс сличен како експлорерот, ви овозможува
лесно да ги каталогизирате вашите mp3-ојки на вашиот тврд диск,
CD-ROM-ови, од вашата мрежа и др. Можете да ги организирате во
категории и можете да давате коментар за сите директориуми, како
и останати медиуми.
Самата програма однапред го чита ID3 податокот, но можете за секоја
датотека и сами да додадете свои информации како име на артист,
жанр, година и сл. Инаку самата програма не го користи досадниот
датабаза 'енџин' со што ќе ви овозможи побрзо и полесно пребарување
на податоците. Инаку листат можете да ја експортувате како RTF
или како HTML и други кои ќе ви овозможат полесно да ги делите
вашите информации со други луѓе. Или пак од самата програма има
направено осиромашена верзија која само ќе ги чита податоците
од вашите веќе зачувани каталози. Изгледот на програмата е интересно
направен и можете да го менувате, а патем и доаќа со 23 јазични
датотеки.
Па проверете..
MHO 2
Има
една интересна flash апликација на интернет преку која можете
да ги научите сите акорди и сл. што ви треба за да ја знаете основата
при свирење со синтисајзер. Проверете...
RGC Audio
RGC
Audio го издадоа Triangle II, бесплатен
VST инструмент кој бои требало да биде сличен на Pentagon 1, Доаѓа
со многу можност па да не ги пишувам симнете го.
NAMM 2002 [Native Instruments]
NAAM
2002 изгледа ќе биде уште едно
место каде софтверските производители на музички апликации ќе
ги претстават своите најнови програми.
- Пред почетокот на саемот Native
Instruments најавија дека ќе се посветат
повеќе на Vintage синтисајзерите, но сепак прикажувањето на Kontakt
ги збуни многу луѓе кои ја пратат оваа индустрија.
Дизајнерите на Kontakt гарантираат дека програмата ќе го
користи аудио енџинот ефективно, се мисли дека е можно да употребувате
дури 256 стерео звуци. Софтверот доаѓа со модуларен систем, што
значи со вградени филтери, ефекти, модулации кои ако се вклучени
ќе го искористуваат вашиот систем а во спротивно нема да го употребуваат
вашиот процесор. Ќе има 14 вида на филтери како и вградени time-pitch
машинa.
Модулацијата е уште една интересна работа на Kontakt; тоа
значи дека сите параметри можат да бидат динамички модулирани
со LFO, step секвенцер или по пат на вашата клавијатура. Се ќе
биде прикажано графички, всушност самиот интерфејс е направен
така за да го научите многу брзо. Има вграден прегледник за семпловите,
drag 'n' drop можност и др. Инаку програмата ќе доаѓа со 3GB семплови
кои ќе бидат распоредени низ 5 диска, кои ќе содржат акустични
гитари, перкусии, басови итн. Исто така ќе можете да конвертирате
од AKAI семплови и ќе бидат поддржани VST i DXI.
Новости
од Франкфурт!!!
Reason
2
- во новиот Reason ќе ги видите напредната верзија на NN-19 дигиталниот
семплер. Потоа нов синтисајзер како и некој нови функции во секвенцерот
кои ќе ви ја олеснат работата. Проверете нешто повеќе тука...
Sonar
2 - Многу подобрувања, нешто најзабележливо
е повеќе излези за DXi, целосна имплементација на ReWire, неверојатен
друм едитор и нови инструменти.
Проверете...
Cubase
SX - Nuendo го запозна Cubase.
- Нов
аудио код.
- Нови инструменти.
- Потполна поддршка за XP.
- 5.1 миксање.
- Неограничен број undo и redo. Проверете...
Нови
Native Instruments продукти - Reaktor
3.3, Reaktor SESSION, Kontakt, Absynth, Spektral Delay 1.5, Traktor
2.0 и повеќе...
5-ти
март 2002 LinPlug
Element P Percussion синтисајзерот искочи
Element
P е реинкарнација на Roagine, VST инструмент специјално креиран
за ритам програмирање. За разлика од Roagine, е направен да се користи
полесно, тонски е многу подобар, многу повеќе ефекти.
-32-гласовна
нотна полифонија (зависи од процесорот).
-6 моно аудио излези.
-Многу параметри на кои лесно ќе се прилагодите.
-Извонреден аналоген звук.
-128 презенти вклучувајќи и 'како да почнете'.
-Специјален осцилатор, сличен на FM моделирањето.
-Сите параметри можат да се контролираат преку MIDI контролер.
7-ми
март N-Track v3.0.4 искочи
-
Поддршка за MIDI SysEx [System Exclusive] пораки.
- Поправени се грешките со процесорот кога го отварате прозорецот
со миксетата.
Проверете за повеќе тука... |