Софтвер
Овој
дел од СуперНова е наменет за општо запознавање со алатките кои
можат да ви помогнат во создавањето музика. Доколку сте сопственик
на ритам машини, семплери или сајзери (значи Hardware), овој дел
не е за вас и можете слободно да го заобиколите. Доколку пак имате
само PC и желба за работа - само напред. Нормално, доколку се зафатите
со работа сериозно, ќе ви биде потребна и стручна литература. За
среќа и кај нас можат да се најдат странски списанија од оваа област
(Свет спроти главната пошта во Скопје), а секако најдоброто од овој
вид е Computer
Music. Во него ќе најдете рецензии за најнови програми,
звучни картички и останата компјутерска опрема, упатства за најкористените
програми, совети, CD со демо програми, семплови, буквално се што
ви треба за правење музика дома, на PC или Mac. Доколку сте повеќе
ориентирани кон Hardware, покорисен ќе ви биде Future
Music (и двете од иста издавачка куќа - Future
Publishing, која ги издава уште и The Mix, X и т.н.). Што
се однесува до Интернет, најдобриот сајт со совети, информации за
нови програми, рецензии за програми и линкови за нивно симнување
е Shareware
Music Mashine. Уште една таква страница е и MusicShareware.
Посетата е задолжителна.
Бидејќи живеете во Македонија, и најверојатно имате PC, сигурно
сте запознаени со феноменот на пиратеријата, crack-овите и сл.
Ако барате crack-ови за Audio Software на овој сајт, нема да ги
најдете.
Прво од морални причини. СуперНова настојува да афирмира една сцена,
субкултура, движење, а не да подржува пиратерија.
Едитори
Аудио
едиторите се многу корисни алатки. Со нив можете да снимате на диск
и што е уште поважно да ги обработувате, односно едитирате звучните
записи. Зависно од квалитетот, едиторите нудат разни можности, кај
некои и понапредни и професионални, повеќето имаат вклучено бројни
ефекти, а преку подршката за разните видови плагини (Direct X, VST)
уште повеќе ја прошируваат својата функционалност. Некои од подобрите
се:
Cool Edit
Pro е одличен аудио едитор. Не само што има опција за класично
едитирање, овој програм овозможува и мултитрак едитирање и миксање.
Подржува Active Movie и DirectX плагинови, но за жал не и VST.
Дефинитивно најдобриот софтверски дигитален аудио едитор е Sound
Forge на фирмата Sonic
Foundry. Доколку навистина сакате да работите аудио, дефинитивно
мора да се запознаете со овој програм. Подржува бројни напредни
функции, вклучува голем број ефекти, а преку DirectX овозможува
и употреба на плагини. Вистинска професионална алатка.
Самото тоа што е производ на Steinberg доволно зборува за квалитетот
на Wave Lab. По своите можности е во рангот на Sound Forge, а според
некои е и подобар од него. Како и Cool Edit Pro, Wave Lab преку
Audio Montage опцијата овозможува аранжирање на аудио клипови на
неограничен број канали. Доаѓа со одреден број ефекти, а бидејќи
е од истата фирма која го промовираше VST стандардот подржува VST
плагини, како и Direct X.
Софтверски
Синтисајзери
Софтверските
синтисајзери се основата и иднината на компјутерската музика. По
своите перформанси и можности, тие за брзо време ги достигнаа хардверските
синтисајзери на звук, а иднината секако им останува на софтверските.
Ги има разни, некои подобри, некои помалку добри, дел се емулации
на стари, класични машини, а дел се нови виртуелни машини. Во основа,
предноста им е што се далеку подостапни и поефтини од хардверските,
не се потребни километри кабли, имаат неограничен број мемории,
лесна интеграција со секвенцерите и непотребноста од миксери.
ReBirth
е можеби најпознатиот soft-synth, емулација на култните Роландови
машини, TB-303, TR-606 и ТR-909. Интересна машина, но во посериозна
работа може да послужи само како помошна алатка. Далеку пофункционален
е долго очекуваниот Reason (линкот води до натпис за прогрaмот),
исто така од фирмата Propellerheads,
една модуларна машина, која вклучува soft-synth, ритам машина, loop
player, миксер и ефекти.
Retro AS-1 одличен soft-synth од фирмата Bitheadz. Достапен и во
форма на VST инструмент кој може да се користи во Cubase и другите
програми кои имаат VST 2 поддршка.
SimSynth
е интересен софтверски синтисајзер. Има три осцилатори, филтри,
ЛФО, ефекти, се на се многу копчиња со кои можете да си играте и
да го модулирате звукот. Она што особено паѓа во очи кај SimSynth
е неговиот одличен изглед кој дава чувство дека се работи за вистинска
машина и во многу ја олеснува работата. Уште една позитивна работа
е што неговиот интерен формат може како таков да се користи во Fruity
Loops без потреба од извезување вавови.
Fruity
Loops е еден мошне интересен програм. Во основа е ритам
машина со интерен миксер и MIDI подршка. Плејлистата овозможува
со Fruity Loops да се прават и цели песни со едноставно редење на
шаблоните (patterns). Така Fruity Loops ги надминува можностите
на обична ритам машина и станува тракер крајно лесен за користење.
Вклучува и сопствен soft synth TS-404 и подржува VST плагини. А
со најновата верзија Fruity Loops 3.0, освен новиот изглед, носи
проширување на своите можности, со новиот систем на плагини кој
покрај ефекти подржува уште и надворешни генератори (soft-synths),
потоа долго очекуваната клавијатура (piano roll), подобрен систем
на употреба на ефектите со можност дел од нив да се испраќаат на
одредени канали (send effects) и уште некои новости.
1
2 3
|