Knees

Секако некогаш се преферира да се користи агресивни конфигурирања на некој инструменти користејќи hard knee со брз attack, за компресирање на целиот микс подобро е да користите меко knee. Користејќи меко knee, ratio-то на компресорот автоматски ќе се приближи до threshold-от со што ќе се зголеми процесот на сигналот, со што ќе се добие поубава компресирана слика на целиот микс. Во најчести случаи, вие треба да одлучите дали ќе користите меко или тврдо knee со што нема лесно да ви биде, па затоа нека вашите уши одлучат како е најдобро.
Некој компресори имаат мало меко knee само од неколку децибели, па во такви случаи најдобро е да се користат со 7ms attack. На некој компресори, мекото knee мислите делува дури на целиот сет со конфигурирањe некаде околу 15dB, а во некои случаи дури и подолго. Па во такви случаи немате друг избор освен да користите тврдо knee со значително подолг attack.

Envelopes

Ratio-то, threshold-от и knee параметрите сите имаат удел во компресирањето на миксот. Една контрола што има удел односно што прави голема разлика во јачината на траката е release параметарот. Тој делува на пример што покрaток release, односно што помали конфигурирања, така добивате по динамичен микс. Некои компресори користат auto-release, со кој во повеќето траки ќе ви заврши работа.
За тие со auto-release нема да имаат потреба низ целиот микс постојано да го менуваат release-от. На пример кога почнува траката најубаво е некаде да се користи околу 280ms, потоа на средина на песна на делови каде што нема друм линија потребно е некаде околу 240ms, со што ќе ви овозможи да го истакнете басот. Кон крајот на песната друм линијата сеуште доминира со што го контролира threshold параметарот, сеуште имате хармонија, но сепак звукот е динамичен и гласен.
Но сепак не ги следете сите овие променливи конфигурирања. Бидејќи тие зависат од неколку фактори. Па затоа пробајте кога компресирате да користите различни release конфигурирања, со што ќе видите која вредност најмногу ви одговара. Патем додека вршите одлука која е најдобра вредност внимавајте и на индикаторот на сигнал за да вршите и правилно поместувања и со threshold параметарот. Како и да е ова можеби ви изгледа комплицирано, но ако имате преголема release вредност тогаш може да се јават дупки во миксот, а со прекратка вредност можете да добиете многу подинамичен микс, но може да се јави 'дишење', или уште полошо ако имате некоја јака бас линија тогаш ќе ви се јави дисторзија во миксот. Па затоа вистинската вредност во миксот е до искуството, пробувањето, и правењето грешки.

Bands

За некои миксови, проблемот со премногу компресирање може лесно да го добиете. На пример во garage, некои индустриал и drum'n'bass траки како и deep house можете лесно да дојдете до грешка зошто во таква музика најчесто има еден доминантен звук па затоа се јавува дисторзија. Па затоа кога се користи компресорот најубаво е до него стално да има и еквилајзер за да ги поправите тие грешки. Еквилајзерот ќе ви помогне да ги намалите тие звуци па така ќе оставите повеќе простор за останатите звуци. Најчесто ваква дисторзија се јавува кај средните фрекфенции, зошто најчесто тие се најдoминантни и така не оставаат место за останатите ниски и високи фрекфенции.
Има уште една интересна опција, а тоа е да се користи multiband компресор кој доаѓа со пет до седум делови за компресирање па така ќе го компресирате кој сакате дел.
Компресирањето на финалниот микс во основа е највиталниот дел од музиката, зошто ако ја презентирате некаде можете да се претставите во лоша слика, па средувањето на динамичката слика на вашата музика ќе ви даде попрофесионален изглед.

Жаргони

RMS - Root Mean Square е математичко гледање на детерминирање на сигналот. Threshold сигналот ќе биде компресиран според ratio вредноста што ја користите.

Ratio - Колку е сигналот компресиран, 2:1 е половина од јачината од доаѓачкиот сигнал.

Attack - колку брзо ќе реагира компресорот штом дојде во контакт со threshold-от.

Release - колку брзо компресорот ќе го врати сигналот во нормална состојба откако сигналот поминал низ threshold.

Knee - ???

Make-up - користи за зголемување или намалување на компресираниот сигнал.

RMS и Peak
Некој модели на компресори ќе ви понудат можност за користење RMS/Peak операција, која се разбира дека и таа има некој функција, односно како компресорот ќе се однесува. Во Peak модот, контролата на јачината на звукот ќе реагира попрецизно на кратки сигнали. Со што секој сигнал ќе биде попрецизно контролиран. Но сепак и ова има некој проблеми. Користејќи го овој мод имате повеќе шанси сигналот да биде набиен. Па затоа овој мод се препорачува да се користи кога се компресираат друм линии или перкусии поединечно. За другите звуци, вклучувајќи и го целиот микс најубаво е да се користи RMS модот, бидејќи компресираните звуци човечкото уво може подобро да ги перцепира односно да ги забележува. Па така резултати се многу поприроден звук.

Sidechains

Повеќе од компресорите ја имаат способноста за sidechain влез со кој сигнал може да се контролира јачината на сигналот на другиот, па мислам дека би требало да ви биде позната оваа техника. Тоа всушност чест трик кој го користат DJ-ите за кога зборат преку микрофон автоматски да се намалува музиката. Во музичка смисла, најчесто се користи со вокал, а главен сигнал е водечкиот инструмент. Местејќи го така секогаш кога ќе дојдат во контакт инструментот и вокалот, инструментот ќе се намали колку што ви е ratio параметарот. Ова ви овозможува да не се случи никакво мешање на водечкиот инструмент и вокалот, па така кога иде вокалот ќе го слушате почисто.

Brass/wind инструменти

Brass и wind инструментите бараат транспарентен компресор. Ratio контролата е најчесто 6:1 но зависи од тоа како снимате и како е инструментот свирен. На пример ако трампета е свирена експресно и јако, тогаш бара малку потешка компресија користејќи ratio до 15:1 со јачина некаде околу 13dB, а додека флејта бара само мала јачина некаде околу 8dB. Најчесто се користи тврдо knee со краток attack околу 5ms или подолг attack. Со секој brass и wind инструмент најчесто се користи auto-release, но во случај да немате auto-release тогаш пробајте со 300ms.

Компресирање гитари

Ако работите со акустични гитари, тогаш би требало да користите valve компресор со што би додале поинтересен звук на гитарата. Но во основа секој компресор би ја завршил оваа работа. Ако е можно, користет меко knee за да не се набие многу звукот. Најчесто користено ratio за гитари е 4:1, но внимавајте на threshold-от да го наместите добро така на сигнал-индикаторот да го добиете само звукот што ви треба. Исто така внимавајте на attack-от и release-от, за да избегнете нагло рипање на звукот.
Сега доколку снимате чиста електрична гитара тогаш употребете повеќе attack за да избегнете нагло рипање при свирење или тој звук е попознат како 'pluck'.

Конфигурирање на компресорот

Најчесто компресорите на почеток можеби ви изгледаат комплицирани, но конфигурирајќи го компресорот за повеќето звуци е лесно, и како прво не морате толку да се грижите за threshold-от. Стартувајте местејќи го ratio-то. Почетна стартна вредност е околу 3:1, патем имајте ја при себе табелата за стартните вредности на компресирање на поединечни инструменти.
Штом го наместите ratio-то, наместете го threshold-от на -8dB, за да сигналот се прикажува на сигнал-индикаторот, а во случај да ви треба подинамичен или т.н. 'pumping' звук тогаш пробајте со повеќе. Исто така release-от би требало да го наместите на најбрзо за да овозможите pumping звук (ако е тоа што ви треба), ако не добар старт е пола секунда со брз attack. Ако компресирате перкусивни инструменти, внимавајте на attack-от за да видите дали добро звучат. Ако работите со вокали тогаш користете меко knee со брз attack, па потоа полека подесувајте го release-от за да го добиете саканиот звук.

Конфигурирања

Важно е дека нема строги правила за конфигурирање на компресорот, но сепак еве стартни позиции на најчестите конфигурирања. Користете ги овие како почеток, но најважно е да експериментирате.

 

 

Главни конфигурирања
Attack: Fast
Release: 0.8s/Auto
Ratio: 5:1
Knee: Soft
Gain red: 8dB

Главно миксање
Attack: Fast
Release: 0.6s/Auto
Ratio: 2 - 5:1
Knee: Soft
Gain red: 2-9dB (Stereo Link On)

Вокали
Attack: Fast
Release: 0.5s/Auto
Ratio: 2:1 - 6:1
Knee: Soft
Gain red: 3-9dB

Акустични гитари
Attack: 5 - 15ms
Release: 0.4s/Auto
Ratio: 5 - 9:1
Knee: Soft/Hard
Gain red: 5-11dB

Електрични гитари
Attack: 2-7ms
Release: 0.5s/Auto
Ratio: 9:1
Knee: Hard
Gain red: 5-11dB

Друм/перкусии
Attack: 1-5ms
Release: 0.2s/Auto
Ratio: 5 - 10:1
Knee: Hard
Gain red: 5-15 dB

Бас звуци
Attack: 2-8ms
Release: 0.4s/Auto
Ratio: 4 - 12:1
Knee: Hard
Gain red: 5-13dB

Brass инструменти
Attack: 1-5ms
Release: 0.3s/Auto
Ratio: 6 - 15:1
Knee: Hard
Gain red: 8-13dB

1 2 3