Мастеринг
за почетници
Добар
мастер може да донесе разлики меѓу вашите траки кои можат да звучат
досадно или бидат исполирани како професионалните траки. Тука
нема тајни како што мислите...
Мастерот
е црна слика што се однесува до многу музичари. Мастер е процес
што ги доведува вашите траки да звучат добро кога ќе се пуштат
на радио, телевизија или кога ги слушате на диск. Исто така тој
е процес кој ги прави вашите различни траки да звучат на исто
ниво. Мислам јачината на тракаите да биде иста.
Границата
помеѓу миксањето и мастеризирањето треба да биде одлучувачка средина
гледано од некоја точка. Најчесто миксот е завршен кога сите звуци
се одлично избалансирани, јачината е нормализирана. Се разбира
вие треба да бидете задоволни со вашиот звук зошто повеќе луѓе
мислат дека мастеризирањето ќе ги спаси нивните траки да звучат
лошо. Значи откако ќе бидете задоволни со миксот тогаш преоѓате
на мастеризирање. Мастеризирањето на компјутер обично се состои
од три процеси: како прво компресирајте ги звуците за да звучат
погласно, потоа еквилајзирате ако имате потреба за да може снимката
да звучи добро на повеќе системи, и нормализирајте или ограничувајте
за да јачината на вашите траки може да се спореди со повеќето
аудио дискови кои ги имате.
Па
да мастеризираме
Пред да почнете да правите нешто со вашата трака зачувајте ја
како .wav и додадете и име пре-мастер. Чувајте ја оваа копија
на страна во случај да згрешите негде па за можете лесно да се
вратите на неа, и да почнете од поново.
Секако
оваа верзија можете да ја пратите и по издавачки компании зошто
тие обично сакаат немастеризирани верзии за сами да си ја средат
работата. Зошто компресијата неможе да се врати во претходната
позиција.
Во
минатото мастерот беше резервиран за издавачките куќи и за добро
припремените домашни студија. Мастеризирањето се нема изменето
многу одамна. Дури веќе и некој еминентни студија полека користат
софтвер за средување на снимките. Но како и да е не треба да се
потценува мислењето на некој звучен инжинер, бидејќи тие со години
имаат слушано различни снимки со што нивните уши се подобро тренирани,
патем можат да забележат грешки кои ние никогаш нема да ги забележиме.
Па ако не можете да си дозволите тогаш направете го тоа лично.
Па да почнеме со некои основни трикови за мастеризирање...
1.
Почнете уште од рано насабајле. Тогаш вашите уши се уште свежи.
2. Слушајте музика најмалку 20 минути од музиката што ја
сакате, тоа би требало да ви биде добар старт.
3. Земете вообичаено одмарање на ушите со што ќе отидете
малку надвор до цигари или што и да било.
4. Споредувајте ја вашата музика со вообичаената музика
што ја слушате. Правете го тоа периодично.
5. Слушајте ја вашата музика на различни системи за да
одлучите кои мастер е најдобар, а воедно се надевам дека ќе приметите
и некои грешки.
Па
ако имате уши за ова тогаш немате проблем а да не добиете одлични
резултата. Па да видиме што софтвер ни треба за да си ја завршиме
работата.
Очигледно
следно што ни треба е wav едитор. Се надевам сите сте ги запознале
Sound Forge или пак WaveLab. Епа тие едитори се најдобри во оваа
работа.
Исто така ќе ви требаат и некои добри ефекти. На пример Waves
Ultramaximizer или на Sonic Foundry Wave Hammer се одлични ефекти
за максимизирање на снимката како и за лимитирање. Loudnes Maximizer
на Steinberg е исто така добар но може лесно да дојдете до дисторзирање
на звучната слика. Добар multi-band компресор е тешко да се најде
но затоа на Waves C4 e одличен. Има неколку алтернативи но С4
е сон за користење. Исто така RCL Renaissance Compressor на Waves
e добар стерео компресор, да ги спомнам Elctro и Opto модовите
кои се емулација на реален и софтверски компресор. За еквилајзер
можете да користите секаков параметарски или графички, но ако
може да се снајдете со TL Audio EQ 1 ефектот, тогаш сте на коњ.
Зошто тој додава некој warm звук кои ниеден друг не го прави тоа.
Патем е едноставен и лесен за користење.
За
крај ви треба ефекти за отстранување на шумови, кликови или сл.
Noise Reduction 2 на Sonic Foundry одлично си ја вршат работата.
Па
следно може да се рече дека нема да имате потреба од монитори.
Некои звучници од повисок стандард би требало да си ја завршата
работата. Во случај да имате некое малу звучниче од телевизор
или еден звучник од комјутер, тогаш поврзете го така да слушате
само моно сигнал значи на еден звучник. За да видите кои се разликите.
Сега во случај да неможете да го слушнете басот тогаш вашите снимки
се премногу тивки, исто така вокалите треба да стојат одлично,
односно супер да се слушаат. Во случај да ви се случчува ова,
тогаш вратете се и измиксајте ја повторно вашата трака.
Секогаш
слушајте ја тие мали звучници за да ја приметите секоја разлика
која сте ја направиле. Со ова ќе знаете како ќе звучи вашата снимка
на помали системи како и на телевизија.
Следно ќе одиме низ една сесија на мастеризирање...
1
2