Основен опис на ефектот: Compressor

Не можете да замислите само колку инжинерите сакаат да си играат со компресијата.

Компресорите остануваат уште едни од најнеразбирливите процесори, секако тие се еден неизоставен дел од секој арсенал, патем секако ќе приметите како инжинерите многу ги сакаат, поради тоа што се употребуваат за време на снимање како и за пост-продукција односно за финализирање на звучната слика.
Во главно компресорите ја редуцираат динамиката во снимањата, зошто за време на снимање ако ги конфигурирате на пример за бас линија тогаш тој ги редуцира останатите фрекфенции. На пример кога снимате вокали тогаш со добро конфигурирање на компресорот (велам добро зошто луѓе сум бил во неколку домашни студија и сосема без врска ги користат компресорите, верувам дека они знаат за што служат но за секој звук си постои посебно конфигурирање, па добро луѓе толку ли ве мрзи имате интернет имате се што ви душа сака, а ве мрзи да прочитате некоја рецензија од 5 страна барем колку да ги научите основните параметри и верувајте после ќе ви оди многу полесно, но да не должам многу ако имате нешто да прашате слободно пишете на форумот) ќе ја фатите најдобрата слика од звукот. Истото се прави и при миксање на траката. Но се разбира при миксањето имате контрола врз сите инструменти па така нивната јачина можете лесно да зголемувате или намалувате.
Користејќи компресор можете исто така да корегирате делови кои се лоши, исто како кај јачината на звукот која можете да ја контролирате со појако или послабо, така и со компресорите можете да ги појачате деловите што сте ги изгубиле при снимање. Мислам сакам да кажам со јачината на звукот можете да одите донекаде но со додавање на компресор можете да ја зголемите динамиката на звукот, а со тоа и некој ниски звуци кои не сте можеле да ги чуете исто така можете да појачате со помош на компресорот. Па така со додавање на компресор при снимање а потоа и во финализирање на траката можете да дојдете до повозбудлив звук, подинамичен микс, а со тоа и вашите песни ќе звучат погласно.

Основи

Сите компресори во основа се слични, односно сите работат на еден ист принцип. На пример кај сите компресори threshold-от е деклариран во dB, а секогаш до него има и индикатор на сигналот, но ако сигналот не реагира на threshold-от тогаш редуцирањето го вршите со помош на ratio. Ова е во основа на кој принцип работи еден компресор. Значи што е поголемо ratio-ото тогаш поголема редукција ќе биде додадена.
Ratio-от најчесто се експонира како 3:1. конфигурирајќи вака на некој звук со threshold на 3dB ќе ја зголеми јачината за 1dB. Но некогаш компресорите можат да бидат декларирани како огрничувачи(limiter), едноставно зошто ratio-ото е наместено на висока вредност, па така звукот нема да се компресира повеќе туку ќе се ограничи според threshold-от. За да го нарeчете компресорот ограничувач тогаш би можеле да импровизирате со ratio 10:1, тоа би требало да даде слични резулатати, иако постојат посебни уреди за тоа.
За да можете со помош на компресорот да звучите вообичаено, тогаш тие бараат и подесување на attack-от и release-от, односно како јачината на звукот ќе делува штом ќе дојде во контакт со threshold-от, и колку долго ќе му треба на сигналот да се качи за повторно да делува threshold-от. На пример што е побрз, сигналот ќе биде подинамичен. Едноставно мисла дека функцијата на компресорот е јасна. Патем има и компресори кои се специјализирани за повеќето dance стилови т.н. valve компресори или попознати како warm компресори, но сега да не навлегуваме во спецификациите, единствено важно е тоа што тие користат нелинеарно процесирање со што се добива warm или грубо речено го бои на некој начин звукот со што се добива на некој начин поинаков звук, па затоа треба да се знае во какви ситуации каков да се користи.

Во пракса

Се разбира витална работа при снимање е да не се дојде со звукот над 0dB, исто така и при миксање на траката. Посебно компресирање на сите инструменти ќе ви овозможи инструментите полесно да влезат во миксот. Се разбира компресорите имаат и креативен дел поготови во dance музиката каде што можете на пример да го истeнчите некој звук. Но внимавајте денешните електронски инструменти веќе доаѓаат со некоја компресија па можеби нема да можете да им додадете многу динамика односно друм линиите да бидат повозбуливи. Секако секогаш има место да се обидете, особено ако ги програмирате звуците.

 

1 2 3