| Научете 
              ги пократките копчињаОва сигурно ќе ви помогне во работата со секвенцерите. Па ако ве 
              мрзи барем научете ги копчињата од transport барот.
  
              Земете ги најновите драјвериИзгледа дека производителите на звучни картички константно ги надградуваат 
              драјверите. Па затоа погрижете се да ги симнете најновите од страната 
              на производителот.
  
              Свирете во живоКога снимате делови, пробајте да ги снимите сите во живо. Кога некогаш 
              имате проблем со некој дел тешко да го исвирите, тогаш намалете 
              го темпото.
  
              КопирањеПробајте некој дел да го ископирате на повеќе канали и потоа да 
              му ја менувате банката. Најчесто испаѓе убаво со 'пад' линиите.
  
              Направете своја песна кога се вчитува секвенцеротСекој секвенцер си има своја основна песна. Пробајте да ја промените
 такашто ќе си ја наместите како што вие сакате.
  
              Зачувувајте и правите back-up истовременоПроверете случајно вашиот секвенцер да не има можност да зачувува 
              сам на некое одредено време, или да прави back-up на песната сам.
  
              Прво аудиоКога работите со двете: со MIDI и со аудио, пробајте прво да ги 
              снимите аудио деловите, па наместете ги така како предходниот за 
              да се совпаѓаат со MIDI деловите. Тоа се вика MIDI тајминг, зошто 
              некогаш се случува MIDI-то да ви касни.
  
              ПачовиНа крајот од секоја сесија кога ќе завршите, зачувајте ги MIDI деловите 
              во SYSEX формат. За да нареден пат кога ќе работите да не мора пак 
              да ги вчитувате истите.
  
              Читајте ги упатстватаПред да поставите некое прашање за софтверот што го користите,
 прочитајте го упатството што доаѓа со програмата. И видете да не 
              има случајно при секое старување на програмата да се вчитуваат типови 
              на денот, зошто така полесно ќе ја научите програмата.
  
              Expression vs VolumeПовеќе MIDI фајлови најчесто ги користите со volume за да ги кренете 
              и да ги спуштите. Но што може да се случи: Некогаш кога ј асредувате 
              песната можеби ќе треба да ја смените јачината на звукот па така
 ќе треба да го смените и volume-от. Па затоа користете го Expression 
              контролерот. Со него полесно ќе ги менувате нивоата на звуците.
  
              Обојте ги деловитеМногу секвенцери имаат можност да ги бојат деловите. Па користете 
              го тоа. Така полесно ќе ги распознавате звуците.
  
              ОрганизирајтеКога правите некоја песна, организирајте. Така што ставете ги аудио 
              деловите во еден фолдер, миди во друг итн.
  
              Други друм линииДелови од вокали како (ах,ух и сл) звучат добро со tom, ниските 
              басови можат да го подобрат значењето на tom-овите, или пробајте 
              да ги дуплирате ниските басови со kick линиите.
  
              Направете забелешкаАко вашиот секвенцер има текст едитор, земете во него да запишувате 
              до каде сте за да знаете нареден пат што да правите кога ќе ја уклучите 
              песната.
  
              Pitch друмЗа етно друм линии провајте само да им го смените 
              pitch-от.
 |