Бас

Бас звуците најчесто бараат јака компресија, инаку при снимање важно е да не се обидувате да додавате многу компресија, за да можете да делувате после. На пример при снимање на бас линијата најубаво е да се користи компресија околу 2:1 а threshold-от да го поставите така на индикаторот за сигнал да добивате некаде 3dB. Всушност со тоа ќе имате шанса да не ви се појави 'peak' во сигналот додека го снимате, инаку немате потреба од некои луди конфигурирања, но сепак треба да водите сметка на амплитудата со помош на attack и release. Така што местејќи го knee на hard а користејќи го attack-от со 10ms, а releas-от местејќи го на 200ms за така да не добивате pumping звук.
Кога снимате бас линија немојте да користите многу releasе бидејќи некаде со 300ms компресорот почнува да делува на ниските фрекфенции и со тоа се добива дисторзија. Исто така се конфигурира и за вистински бас гитари но само со малку поголемо ratio, некаде 4:1 со што некој ниски звуци мислам дека добро ќе се снимат. Па така потоа во миксот можете да му додавате луди компресии па ако згрешите можете да се вратите пак на оригиналниот звук. На пример во многу dance траки бас линијата е движечка па затоа пробајте да додадете повеќе компресија стартувајќи некаде со 5:1, наместете го тhreshold-от за така да добивате на сигнал-индикаторот некаде околу 8dB користејќи го со 5ms attack и 150ms release. Пробајте да го намалите attack-от со што ќе добиете низок pumping звук.

Друм

Снимањето на друм звуците бараат многу внимание, бидејќи лесно можете да го унишнтите attack-от, значи тука е полесно да се користи ограничување(limiting), во најчест случај valve компресор ќе заврши работа зошто е способен да фати поинтересни звуци. Ограничувајќи го друмот можете лесно да дојдете до максимизирање на звукот. Па затоа кога се снима друм линија се користи високо ratio, 10:1 за да се ограничи друмот, тоа е всушност најчесто конфигурирањe.
Attack-от и release-от исто така играат важна улога. Намалувајќи го attack-от влезниот сигнал доаѓа како недопрен, а додека со 100ms release звукот е некако помек. Снимањето на перкусии исто така бара повеќе внимание. Во основа нема потреба од компресирање зошто тие треба да бидат посветли за да седат подобро ви миксот. Исто такa при снимање треба да внимавате да недојде до clip. На пример користете 1,5:1 ratio, а threshold-от наместете го така да регистрира само мал сигнал на индикаторот, па така attack-от наместете го на 15ms а release-от на 80ms за да нема потреба компресорот долго да реагира до следниот звук.
Сигурно сте приметиле колку dance траки имаат длабок друм, тоа се изведува со внимателно креативно компресирање, на пример ratio-то на 8:1 а threshold-от некаде на -15dB, со тоа добивате подлабок звук, се разбира attack-от некаде на 15ms a release-от на 210ms.

Рифови

Главните рифови кој идат во целата трака треба нежно да се компресираат. Ако многу се компресираат тогаш тие ќе ја изгубат својата светлина. Значи пробајте со 2:1 ratio, threshold-от да регистрира само мал отклон на индикаторот на сигнал. Исто така треба да не ги заборавиме attack-от и release-от. Па така attack-от наместет го на некаде 50ms, а додека release-от некаде на 200ms за да не се јави нагло отскокнување. По снимањето, рифовите бараат нежна компресија, значи 3:1 е најчесто. Но како и да е threshold-от треба да го наместите така да и најтивките звуци се регистрираат на индикаторот на сигнал, за така компресорот го компресира цел звук дури и тие со ниска јачина. Секако attack-от наместете го некаде на 50ms а додека release-от некаде на 200ms за да не се јави многу брзо отскокнување.

Се останато

Исто како и со рифовите, останатите звуци како стрингови, арпегатори треба да бидат компресирани така за да бидат на иста јачина(volume). Ова најчесто се прави со компресирање на цела група, зошто тие бараат во главно исти конфигурирања, единствено тие бараат различен release параметар, но ако имате компресор со аuto-release тогаш нема да имате никаков проблем. Во случај да немате тогаш кратките рифови тие треба малку да отскокнуваат па така некаде 140ms би било добро, а додека долгите рифови и арпегаторите накаде со 280ms за да не се јави нагло отскокнување. Јачината на компресирањето би требало да биде многу мала некаде околу 2:1, а threshold-от да биде многу висок за да го препознава првиот сигнал на индикаторот на сигнал, исто така користете тврдо knee и краток attack од 5ms за да компресорот стартува веднаш штом регистрира звук.

И останаа вокалите

Препорачливо е во текот на снимањето вокалите да се компресираат јако, но да не го извадите животот од нив. Некои професионални вокалисти имаат своја техника на компресирања, на пример кога се пее погласно да се одалечува од микрофонот, но како и да е треба да се компресира во текот на снимањето.
Човечкиот глас не секогаш е константен па затоа во текот на снимањето треба да внимавате и на јачината намалувајќи ја и зголемувајќи ја. Нема потреба од креативно компресирање, единствено ако сакате многу да се приметува. Ве предупредувам дека ако јако компресирате внимавајте можете многу лесно да ги уништите вокалите. Најчесто правило е што повеќе бучен вокал тоа повеќе компресија. Исто така, ако при снимање нe користите компресор тогаш има тенденција да кога е низок вокалот да се губи под инструментите.
Компресирањето вокали зависи од вокалот кој го користите. Машките пејачи најчесто бараат јака компресија, брз attack и меко knee, за штом дојде вокалот со компресорот веднаш да процесира, а мекото knee ќе ви овозможи да добиете поприроден звук. Вокалите се компресираат со ratio 3:1, а threshold-от поместет го така да на индикаторот се гледа целиот сигнал. Release-от треба да биде многу краток зошто со големи вредности може да се ја оној pump звук.
Секако повеќе од времето може да се јави деструктивно дишење или несакано рипање на гласот, но тоа може да биде важно движење, бидејќи со нив можете да го движите миксот, практично со вокали. Бидејќи најчесто се многу гласни има неколку начини да се приближите кон нив.
Во контекс на компресирање на целиот микс бидете внимателни параметрите на компресорот да бидат така наместени да реагираат на вокалите, со што ви овозможува да звучат подобро. На пример кога завршува пеењето на главниот вокал тогаш арпегираните звуци имаат тенденција да рипнат за некој децибел, па затоа вокалите треба да ги насочите со side-chain (мислам дека само кај Logic Audio и Waves сум сретнал таква опција, не зборам за хардверските компоненти) кон арпегираните звуци, а тие пак кон главниот излез. Па така рифовите кога ќе стартува вокалот тие ќе се намалат. Рифот се компресира со 3:1 и низок threshold, а додека attack-от е многу брз а release-от некаде 160ms. Всушност releas-от треба да биде наместен внимателно за да не дојде до аудиобилна дисторзија со што траката мислам нејзината јачина би рипнала на минимална вредност.

Компресирање на целите миксови

Повеќето од денешните популарни видови бараат појака компресија. Принципот е да се зголеми динамиката, со што траката би станала по гласна и со себе би носела повеќе возбуда што би делувала кај слушателот. Во повеќето форми на музика движечката енергија се наоѓа на дното од миксот, со други зборови кај ритам или друм секцијата. Бидејќи компресорот работи на принцип да ја редуцира јачината на секој звук под threshold-от, значи ако го наместите така да делува повеќе на него тогаш ќе го добиете тој pumping звук. А лошо е ако ставите поголем release тогаш кога ќе удира секој друм тогаш секој звук што ќе иде со него ќе се намали и така тој ќе стане доминантен, односно ќе создава дупки во миксот.

Бидете симпатични

Клучот за да направите импресивна компресирачка работа е во симпатичните конфигурирања. Не мора да го набиете звукот до смрт. До сега би требало да ги имате сите звуци компресирани како што треба, значи се е како што треба. За да почнеме, треба да сватиме дека компресорот е процесор и така ќе биде поставен на финалниот микс. За да компресирате, мислам денешните најпопуларни видови на музика бараат најчесто ratio околу 1,5:1 или 2:1, комбинирано со ниско threshold конфигурирањe за да делува на целиот динамички опсег на песната. Сепак запамтете кога користите финална компресија важно е што повеќе threshold тоа повеќе ratio, за да на индикаторот на сигналот го имате повеќето од динамичкиот дел од песната. На пример хип-хоп музиката или dance музиката можат повеќе да се компресираат, како хип-хопот кој може да користите јако ratio некаде 5:1 но затоа ќе треба да го зголемите thresholdot почнувајќи од -10dB па надоле.

 

1 2 3