Аудио CD-то го слави својот 20 роденден

1982 година е обележана како година за кога првпат ќе се појави аудио дискот. Поточно на 17 август PolyGram почна масовно да издава дискови со класична музика. Првиот поп диск беше на ABBA албумот "The Visitors". Стартувајќи со 376,000 'silver discs' уште во првата година. Денес Universal Music кој се водачи во оваа индустрија имаат произведено преку 1,8 билиони дискови.

Креаторот на дискот е Philips со PolyGram. Првата материја всушност била пластицна поликарбонатна материја која до ден денес има претрпено многу промени.

Во 1982 година Sony го претстави првиот CD player во Јапонија. Нивниот прв диск беше од Billy Joel со албумот "52 Street" (Sony Music). Во Америка во првата година ќе бидат продадени 30,000 CD player и 800,000 музички дискови.

Red Book - Светски стандард за музички дискови
Philips и Sony работеа самостојно на создавањето на дискови. И двете компани на пазарот искачаа со свои програми, но конечно седнаа и се договорија и така се создаде еден стандард за складирање на податоци, поправка на грешки и сл. и го нарекоа Red Book (IEC-908). Овој стандард беше создаден во секој CD player и секој CD-ROM читач за да може да го свири секој аудио диск.

Деветата симфонија и дијаметарот на аудио дискот
Philips на почетокот предложи дискот да биде со дијаметар од 11,5 cm со времето на свирење на еден диск би бил 60 минути. Но сепак многу луѓе се пожалија со тоа што ќе се случи ако сакаме да ја ставиме Деветата симфонија на Бетовен која е долга 74 минути. Па после побуните не некој важни луѓе кој го оценија овој потег на Philips како неправилен се дојде до заклучок дискот да изнесува 12 cm со што се добива 74 минути. Подоцна искочи и CD single кој е со дијаметар од 8 cm со 21 минути можност за свирење.

CD-ROM - Mинијатурна библиотека
Брзо стана јасно дека новиот формат беше способен и за други работи освен за музика. Па така во 1992, 10 години подоцна од музичкиот диск се појави CD-ROM (ROM= Read Only Memory). Односно формат кој штом се сними неможе да се избрише. Така со капацитет од 650 МБ односно со меморија повеќе од 450 floopy дискови, дискот стана неизбежен медиум за игри, софтвер, научни истражувања и друго.