Сцена
Современата
македонска електронска сцена е во развој. Се појавија голем број
нови и млади автори, но за жал сe уште е скромна што се однесува
до изданијата. Што се однесува до другите фактори кои ја прават
сцената - сцена, ситуацијата е следна:
Публика - постои, мала по број, но затоа таа што ја има е доволно
музички едуцирана и знае да познае квалитет.
Медиуми - клучни за промоција на сцената, за жал ги има малку
од овој тип (читај: еден - канал
103 и по некоја емисија на локалните телевизии). Издавачка
дејност - две, три професионални издавачки куќи, од кои едната
работи со најголемите македонски имиња (Трето
Уво), а другата се занимава со новата македонска поп сцена
(Авалон).
Заедничко за двете е што се свртени кон комерцијални изданија,
пазар и потрошувачи (какви - такви). PMG Recordings се јавува
токму на овој простор (кој впрочем PMG Collectiv-от и го покрива
преку 103ка, журки и сл.) и иако не сосема професионално, сепак
успева некако да издаде две компилации - први изданија од оваа
сцена. Понатаму следуваа и едно миксано CD и CDто на Psychos.
За поздрав е и секој обид на самите автори, самостојно да ја издадат
својата музика (НДРЈ и Сако).
Случувања (свирки, концерти, презентации..) - премалку. Скопје
е далеку назад од другите градови во однос на случувањата (ноќниот
живот во Скопје е супер, да, ако е супер на секој чекор да има
кафулиња и да работат до 5 сабајле). Во Скопје,
освен редовните журки со локални и странски DJ-и, ретко да се
случува нешто покреативно на тоа поле. А потребна е само идеја
и добра воља.
Автори
На
овој простор е планирано да се претстават поодделно некои од музичарите,
со некои информации, слики и mp3-ки.
Изданија
Macidonia class of 999 PMGCD0001