20 типови за како да ги подобрите друм линиите

1. Решете што сакате да правите - направете вашите дарум линии да звучат вистински, или продуцирајте ги така што никогаш да не можат да ги исвири некој тапанар. Двата совети се креативни.

2. Ако сакате вашите snare и tom да звучат реални, тогаш играјте си со динамиката на тие звуци, Вистинскиот тапанар никогаш нема да може да ги исвири тие звуци со иста динамика како што вие ќе ја направите.

3. Ако сакате да креирате некоја хипнотизирачка друм линија, тогаш обидете се да направите меѓу деловите кога ги менувате звуците да ставите fill (кусо кажано тоа е кога идат повеќе звуци од друм,snare, tom и сл. од еднаш).

4. Повторување на секоја 8 или 16 нота со hi-hat, може да стане досадно и заморувачки. Обидетесе да им ставите динамика.

5. Ако повторно ви е досадно тоа со hi-hat-овите, обидете се да ставите нешто како marabas, cabasa и други звуци зошто тие служат на ист начин како и hi-hat, open hi-hat и други. Мислам користете ги алтернативно за да ја подобрите ритмичката секција.

6. Некој т.н. beats како snare имаат голема важност ако ги ставите како flame, односно кога почнува едниот звук а другиот иде после него како послаб.

7. Еден од најлесните начини за да траката има некое ритмичко движење, најубаво е bass drum, snare, линиите да им ставите delay или да ги поместите. Тоа најлесно се прави во софтверските секвенцери. Но немојте да претерувате за да не направите салата.

8. Внесувањето на временско ехо или delay може да внесе нешто интересно во вашата музика. На пример обидете се со трикратен delay да ставите на некој звук како marimba и да го пополните со некој интересен звук, сигурно ќе добиете некој интересен звук како Африканските.

9. Пробајте да внесете дисторзија на звуците како snare и bassdrum. Во основа ефектот на гитаристите како 'overdrive' најдобро се користи. Но немојте да претерате, единствено ако сакате така да звучи.

10. Ако веќе ставате reverb на друм линијата, обидете се тоа да биде gated reverb. Тој звук можеби ќе ви звучи неприродно но затоа дава најдобар ефект.

11. Едно златно правило во квантизацијата е да не ја користите премногу. Односно користете ја колку да поправите некој грешики при снимањето на линијата.

12. Денешниве секвенцери имаат многу креативна квантизација. На пример можете да ја земете ритмичката линија на еден дел за да ја додадете на друг. Пробајте да користите некој инструмент за додате ритмичка линија на вашата друм линија.

13. Ако користите многу семплови, а не сакате да се зафркавате со работи како timestrech за да го добиете вистинското време, тогаш земете го Steinberg ReCycle. Тој може семплот да ги исецка на посебни семплови.

14. Ако сакате да направите некој џез ритам. Обидете се да го замените hihat со ridecymbal а snare со brush звук. Зошто тие звуци се асоцирани со џезот.

15. Ако сакате многу да си играте со друм линиите тогаш земете секвенцер како Cubase, зошто на многу луѓе им јасно со колку тешкотии се сретнале кога користеле нотен запис како начина за да прават друм линии.

16.Запомнете дека друм линиите и бас линиите се во меѓусебен однос. Што значи неможат еден без друг бидејќи тоа ја исполнува ритмичката секција.

17.MIDI песните односно датотеките можат да бидат многу корисни. На нив можете да најдете инетресн ритам само сменете ги каналите и ставете некој омилен звук место него.

18. Пробајте на друм линиите да внесете нешто како вокал или како звук на плоча.

19.Пробајте на друм линиите да внесете многу низок бас. Најчесто ако правите drum'n'bass или trip-hop.

20.Немојте да го злоупотребувате pan-от. Друм и бас линиите идат во центарот. Но секогаш има место за експериментирање во музиката.