Make your own free website on Tripod.com

CD жаргоните објаснети одблиску

Нешто повеќе
Историја како настанал првиот диск.

9660
Или поточно ISO 9660 тоа е стандарден формат создаден од Интернационалната Стандардна Организација за CD-ROM дискови за користење во компјутерите.

Buffer Underrun
Грешка која ја јавува програмата во случај да престане протокот или трансферот на податоци додека
CD-R дискот ја снима содржината.

CD (Compact Disc)
Популарен формат за оптички дискови оригинално создаден од Sony и Philips за музика и секако за податоци, видео дата и др.

CD-DA
Compact Disc Digital Audio е стандарден формат за компакт дискови и плеери користен за огромниот пазар на музички апликации, исто така е познат како Red Book

CD-I
Compact Disc Digital Interactive е стандард за дискови кои содржат комбинација од звук, слика и компјутерски инструкции или уште познат како Green Book.

CD-R
CD-R е уште едно име за снимани, или пак еднаш пишувани дискови, исто така познато под многу имиња: one-off, blank CD и златен или gold диск. Податоците се снимани со ласер и електрониски се затвараат.

CD-ROM
Compact Disc Read-Only Memory е вид на оптички диск кој ја користи истата базична технолигија како и аудио дисковите но во овој случај за компјутерски податоци. Инаку CD-ROM-овите можат само да читат податоци, патем и се ефтини и доаѓаат најчесто со 650МБ, 700 па мислам дека сум сретнал и 800 мега бајтни дискови.

DVD
Digital Versatile Disc е нов формат, со што конечно се скрши бариерата на обичните дискови па сега може да достигне дури и до 18ГБ еден диск. Ова се дискови со повеќе слоја поточно два? со што во овој случај ласерот се движи на помали површини од обочното CD. Инаку помалите површини се читани од црвен ласер со помала површина.

Green Book стандард
Ова е еден од првите стандарди кои се поставени од Sony и Philips дизајнирани специјално за CD-Interactive. Всушност овој стандард е поставен за да може секој цд-плеер до го прочита секој диск.

High Sierra Format (HSF)
CD-ROM формат кој може да се прочита со различни видови на компјутери, односно како некоја надоградба на ISO9660 форматот.

Hybrid
Диск кои содржи податоци во повеќе од еден формат.

Indexing
Креирање на индекс за да се забраза пребарувањето и примањето на податоци.

Jewel Box
Пластична кутија во која се испорачуваат дисковите.

Magneto Optical (MO)
Ова технологија се користи во повеќето rewritable оптички дискови. Се користи ласер за да загрее магнетната површина со што се создава процес со кој се брише дискот.

Multimedia
Интеграција на звук, слика, видео и анимација. Мултимедијалната презентација се прави за да корисникот полесно се движи низ податоците.

On-the-Fly Recording
Праќање на податоци од диск на диск, без претходно да се креира слика на дискот.

Orange Book Standard
Ова е стандард дефинирана за дисковите на кои може само еднаш да се запишува.

Photo CD
Формат создаден од Кодак за зачувување на компресирани слики на CD-ROM дисковите. Дизајниран за полесно комуницирање со компјутерите.

Physical-Image File
Целосна слика или бит-по-бит слика на сите датотеки кои ќе бидат снимени на CD-R дискот.

Red Book Standard
Ова е првиот компакт диск формат креиран од Sony и Philips. Всушност ги дефинира деловите на дискот кои содржат аудио дата.

White Book Standard
Стандард дизајниран специјално за снимање на MPEG-1 видео.

Yellow Book Standard
Ова е првата екстензија на аудио CD Red Book стандардот.


Автор:Спасовски Дарко <packi@freemail.com.mk>