Ableton Live 1.5

mainLive е аудио секвенцер кои ви овозможува да го користите како инструмент со што ќе ги донесете семпловите од различни програми (моментално само Logic, Cubase, Reason и ReBirth), како и свои семплови. Одличен е за DJ, за настап во живо, за правење ремикс на некоја песна и сл.

Live ви овозможува сите семплови да бидат наместени според темпото без потреба вие сами да го менувате pitch-от на семплот. Дури и семплови со различно темпо одлично се синхронизираат. Семпловите можат да бидат свирени низ програмата со што можете веднаш да ги снимите во самата програма, а исто така можете да ја користите компјутерската тастатура или во случај да имате MIDI клавијатура тогаш можете на секое копче пооделно да додадете по некој параметар. Drag-and-drop исто може да се користи, па дури и додека ви свири секвенцерот, со што финалниот продукт, значи заедно со автоматизации, ефекти, можат да се експортуваат или пак да се снимат во самата програма.

Можности

- Свирење и снимање на аудио во real-time
- Процесирање на звукот користејќи ефекти во вид на синџир
- Барање и преслушување на семпловите на дискот пред да ги вметнете во програмата
- Пост-едитување на вашата live снимка во целосни детали
- Автоматско синхронизирање на семпловите
- Едноставно се интегрира со секој софтвер или хардверска компонента (се разбира доколку ја поддржува).

Свирење и Снимање на семплови

Live ви овозможува да создадете сет од секој семпл со што секој ќе биде синхронизиран со себе. Можете да ги стартувате семпловите користејќи ја тастатурата, глувчето или пак MIDI ноти. Исто така може да се менува квантизацијата за да се добие ритмичко прескокнување (нешто во стилот на новиот албум на Plasticman кој на тој принцип ги има споено траките). Па така бидејќи аудиото зависи од вашиот тврд диск, во тој случај можете да создадете сетови кои би траеле со саати.

Снимањето на новите клипови може лесно да се направи со користење на веќе постоечките. Например користејќи ја клавијатурата или тастатурата, можете лесно да уклучувате еден или да исклучувате, или пак да рипате од една секција на друга, со што нема да имате потреба да ја исклучувате музиката со што тие одлично ќе бидат синхронизирани. Исто така важна улога имаат и изборот на квантизација со што ако го наместите на еден бар тогаш програмата ќе го свири семплот се додека не изберете друг. Мислам промената на семплот од еден на друг ќе трае за еден бар. Можеби не ме разбирате но верувајте многу е лесно и навистина има да добиете импресивни резултати. Благодарејќи на real-time квантизација ќе добиете loop-ови кој ќе бидат одлично исечени и синхронизирани со времето.

Ефекти

Секоја трака, како и send или bus каналите можат да имаат синџир од ефекти. Одлично е тоа и додека свири музиката можете да внесувате ефекти без да осетите оптоварување на системот. Доаѓа со специјални високо квалитетни ефекти, кои се способни драстично да се менуваат, како и лесно да се манипулира. Исто така подржува и VST ефекти кои можат да бидат прикажани како MIDI контролери, патем секој параметар може да се автоматизира.

Семплови и ефекти

Семпловите во програмата можат да се слушаат како и да се внесуваат преку вградениот прегледник или browser, со што семпловите се преслушуваат со притискање на слушалките кои се наоѓаат на врвот од прегледникот. Супер е тоа што додека ви трае траката можете да стиснете на семплот во прегледникот, мислам пред да го внесете притискате на семплот и тој се стартува во моментот кога ќе почне нов бар, со тоа автоматски немате потреба да го ставате во аранжерот па да видите како ќе се совпадне со другите семплови, па ако не се совпадне да го бришете. Мислам дека тоа е една одлична работа, а воедно се заштедува многу време. Прегледникот е поделен на три дела па така можете да си изберете три различни локации. За ефектите освен вградените кои доаѓаат со самата програма, имате и одделен прозор за VST ефектите. Инаку ако веќе користите секвенцер како Cubase или Logic тогаш можете да го специфицирате нивниот фолдер на VST ефекти па така да ги користите нивните. Тоа е да не се збуните зошто при стартување на програмата по стандардно VST директориумот е лоциран во директориумот каде што е инсталиран Ableton-от, ова ви кажувам во случај да не земете да ги копирате или инсталирате ефектите од почеток.

mixerАранжирање

Секое движење во една сесија можете да го снимате. Сесијата која сте ја снимале е графички прикажана во аранжерот, со што можете понатаму да го поправате или да му додавате ефекти до најситни детали. Во случај да сте автоматизирале некој ефект, вредноста можете да ја видите со што на траката каде што е внесен ефектот ја проширувате и потоа кликате на параметарот кои сте го автоматизирале. Можеби ве бунам но кога автоматизирате некој параметар се разбира со снимање, после тоа тој е маркиран со некоја боја, зависи од скинот кој сте го избрале, а ќе заборавев има и скинови кои се навистина интересни.

"Едитувањето" на аудиото е многу лесно и брзо. Само изберете ја квантизацијата и семплот сам се прилепува при зададената квантизација.

Warping Time

Time-Warping-Engin е процесот кој го користи Ableton за да ги стесни или прошири семпловите кои вие му ги задавате. Одлично е тоа што иако семплот е читан директно од тврдиот диск, вие сепак можете еден семпл да го делите на колку што сакате без да има потреба да го копирате па од поново итн. Самиот семпл што го делите е синхронизиран со темпото кое вие го имате зададено или пак доколку го контролирате Ableton-от со некој апликација тогаш спрема таа апликација.

Time-Warping-Engin-от е контролиран од warp маркерите кои можат да бидат позиционирани слободно. Сега во случај да користите некој краток семпл тогаш нема да имате потреба од маркери но во случај да работите на некоја песна која трае од 5 минути тогаш изборот е ваш, можете да ставите колку сакате маркери.

Аудио интерфејс

Ableton-от ги користи веќе познатите драјвери ASIO, но исто така може и со Direct Sound драјверите. Но во случај да го користите со некоја друга апликација препорачливо е да се има ASIO драјвери за да нема никакво каснење.