Сесија
- чекор-по-чекор
1. Земете слушајте ги траките на малку појако за да се
осигурате дека се ви измиксано одлично и нема поаѓање на звуците
на некои делови.
2.
Земете ги вашите омилени дискови и слушајте ги на нормална јачина.
Со тоа запамтувајте ја јачината на басот, како и како се измиксани
вокалите во траката. Колку се јаки hi-hat-овите и останатите перкусии.
Запамтете го тоа...
3.
Следно отворете ја вашата трака во едиторот.
4.
Следно но нема потреба обично земете ефект за отстранување
на шумови и осигурајте се дека немате никакви шумови во тракате.
5.
Следно отстранете ја непотребната празнина што се наоѓа на почетокот
или на крајот на траката. И користете појачување и намалување
на траката на почеток и на крај за да добиете поприроден звук.
6.
Има еден проблем кои ги мачи многу луше дали да користат еквилајзер
па компресор. Но во случај да имате multi-band компресор тогаш
користет го или ако незнаете научете зошто тие полесно ја креваат
траката, а воедно го прават звукот поубав, потенок.
7.
Вратете се и слушајте ги вашите омилен дискови повторно. Тоа ќе
ви помогне да видите на што всушност работите и докаде сте со
вашата музика.
8.
Менувајте ги наизменично вашите и омилените трака на дисковите.
Користете еквилајзер ако треба. Немојте да заборавите да ја исчистите
траката од некои ниски фрекфенции до 40 херци. Зошто тие можат
да создадат несакан звук на некои звучници. Ова ви го кажувам
зошто најчесто опсегот на фрекфенциите на звучниците најчесто
е од 20-30 херци до 20000 херци. Па останатите фрекфенции можете
смободно да ги исчистите со high-pass филтер или еквилајзер.
9.
Сега е време да компресирате уште малку. Добри резултати можат
да се добијата со RCL компресорот додавајќи 2:1 ратио и висок
threshold.
10.
Сега користет го Ultramaximizer или WaveHammer за да добиете појака
снимка. Со што снимката да достигне 0dB.
11.
На ова ниво зачувајте ја снимката и слушајте ја на што повеќе
системи. Пробајте да ја споредите со пре-мастер верзијата. Се
надевам дека ќе бидете изненадени од резултатите. Доколку сте
во мисла за неколку верзии на вашите траки, тогаш зачувајте ги
сите и така тестирајте ги. Но внимавајте преименувањето на траката
да го направите така за да лесно ги запамтите.
Последната
фаза е зачувување на вашата трака. Најдобро е да направите два
директориума, еден со пре-мастер, а другиот со име мастер. Чувајте
ги копиите и од двете траки. Исто така направете и мастер диск
се разбира аудио диск, а можете ако не ве мрзи да ги запишете
и промените во текст датотеките што сте ги направиле при мастеризирањето.
1 2